Тепачка во угостителски објект во Куманово


 Жител на кумановско и кратовско село и кумановец се степале утрово во кафеана во населбата „Перо Чичо”, соопшти денеска полицијата. – Утрово во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во  населбата Перо Чичо бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.С.(22) од село Лопате, кумановско , […]

Се степале бравари од ЈСП


Во петокот, во 21.45 часот Љ.М.(59) од Скопје, пријавил дека околу 12.30 часот во гаража на ЈСП-Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров додека извршувал работни активности во гаражата на ЈСП, каде бил вработен како бравар, бил нападнат со тврди предмети од страна на Д.А.(исто вработен во ЈСП). Според пријавеното, напаѓачот бил спречен од страна на […]

Сопственик на деловен објект во Куманово нападнат од три лица


Сопственик на деловен објект од Куманово бил нападнат од три лица, соопшти денеска кумановската полиција. Вчера во 17:30 часот во СВР Куманово О.М. (46) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Доне Божинов“ бил физички нападнат од три лица со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Во втор случај, кумановската полиција […]

Се тепале малолетници во Градски парк


Во саботата,  во 23.50 часот З.М.(47) од с.Стајковци-скопско пријавил дека околу 22.10 часот во Градскиот парк неговиот малолетен син и неговите другари биле физички нападнати од група на малолетници. Еден од малолетниците со тврд предмет го удрил неговиот син. Се работи на расчистување на случајот.

Се степале две пензионерки во Чаир


На 13.01.2022 во 15.20 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.К.(71) и Н.К.С.(67), двете од Скопје, на која претходела вербална расправија околу имотно-правни недоразбирања. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

Репрезентативецот Ѓуроски бил повреден во тепачката во Маврово


Членот на кошаркарската репрезентација на Македонија и на Пелистер, Стојан Ѓуровски е еден од повредените во тепачката која вчера се случи на ски терените во Маврово.  Во тепачката учествувале две групи, едната од Гостивар во која бил и Стојан Ѓуроски и неговиот брат заедно со уште две лица и другата група од Косово. На тепачката и […]

По тепачката на ски терени во Маврово приведени осум лица


Осум лица, четворица државјани на Косово и четворица од Гостивар се лишени од слобода откако меѓусебно се степале на терени на ски центарот Маврово. Во тепачката во која биле користени и спортски реквизити, две лица се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за […]

Вознемирувачки фотографии: Ејупи по тепачката во Копривница


Фудбалскиот клуб Славен Белупо објави фотографии од нашиот Музафер Ејупи по тепачката во средата во центарот на Копривница. На нив се гледаат повредите што ги здоби поранешниот македонски репрезентативец. Од полицијата потврдија дека Ејупи бил нападнат, а не оти бил напаѓач. Инцидентот се случи кога фудбалерот во друштво на свој близок се скарал со 53-годишен […]

Македонскиот фудбалер Музафер Ејупи уапсен во Копривница


Македонскиот фудбалер Музафер Ејупи (31) е уапсен во Копривница по тепачка во која тешко е повреден 53-годишен маж. Хрватските медиуми пишуваат дека целиот град зборува за тепачката што се случила во средата во попладневните часови. Фудбалерот на Славен Белупо бил во друштво на својот пријател, кој влегол во конфликт со повозрасен маж. Се придружил во […]

Физичка пресметка во угостителски објект во Кавадарци


Физичка пресметка се случила синоќа во угостителски објект во Кавадарци, се расчистува случајот, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. -Во 23 часот било пријавено дека во угостителски објект во Кавадарци дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М. П. (43) од Крива Паланка, И. Ѓ. (43) од Кавадарци и […]

Тепачка на средношколци во автобус на ЈСП, приведени неколкумина


Неколку средношколци попладнево се степаа во автобус број 5 на ЈСП кој сообраќал на булеварот „Теодосиј Гологанов“ кон Центар, јавува МИА. – Нема оштетувања на автобусот, ниту повредени патници, потврдија од ЈСП. Инцидентот во ЈСП е пријавен во 14:30 часот, а како што информираа оттаму, случајот го презема Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат […]

Седум момчиња се истепале пред училиште во Скопје


Вчераутро се случила тепачка во близина на ДСУ „Браќа Миладиновци“, а две лица биле повредени во пресметката. Како што пренесе МВР, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. „На 04.02.2019 година околу 09.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул. Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево […]

Роби Телекабел учесник во тепачка во штипска дискотека


Сопственикот на Телекабел и ТВ 24, Роберт Димитров синоќа учествувал во тепачка во штипската дискотека „Клик“. Од МВР велат дека Димитров со шише го удрил лицето А.П. неколкупати во пределот на главата. „Во СВР Штип пријавено е дека на 21.10.2018 во 02:55 часот во дискотека Клик во Штип Р.Д. (45) држејќи стаклено шише се доближил […]

Во Штип пијан возач удрил во тезга, па дошло до тепачка


Пијан возач вчера во Штип удрил во тезга по што дошло до тепачка меѓу предизвикувачот на соообраќајката и двајцата негови сопатници со тезгаџијата и негови двајца роднини. Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 19 часот, а се случила на крстосницата од улиците „Мирче Ацев“ и „Вита Поп Јорданова“ кога 26-годишниот возач под дејство […]

Маж во ресторан во Скопје претепан од четири лица


Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје. Лицето В.С.(49) од Скопје како гостин во ресторан по вербална расправија со келнерот З.С.(35) физички бил нападнат од него, како и од три лица надвор од ресторанот. Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во ресторан на улица „Македонија“. Се преземаат мерки за […]

Учесник во тепачка во Радовиш одзел пиштол од полицаец


 Во тепачка што се случила вчера пред Полициската станица во Радовиш, еден од учесниците при турканицата која настанала,  одзел пиштол од полицаец кој сакал да го спречи насилството и се заканил дека ќе го употреби. Пиштолот веднаш му бил одземен од полицискиот службеник. Откако вчера околу 17:50 часот пред влезот на станицата настанала тепачка помеѓу […]

(Видео) Тепачка во косовското Собрание


Пратеникот на Демократската партија на Косово (ПДК) во косовското Собрание, Џавит Халити денеска за време на собраниската расправа го удри неговиот колега од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши. Како што јавија приштинските медиуми, посериозен инцидент спречиле останатите пратеници. Ден по нивната жестоката вербална расправија на парламентарната  седница, Халити, кој е еден од основачите […]

Тепачка по недоразбирање во сообраќајот на „Приштинска“ во Скопје


Четириесет и седумгодишен скопјанец вчера бил нападнат од група од околу 10 лица на ул. „Приштинска“ во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22.10 часот во Полициската станица Чаир, Т.А. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот на улицата „Приштинска“ физички бил нападнат од група […]

Шестмина приведени поради тепачка во кабаре во Охрид


Полицијата синоќа привела шест лица кои предизвикале тепачка во кабаре во Охрид. Инцидентот се случил околу два часот по полноќ во кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид. На тепачката и претходела вербална расправија што потоа преминала во физичка пресметка во која учествувале И.Ј.(34) од Охрид од една и И.М.(31) од селото Белчишта, Н.М. од […]

Тепачка меѓу две семејства во Струмица, интервенира полицијата


Три полициски автомобили, едно комбе и десетина полицајци попладнево по 15 часот интервенираа во Турското маало во Струмица. Според првичните информации на влезот во маалото дошло до тепачка меѓу две семејства при што биле употребени и секири. Очевидци раскажуваат дека до пресметка дошло поради расправија за место за продажба, а според други, пак, поради недоразбирање […]