Нови докази од СЈО за луксузниот мерцедес


Специјалното јавно обвинителство поднесе нови докази за случајот „Тенк“, за кои на денешното рочиште судот треба да се произнесе. Одбраната, пак, е против да се разгледаат доставените нови докази. По дебатата во судницата и инсистирањето на СЈО дека станува збор за битни докази кои треба да бидат прифатени од судот, беше дадена пауза за да […]

Груевски не сака да се брани за „мерцедесот“


  Поранешниот премиер Никола Груевски одби да даде одбрана за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е очигледно оти нема негова вина со набавката на блиндираниот „мерцедес“, односно по изведувањето на доказите на Обвинителството и на одбраната, произлегува дека не го сторил делото за кое што е обвинет. „Согласно поуката […]

Судењето за „Тенк“ продолжува на 14 мај


Предметот на СЈО „Тенк“ продолжува на 14 мај со изнесување на завршни зборови на инволвираните во овој судски процес. На денешното рочиште што траеше речиси шест часа, одбраната бараше изземање на специјалните јавни обвинители. По барањата на адвокатите на одбраната за изземање на обвинителите, за кои обвинителот на СЈО Стевчо Донев до Судот достави известување од специјалната обвинителка […]

Одбиено барањето за изземање на обвинителите на СЈО во „Тенк“


Обвинителот на СЈО Стевчо Донев на попладневното продолжение на рочиштето за предметот „Тенк“ до судот достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристовска. Донев рече дека барањето на адвокатите за изземање на обвинителите е со цел да се одложува […]

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април


Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази. Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да ги […]

Вработени во МВР сведочат во „Тенк“, Урко не дојде на рочиштето


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Тенк“ исказ даваат осуммина сведоци вработени во Министерството за внатрешни работи. Во Судот иако беше најавен не дојде да сведочи Дејан Митревски – Урко, кој беше еден период шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски. Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во […]

Груевски: „Тенк“ е бесмислен и апсурден предмет


Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Тенк“ се пожали дека и денеска судењето траеше по завршување на работното време. – И денеска, иако не толку како што во претходни прилики што се случуваше судењата да траат по 11 часа, Судот надвор од работното време го продолжи судењето без да образложи зошто […]

Единаесетте сведоци на одбраната во „Тенк“ пет часа даваа искази во суд


 Единаесетте сведоци на одбраната во случајот „Тенк“ денеска пет часа даваа искази во Кривичниот суд. Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности. Сведокот Данчо Петров, кој бил член на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека […]

Предметот „Тенк”, Јордановски: Мерцедесот често пати бил во дефект


По кусата пауза, попладнево продолжи рочиштето за „Тенк“. Во моментов сведочи осмиот сведок Ивица Јордановски, вработен во МВР, кој бил задолжен за „мерцедесот“ во кој се возел поранешниот премиер Никола Груевски. Рече дека „мерцедесот“ бил стар, произведен 1999 година и дека често пати бил во дефект. – Откажуваа сопирачките, климата, амортизацијата и кога ќе го […]

Возачот и членови на обезбедувањето на Груевски сведочат во „Тенк“


Денешното рочиште за случајот „Тенк“ почна со сослушување на сведокот Љупчо Цековски, вработен  во МВР.  Покрај него денеска како сведоци на одбраната во Судот се присутни уште 10 лица, како и обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски. Гордана Јанкуловска не е присутна, бидејќи на минатото рочиште за неа беше издвоена постапката поради ризична бременост. Сведокот Љупчо […]

Продолжи судењето на Груевски за мерцедесот


Денеска во кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, во кој се обвинети експремиерот Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. На минатото рочиште судот одлучи на Јанкулоска да ѝ […]

На Јанкулоска за „Тенк“ ќе и се суди во одвоена постапка


Кривичниот суд денеска донесе одлука да ја раздвои постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарска потврда, во која е наведено дека […]

Следната среда ново рочиште за „Тенк“


Во Кривичниот суд по скоро седум часа попладнево заврши рочиште за случајот „Тенк“ на кое беа сослушувани тројца сведоци. Ново рочиште е закажано за следната среда, кога искази ќе даваат осум сведоци. Судот денеска го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување […]

Груевски: Вакви монтирани судења не се паметат од почетокот на 20-иот век


Екс премиерот Никола Груевски и денеска беше на судење наместо на интерпелација. Груевски мораше да се појави на судското рочиште Тенк, бидејќи судот одби тој денеска да биде слободен. “Ова политичка судска хајка конкурира за најголема политичка судска хајка. Вакви монтирани и политички судења не се паметат од почетокот на 20-иот век, ни во турско, […]

Судот го одби барањето на одбраната за целосно читање на содржината на доказите во случајот „Тенк“


Судот го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување на доказите од одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кои се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ […]

Во Кривичен се слушаа прислушувани разговори за набавката на луксузниот мерцедес


Рочиштето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој се однесува на набавката на владиниот мерцедес,  за кое вечерва  во Кривичниот суд Скопје се  слушаа прислушувани разговори, ќе продолжи утре во 10:30 часот. Прислушуваните разговори се доказ за судењето, а беа пуштени  во судницата откако беа одбиени приговорите на одбраната на обвинетите. Претходно денеска […]

Груевски: Против мене се води политички процес


Ова е политички процес против мене како и сите други обвиненија на СЈО, рече поранешниот премиер, Никола Груевски, на денешното рочиште за случајот „Тенк“, односно набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, за што покрај него, обвинети се и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. Реагираше судијката […]

„Тенк“ продлжува во петок, одбиени сите приговори на одбраната на Груевски


Судечкиот совет ги одби сите приговори на одбраната во случајот „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „Мерцедес“ од 600 илјади евра. Обвинетите нема да ги добијат прислушуваните материјали во аудио форма и тие во овој предмет ќе […]