АТП на тенисерите ќе им подели 12,2 милиони долари заработени од Мастерс турнирите


Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП), извести за тоа како напредува имплементацијата на стратегијата за споделување профит помеѓу турнирите и играчите. Годинава организацијата ќе подели бонуси од 12,2 милиони долари меѓу играчите. Ова е половина од профитот од деветте Мастерси во 2022 година. Парите ќе бидат распределени меѓу сите учесници на Мастерс турнирите, во зависност од […]

Бризбен се враќа во тенискиот календар


Турнирот во Бризбен ќе се врати од идната година во календарот на АТП, првпат од 2020. и повторно ќе им служи на играчите како подготовка за настап на Австралија Опен. Своето прво издание турнирот во Бризбен го имаше во 2009 година и привлече голем број навивачи, а меѓу освојувачите на трофејот на овој турнир беа […]

Ивановски со најдобар АТП ранкинг во кариерата


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски од денеска го има најдобриот ранг во кариерата и се наоѓа на 362. место во сингл на АТП листата. Ивановски напредуваше 50 места со вкупно 131 поени или 24 повеќе во однос на претходната недела, што се должи на неодамнешниот триумф на фјучерсот во Скопје. Втор македонски играч на ранг-листата […]

Надал го пропушта мастерсот во Рим


 Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе го пропушти претстојниот мастерс турнир во Рим бидејќи и натаму има проблеми со повредата на колкот. „Жал ми е што морам да соопштам дека нема да можам да бидам во Рим. Сите знаете колку ме боли што морам да пропуштам уште еден турнир кој има посебно место во мојата кариера […]

Ивановски напредува на АТП листата, прв пат меѓу најдобрите 500 тенисери


 Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи да се искачува на АТП ранг-листата на која од денеска за прв пат во кариера се наоѓа меѓу најдобрите 500 тенисери. Младиот 18-годишен Ивановски на најновата ранг-листа е позициониран на 494 место, напредувајќи за десет места во однос на претходното рангирање. Ивановски изминатиот период настапи на четири фјучерс турнири во Тунис, на кои два пати дојде до […]

Осака објави дека е бремена


  Јапонската тенисерка Наоми Осака денеска ја објасни причината поради која во неделата навести дека нема да настапи на претстојниот Австралија опен, објавувајќи преку социјалните мрежи дека е бремена. Јапонската 25-годишна тенисерка постираше на Твитер слика од бебе на ултразвук со порака „Едвај чекам да се вратам на теренот, но еве малку новости за 2023“. […]

АТП: Британската федерација казнета со еден милион долари


 Здружението на тениски професионалци (АТП) изрече казна во износ од еден милион долари на Тениската федерација на Велика Британија (ЛТА) поради забраната за настап на руски и белоруски играчи на годинешниот Вимблдон и други АТП турнири одржани оваа година на британска територија. Забраната на ЛТА беше образложена ро руската инвазија врз Украина која почна во […]

Швјонтек е првата тенисерка од 2017 година со 60 победи во една сезона


  Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Русинката Екатерина Александрова во полуфиналето на турнирот во Острава (Чешка). Дваесет и едногодишната Швјонтек стана првата тенисерка од 2017 година со 60 победи во една сезона. Последен пат ваква серија имаше Каролин Вознијацки од Данска. Во 2022 година, Швјонтек освои седум трофеи, вклучувајќи ги и Грен слем титулите […]

Федерер го одигра последниот меч во величествената кариера, емотивна разделба со натпреварите


Роџер Федерер (41), швајцарскиот тенисер и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, го одигра последниот меч во кариерата. Тој го одигра во двојки заедно со својот најголем ривал Рафаел Надал и се прости од натпреварувањата во тенис со пораз од Џек Сок и Френсис Тиафо (4:6, 7:6, 11:9) на Лејвер купот во Лондон. […]

Федерер вечерва се збогува со тенисот 


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон ќе стави точка на професионалната кариера и својот последен натперавр ќе го одигра во двојки со големиот ривал Рафаел Надал.  Федерер и Надал ќе настапат во Тимот на Европа против Тимот на Светот, чија двојка ја сочинуваат американските тенисери Џек Сок и Френсис Тијафо, а […]

Надал по елиминацијата на УС Опен: Мораш да бидеш брз и многу млад, а јас не можам да го задржам тоа темпо


  Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде свое видување за поразот во четвртото коло на УС Опен од Френсис Тиафо (4:6, 6:4, 4:6, 3:6). – Одиграв лош натпревар, а тој одигра многу добро. Мора да си брз и многу млад, но не можам повеќе да го задржам тоа темпо. Нема да барам изговори. Отидов во четвртото […]

Серена Вилијамс најави крај на натпреварувачката кариера


Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето неизбежно пензионирање. – Мислам дека веќе има светло на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… Едвај чекам да дојдам до таа светлина. Што подразбирам под светлина? Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш, ја цитира Вилијамс „Еуроспорт“. […]

На Кириос „му треба Сигмунд Фројд“, вели Мекинро


Англија- Трикратниот шампион на Вимблдон, Џон Мекинро, изјави во вторникот дека на контроверзниот Австралиец Ник Кириос „му треба Сигмунд Фројд“ за да ги среди „демоните“ во неговата игра. Кириос издлаби понекогаш возбудлив, често контроверзен пат до финалето во Ол Ингланд Клуб каде што загуби во четири сета во неделата од Новак Ѓоковиќ. Во низа испади, […]

Федерер отпадна од АТП ранг-листата за прв пат по четвртина век


Англија – Роџер Федерер целосно испадна од АТП ранг-листата за прв пат по четвртина век во понеделникот, додека Новак Ѓоковиќ падна за четири места на 7-то еден ден откако го освои Вимблдон по седми пат. Федерер се појавуваше на ранг-листата во сингл секоја недела откако го имаше своето деби на 16-годишна возраст во септември 1997 […]

Вимблдон: Кирјос обвинет за напад на неговата поранешна девојка, мора да се појави на суд


Англија– Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјос е обвинет за напад на неговата поранешна девојка Кјара Пасари во Канбера кон крајот на минатата година, и е повикан да се појави на суд. Полицијата на австралиската престолнина територија потврди за Canberra Times дека Кирјос е обвинет и дека ќе се појави на суд на почетокот на следниот […]

Кирјос се пласираше во четвртфинале на Вимблдон


Англија– Австралискиот тенисер со грчки корени Ник Кирјос се пласираше во четвртфинале на Вимблдон, откако во возбудлив натпревар го победи Американецот Брендон Накашима со 3-2 во сетови, односно 4-6, 6-4, 7-6, 3-6 и 6-2. Ова е второ четвртфинале во кариерата за Кирјос, откако до таков успех стигна и пред осум години, а следен противник ќе […]

Македонија во група со Јужна Африка, Боцвана и Уганда. Почнува тенискиот куп Били Џин Кинг


  Започнува Купот Billie Jean King (поранешен Фед Куп) Група 3 од Евроафриканската зона. Натпреварите ќе се играат на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Градскиот парк. Ќе земат учество голем број на тенисерки од различни земји во светот, кои ќе се надигруваат во 4 групи. Северна Македонија е во Ц групата заедно со Јужна Африка, […]

Корне ја прекина серијата на Швјонтек од 37 натпревари без пораз


Англија – Дојде крај на серијата на полската тенисерка Ига Швјонтек која 37 натпревари не знаеше за пораз. Вечерва за сензација на Вимблдон се погрижи француската тенисерка Ализе Корне која во 1/16финалето ја совлада Швјонтек со 2-0, по сетови 6:4, 6:2. Корне сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше пет од шест брејк топки. […]

Ѓоковиќ не се ракуваше со судијата од Австралија по победата над Кецмановиќ


Англија- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ја објасни ситуацијата по мечот со сонародникот Миомир Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон (6:0, 6:3, 6:4). Ѓоковиќ по завршувањето на мечот отиде на мрежа и се поздрави со Кецмановиќ, но не го стори тоа и со главниот судија од Австралија. – Навистина не се ракував? Ах, па затоа ме […]

Во јули, елитен женски тенис во Скопје, ќе се игра купот „Били Џин Кинг“


По двата турнири во машка конкуренција, тениското лето во Скопје ќе се заокружи со одржување на купот „Били Џин Кинг“ во женска конкуренција. Туринирот започнува на 5 јули, а ќе биде одржан на терените на тенискиот клуб Југ во Градскиот парк. Купот „Billie Jean King“ (поранешен Фед Куп) во Групата 3 од Евроафриканската зона ќе […]