Тендерот за реагенси голем товар за власта


Следната недела по евалуацијата ќе се знае дали ќе биде поништен 36-милионскиот тендер за набавка на реагенси. Јавноста беше преплавена од реакции откако се дозна дека меѓународната компанија „Абот“ конкурирала со подизведувач, фирмата „АХР ЛАБ ДООЕЛ“ формирана пред четири месеци. Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера уверуваше дека Министерството уште не склучило договор и дека […]

Обвинителството го истражува тендерот за иновации


Контроверзниот тендер за иновации и технолошки развој стигна и во рацете на Основното јавно обвинителство. Од таму велат дека ќе се испитуваат евентуалните злоупотреби. „По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на […]

Филипче го поништи тендерот за набавка на реагенси


Поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација, одлучивме тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи да ја прекинеме. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека на тендерот се јавила само една фирма и дека во овој […]

Медарски: Немам никаква врска со фирмата од тендерот за реагенси


Мојата адвокатска канцеларија нема никаква поврзаност со фирмата што конкурирала на тендерот и одговорно тврдам дека таа фирма, нејзините основачи, управител и вработени никогаш не сум ги застапувал, ниту пак лично познавам било кој од нив, реагира адвокатот Филип Медарски. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ праша дали е случајно тоа што единствената компанија што конкурирала на тендерот за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да отвори истрага за тендерот во здравството


Срамно и тажно е да се гледа како СДСМ и министерот Венко Филипче се обидуваат да го оправдаат криминалот и милионскиот скандал во здравството, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. „Никој не му верува на Филипче дека не знаел која е единствената фирма што учествувала на тендерот, ниту пак убеди некого дека не знаел дека таа се формирала […]

Камиловски: Раскинете го скапиот, сомнителен и штетен тендер во здравството


Jавното здравство тоне во скандали. Наместо животот и здравјето на пациентите како и подобрување на условите на работа на докторите и медицинскиот персонал, сомнителните бизнис зделки станаа главна реформа на оваа влада, министерот за здравство и СДСМ, обвини Виктор Камиловски од ВМРО-ДПМНЕ. – Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот […]

„Секјуриком“: Ниту еднаш не сме ја злоупотребиле својата позиција


Групацијата „Секјуриком“ ги оценува како неосновани обвинувањата дека влијаеле за некој тендер и дека злоупотребиле положба со што би стекнале противправна имотна корист. – Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Она кое е важно да се напомене е дека […]

До крајот на февруари, ЕЛЕМ со тендер за купување сопствена механизација


АД ЕЛЕМ денеска соопшти дека во завршна фаза е тендерската документација за купување на сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола со што ќе се елиминира или ќе се сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми. Според направената физибилити студија од страна на Секторот за развој и инвестици во РЕК Битола, за целосна […]