Меј: 25 држави донеле одлука за протерување на руски дипломати


Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави денеска дека досега 25 држави донеле одлука за протерување на руски дипломати поради случајот Скрипал. Таа, исто така, ја истакна одлуката на НАТО да протера седум дипломати од руската мисија во Алијансата. – Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме, изјави Меј во британскиот Парламент. – Тоа не е едноставно […]

Меј: Ги разгледуваме следните чекори во однос на Москва


Лондон- Британската премиерка Тереза Меј соопшти денеска дека ќе ги разгледа следните чекори заедно со своите сојузници, откако Русија соопшти дека ќе протера 23 британски дипломати од земјата во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. За тоа Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења. […]

Тереза Меј го покани Заев на самит во Лондон


Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет денеска на премиерот Зоран Заев му врачи покана од британската премиерка Тереза Меј за Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон во јули следната година во рамки на Берлинскиот процес. Во писмото, британската премиерка нагласува дека целта на Самитот во […]

Британија може да го одложи излезот од ЕУ


Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави дека ќе дозволи излезот од ЕУ да биде одложен, но само при вонредни околности. На овој начин, таа се согласи да предложи измени во законот за Брегзит, со цел да се избегне можен бунт на пратениците против неа. Со измената се предвидува Владата да може, доколку е потребно, да го […]

Меј: Велика Британија сака најдобар можен трговски договор по Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека Лондон работи за да го постигне најдобриот можен трговски договор со Европската унија по излегувањето на Велика Британија од Унијата. „Ќе ја испочитуваме волјата на британскиот народ и ќе го постигнеме најдобриот договор по Брегзит за нашата земја, обезбедувајќи најголем можен пристап до европските пазари, со зголемување на […]

МИ 6: Спречен атентат на Тереза Меј


Британската тајна служба МИ 6 смета дека уапсените подготвувале атентат на Тереза Меј и планирале да постават бомба во седиштето на британскиот влада, на познатата улица Даунинг стрит 10. Осомничените планирале бомбата да ја сокријат во кеса, која требало да ја разнесе вратата на Даунинг стрит и на тој начин атентаторите да влезат во резиденцијата […]

Трамп се откажа од посета на Велика Британија


Американските дипломати се откажаа од плановите за организирање „работна посета” на претседателот на САД, Доналд Трамп на Велика Британија во јануари следната година, како резултат на „вербалната војна“ меѓу него и британската премиерка Тереза Меј, тврди лондонскиот весник „Дејли телеграф“. Весникот пишува дека Трамп планирал да го посети Лондон во првиот месец од 2018 година, […]

Трамп до Меј: Остави ме мене, фокусирај се на исламскиот тероризам во Британија


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, преку социјалната мрежа Твитер, ја повика британската премиерка Тереза Меј да не се занимава со него, туку да се ангажира околу проблемот со радикален исламизам во Британија. Реакцијата на Трамп следи откако Меј и други британски политичари го критикуваа Трамп затоа што на Твитер објави коментари од националистичка британска политичарка […]