Маск: Твитер ја одложува новата верзија на сината ознака


  Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, во понеделникот изјави дека социјалната платформа го одложува повторното лансирање на услугата за претплата на сини ознаки, која се издава како потврда за автентичноста на профилот. „Го одложуваме рестартирањето на ‘Blue Verified’ додека не бидеме многу уверени дека нема да има имитирање“, напиша Маск на Твитер. „Веројатно ќе […]

Прво отпушти половина од луѓето во Твитер, а сега Илон Маск со нов ултиматум до вработените


  Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, им дал ултиматум на своите вработени во интерна електронска порака да се „посветат на напорна работа“ или да ја напуштат компанијата, објави Си-Ен-Ен. „За да го изградиме револуционерниот Twitter 2.0 и да успееме во сè поконкурентен свет, ќе мора да бидеме многу посветени“, напиша Маск. „Ова значи дека […]

Хаос на Твитер по воведувањето на „сината штикла“


Бранот нови платени таканаречени „blue tick” или (сина штикла) профили кои лажно се претставуваат како влијателни поединци и брендови доведе до сеопшт хаос на Твитер. Тие лажни „проверени“ налози (сината штикла означува дека налогот е проверен) со имиња на политичари, славни сличности, големи организации и компании, почнаа да се појавуваат на оваа социјална мрежа во […]

Американските регулатори загрижени за случувањата во Твитер


  Бурното преземање на Твитер од страна на Илон Маск и вчера продолжи да предизвикува конфузија во јавноста и посебно во неговата нова фирма, по оставките на првите луѓе на оваа социјална мрежа и реткото предупредување од американската антимонополска агенција (FTC). -Со голема загриженост ги следиме најновите случувања на Твитер. Ниту еден извршен директор или […]

Бајден: Треба да се обрне внимание на поврзаноста на Маск со други земји


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се разгледа улогата на странските инвеститори во финансирањето на милијардерот Илон Маск при купувањето на Твитер за 44 милијарди долари. Бајден смета дека поврзаноста на Маск со странските инвеститори треба да се провери. Американскиот претседател ова го изјави одговарајќи на прашање за време на прес-конференција дали акциите на сопственикот на Тесла со […]

Корисниците масовно го напуштаат Твитер


  Голем број корисници на Твитер не се задоволни како Елон Маск управува со платформата, ни со промените кои милијардерот ги внесува во сервисот, па се во потрага по алтернативни платформи. Радикалните потези на Маск, по преземањето на Твитер (отпуштање голем број вработени, воведување задолжителни претплати за верификација на налозите, најава за враќање на блокирани […]

Корисници на Твитер се префрлаат на Мастодон – а што е тоа?


  По преземањето на Твитер од страна на Илон Маск, некои корисници бараат алтернативни платформи. Еден од најголемите корисници е Мастодон. Но, што е тоа? Социјалната мрежа вели дека сега има над 655.000 корисници – а 230.000 се приклучиле само во последната недела. На површината Мастодон изгледа како Твитер – корисниците на профилите пишуваат објави […]

Бајден: Твитер шири лаги низ целиот свет


  Американскиот претседател Џо Бајден синоќа оцени дека Илон Маск ја купил платформата за социјални медиуми Твитер за да шири лаги низ светот. Твитер вчера отпушти половина од персоналот, но соопшти дека скусувањата се помали во тимот одговорен за спречување на ширење на дезинформации. Ова доаѓа откако огласувачите се повлекоа поради загриженоста за управувањето со […]

Твитер отпушти половина од вработените


  Твитер отпушти 50 отсто од своите вработени, објави компанијата, наведувајќи дека тоа нема да влијае на квалитетот на модерирањето на содржината на социјалната мрежа. Директорот за безбедност и интегритет на Твитер, Џоел Рот, рече дека 15 отсто од вработените во неговиот оддел, кој е одговорен за спречување на ширење дезинформации и штетна содржина, биле […]

Трамп е „многу среќен што Твитер сега е во разумни раце“


  Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп го поздрави преземањето на Твитер од страна на Илон Маск, изјавувајќи денеска на својата социјална мрежа Трут соушл, дека е „многу среќен што Твитер сега е во разумни раце“. Трут соушл е многу помала копија на Твитер. По преземањето, Илон Маск вети дека ќе го одмрзне на неодредено […]

„Птицата ќе лета според нашите правила“: ЕУ му одговори на Илон Маск


  Илон Маск сега е сопственик на Твитер, но ЕУ внимателно гледа самонаречениот „апсолутист за слободен говор“ да не ја претвори страницата на социјалните мрежи во платформа за говор на омраза. Откако Маск напиша на Твитер „птицата е ослободена“, комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон одговори со емоџи со бранови и „Во Европа, птицата ќе […]

„Птицата е ослободена“, твитна Маск по преземањето на Твитер


Американскиот милијардер Илон Маск утринава на Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите, објави дека и официјално станал сопственик на социјалната мрежа – „птицата е ослободена“. По преземањето на Твитер, Маск само накратко напиша: „птицата е ослободена“, без никаков друг коментар. Тој претходно по преземањето на Твитер објави дека сака да ги „победи“ спам-ботовите и јавно […]

Маск мора да склучи договор со Твитер до петок


  Илон Маск, извршен директор на „Тесла“, има рок до петок во 17 часот по средноевропско време да го затвори купувањето на Твитер од 44 милијарди долари или да се соочи со судење, кое претходно беше одложено за да им се овозможи на двете страни да постигнат договор. Одбројувањето на високите влогови доаѓа по повеќемесечна […]

Илон Маск им кажал на инвеститорите дека планира да отпушти 75 отсто од вработените на Твитер


  Илон Маск им рекол на потенцијалните инвеститори дека планира да елиминира речиси 75 отсто од персоналот на Твитер како дел од неговиот договор за преземање на компанијата за социјални медиуми, објави во четвртокот Вашингтон пост. Во следните месеци се очекуваат кратење на работните места, без разлика кој е сопственик на компанијата, се наведува во […]

Против Маск покрената истрага за неговите постапки во врска со Твитер


  Американските федерални власти покренаа истрага против американскиот милијардер Илон Маск поради неговото однесување при преземањето на компанијата Твитер, се наведува во судскиот поднесок. Иако е наведено дека е под истрага, не е точно прецизирано кој е фокусот на истрагата и кои федерални власти ја спроведуваат. Маск побара од судијата минатата недела да го одложи неговиот процес со Твитер […]

Маск со нов предлог за купување на Твитер


  Илон Маск денеска повторно доставил предлог за купување на акции од компанијата Твитер, објави „Блумберг њуз“ повикувајќи се на неименувани извори. Тргувањето со акциите на Твитер беше прекинато по информациите дека Маск ќе продолжи со купувањето на компанијата. Пред неколку месеци Маск понуди договор за купување на компанијата, вреден 44 милијарди долари и оттогаш води правни […]

Свиркач ги открива мрачните тајни на Твитер, го лажеле Илон Маск за ботовите


  Поранешниот шеф за безбедност на Твитер стана свиркач и сведочеше дека компанијата ги заведувала корисниците и американските регулатори за нејзините безбедносни пропусти. Пејтер Затко тврди дека Твитер потценил колку лажни и спам сметки има на неговата платформа. Обвиненијата би можеле да влијаат на правната битка меѓу Твитер и милијардерот Илон Маск, кој се обидува […]

Десетици илјади корисници без пристап до Твитер


Најмалку десетици илјади корисници низ светот попладнево не можеа да се вклучат на социјалната мрежа Твитер, јави Скај њуз. При обид да се вклучат, страницата покажуваше знак за грешка и бараше од корисниците да се обидат повторно. Ова е прв голем прекин на Твитер по проблемите во САД во февруари поради техничка грешка. На 4 […]

Обвинителството го следи случајот со телефонските броеви на пратеници кои осамнаа на Твитер


Службените телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција осамнаа на Твитер, со повик до граѓаните : „Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“. Ваквата објава на приватен профил на еден од корисниците се случува во пресрет на денешната собраниска седница на која што треба да се разгледува францускиот предлог со кој треба да се тргне бугарското вето […]

Пиши-бриши на Твитер профилот на Урсула фон дер Лајен: прво „северномакедонски“, па го снема


  Најавата на профилот на Твитер на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека утре доаѓа во Скопје и дека ќе се сретне со „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски“ создаде инстантна голема бура во јавноста. Невнимание или не, ненамерен пропуст на луѓето што го администрираат овој профил или навестување на […]