Откажани летови, евакуирани жители поради тајфун на јапонскиот остров Окинава (Видео)


Летови се откажани, а на десетици илјади луѓе им е советувано да се евакуираат, бидејќи моќниот тајфун Ханун се приближува до островот Окинава, кој се заканува со поројни дождови и силни ветрови. На жителите во дел од тропската префектура им е препорачано да се евакуираат бидејќи бурата, со предвидени налети на ветер до 233 километри […]

Јапонските власти побараа евакуација на стотици илјади жители заради тајфунот Ханун


Јапонските власти денеска побараа од стотици илјади жители на префектурата Окинава, во јужниот дел на земјата, да се евакуираат на безбедно додека се приближува тајфунот Ханун.  Откажани се и стотици летови, јавија француските медиуми. Неколку градови во префектурата Окинава, која опфаќа голем број острови, утринава издадоа изборна наредба за евакуација. Тајфунот Хунан се движи низ […]

Бајден прогласи вонредна состојба: Oколу 6.800 американски војници во Гуам, пред налетот на тајфунот


Војската на САД испрати бродови, а претседателот Џо Бајден прогласи вонредна состојба, додека секој што не живее во цврст дом е повикан да побара засолниште пред тајфунот, кој се прогнозира да пристигне како бура од четврта категорија со налети на околу 225 километри на час, но и дека евентуално би можела да се засили до […]

Едно лице загина, 60 се повредени во тропската бура во Јапонија


Најмалку едно лице загина, едно е исчезнато, а најмалку 60 се повредени откако тропската бура Нанмадој го погоди југозападниот дел на Јапонија и се упати кон север кон Токио. Улиците беа преплавени со матна вода од реките, а многу домаќинства останаа без струја кога тајфунот Нанмадој вчера го погоди регионот Кјушу. Еден човек е пронајден […]

На Јапонија и се приближува супертајфунот Нанмадол


Јапонската метеоролошка служба апелира на евакуација на жителите на јужниот остров Кјушу пред пристигнувањето на супертајфунот Нанмадол. Според Заедничкиот центар на американската морнарица за предупредување од опасни тајфуни, Нанмадол би можел да прерасне во најразорна тропска бура, што ја погодила Јапонија во изминатите неколку децении. Јапонската метеоролошка агенција објави дека вечерва може да издаде „специјално […]

Десет лица загинаа во налетот на тајфун во Јужна Кореја


Десет лица загинаа во тајфунот што го погоди јужниот брег на Јужна Кореја, го соопштија утринава локалните власти новиот биланс на загинати. Тајфун пропратен со обилни врнежи ја погоди Јужна Кореја на почетокот на неделата. Се верува дека тоа е најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните децении. Повеќе од 4.700 луѓе беа принудени […]

Во Јужна Кореја евакуирани илјадници луѓе поради тајфунот Хинамнор


  Околу 3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради налетот на тајфунот Хинамнор врз Јужна Кореја. Тропскиот циклон, пропратен со силен ветер и врнежи од дожд утрово стигна до јужниот брег на Јужна Кореја, што предизвика поплави и лизгање на земјиштето. На јужниот остров Џеџу оштетени се неколку згради и друга инфраструктура. […]

Бројот на жртви од тајфунот на Филипини се искачи на 375, преживеаните молат за вода и храна


Најмалку 375 луѓе загинаа, повеќе од 500 се повредени, а 56 се водат како исчезнати, по тајфунот Раи, кој ги погоди Филипините. Околу 380.000 луѓе ја напуштија областа поради невремето, кое го погоди архипелагот во четвртокот. Преживеаните бараат залихи на вода и храна, пишува Гардијан. Тајфунот корнеше покриви и дрвја, уништи куќи и поплави помали […]

Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините


Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти. Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата […]

Бројот на загинати во тајфунот на Филипините се искачи на 142


Бројот на загинати во најсилниот тајфун оваа година кој ги опустоши Филипините порасна на 142, објавија надлежните. Најмногу починати има во покраината Бохол, сместена на истоимениот остров – дури 72. Гувернерот на оваа покраина предупреди на криза со снабдувањето, па повика на донации за елекртични генератори за да с еовозможи работа на станицата за полнење […]

Над 20 загинати во тајфун на Филипините


Најмалку 20 луѓе загинаа во налетот на супертајфунот Раи на Флипините, утрово го соопшти локалната служба за итни случаи новиот биланс. Повеќе од 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот, кога ветерот на островот Сијарго достигна 195 километри на час. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат 18.000 припадници на армијата, крајбрежната […]

Најмалку 12 загинати во супер тајфунот Раи на Филипините


Најмалку 12 лица загинаа во налетот на супер тајфунот Раи на Филипините, соопшти денеска локалната служба за вонредни состојби.   Повеќе од 300.000 луѓе вчера ги напуштија своите домови, а околу 18.000 и денеска се во засолништа.   Тајфунот Раи стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација.   Метеоролозите најавија дека тајфунот во текот […]

Тајфунот Мангкут уби 64 лица на Филипини


Моќниот тајфун Мангкут денеска ја погоди јужната кинеска покраина Гуангдунг, откако беснееше на Филипини, носејќи со себе силни ветрови и дожд, поради што најмалку 64 лица го загубија животот, но се стравува и дека уште десетици лица се затрупани под земјата од многуте свлечишта кои ги предизвика тајфунот. Над 2,4 милиони лица денеска се евакуирани […]

(ВИДЕО) Моќниот тајфун Мангхут ги погоди Филипини


Моќниот тајфун Мангхут ги погоди Филипините, соопштија  локалните метеоролошки служби. Невремето беснее на североисточното крајбрежје на земјата со ветер со брзина од 205 километри на час. Тајфунот дошол на копно во 01,40 часот, во сабота, по локално време, во реонот на крајбрежниот град Багао во провинцијата Кагајан. Областа е подложна на поплави и лизгање на […]