Експертите се децидни: За квалитетни тероар вина неопходни се современи практики во лозјата и создавање уникатна винска приказна


Македонија располага со голем потенцијал за производство на квалитетни вина со висока додадена вредност, но за тој да се искористи неопходно е да се воведат современи практики во производството на грозје, кои се темелат на научни истражувања и мерења, и да се креира автентична винска приказна за уникатниот тероар на македонските вина. Ова беше клучна […]

Симпозиум „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“


Симпозиум на тема „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“, ќе се одржи денеска во просториите на М6 Едукативен центар во органзиација на винарската визба „Тиквеш“ Симпозиумот што може да се следи и онлајн се организира во рамки на тригодишниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци […]

Виното се избира како партнерот: На вистинско место и во вистинско време, прашајте ги дипломатите


Со виното сме веќе во Европа. Наше, а светско. Бренд со мирис на македонските лозја, почва, сонце, ветер и дожд, вкус, знаење и технологија. Бело, розе или црвено, евтино или скапо, го избирате по ваш вкус и расположение, како што го избирате партнерот, од Балканот или странец, со стил или манири, или мачо, боем во […]

Почина светски познатиот енолог Филип Камби – голем промотор на македонското вино во светот


Филип Камби, еден од најпознатите светски енолози заслужен за развојот на современата винска индустрија, ненадејно почина на 59-годишна возраст. Камби беше и еден од консултантите на Винарската визба „Тиквеш“ и на Chateau De Gourdon во Франција, каде што работеше во повеќе винарници, особено во долината на реката Рона. Соработката помеѓу Камби и „Тиквеш“ започна во […]

На вински натпревари во Италија и Словенија: Пет нови награди за „Тиквеш“ и „Домен Лепово“


Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ освоија пет високи награди на меѓународни специјализирани вински натпревари кои се одржаа во текот на месец јули во Италија и Словенија. На винскиот натпревар „MONDIAL DES VINS EXTREMES“ кој се одржа во Италија, Винарската визба „Тиквеш“ беше наградена со две златни медали за своите врвни вина, „Барово […]

Нов дизајн за популарните „bag-in-box“ вина на „Тиквеш“


Вината „Тиквешко бело“, „Тиквешко црвено“ и „Тиквешко розе“ од 3 литри во „bag-in-box“ пакување на ВВ „Тиквеш“ добија целосно нов дизајн на амбалажата. Новиот изглед на пакувањето ги следи современите пазарни трендови и одговара на специфичните очекувања на љубителите на вино во земјава и регионот. Новиот дизајн на амбалажата беше промовиран на годинешната „Галичка свадба“, […]

Доделени наградите за најдобри млади вина произведени во домашни услови


Здружението на винари на Македонија синоќа во Кавадарци ги додели наградите за најдобри млади вина произведени во домашни услови, во рамките на манифестацијата посветена на младото вино, која се одржа по четврти пат. „Гран при“ на натпреварот освоија Стојан Илиев за розе виното од сортите „сирах“ и „мускат хамбург“ и Зоран Којчев за „вранец“. Претседателот […]