Родителите на жртвите во Тајланд му простија на таткото на 14-годишниот убиец


Кога родителите на најмладата жртва од минатонеделното пукање во училиште во Тајланд пристигнаа во храм северно од Бангкок, другите родители им се приближија во солзи за да им изразат тивко сочувство пред да започнат молитвите пред одарот на 12-годишното девојче. Во еден момент, атмосферата се промени. Се појави еден маж, падна на колена и почна […]

Најмалку седум мртви во пукотница во тајландско училиште (видео)


Најмалку седум лица се убиени, а уште неколку се повредени во пукотница во училиште во Тајланд, објавија локалните медиуми во петокот. Според весникот „Каосод“, повикувајќи се на локалните власти за управување со катастрофи, меѓу загинатите веројатно се тројца наставници, тројца ученици и еден малолетник напаѓач. Мотивот за нападот сè уште не е познат. Се верува […]

Почина тајландската принцеза Бајракитијабха по три години минати во кома


Тајландската принцеза Бајракитијабха, најстарата ќерка на кралот Маха Ваџиралонгкорн, почина на 47-годишна возраст, соопшти кралскиот двор. Принцезата, позната во Тајланд како „Ба“, починала мирно во Меморијалната болница „Крал Чулалонгкорн“ во Бангкок, по повеќе од три години поминати во кома откако колабираше во декември 2022 година. Нејзината здравствена состојба значително се влоши во мај годинава. Според […]

Тајландскиот премиер се закани дека ќе ја затвори границата со соседна Камбоџа и ќе изгради ѕид на неа


Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул изјави дека ќе изгради ѕид на границата со соседна Камбоџа и ќе ја држи границата затворена по неочекувано големата победа на неговата партија Бхумџаитаи на општите избори. Во телевизиско обраќање, тој исто така наведе дека сака да формира влада со силно мнозинство и оти во моментов ги очекува конечните резултати од […]

Кран падна врз воз во движење: Десетици повредени, има и мртви


Најмалку 22 лица загинаа кога градежен кран падна врз воз во движење во Тајланд денес, соопшти тајландската полиција. Според извештаите, 79 лица се повредени, од кои осум имаат сериозни повреди. „Инцидентот се случил околу девет часот наутро, по локално време, додека се работело на изградба на брза железничка линија. Градежен кран се урна врз воз […]

Тајланд ослободи 18 камбоџански војници според новиот договор за прекин на огно


Тајланд ослободи 18 камбоџански војници денеска според обновениот договор за прекин на огнот што двете земји го договорија за време на викендот, соопштија властите во двете земји. Портпаролот на Министерството за одбрана на Камбоџа, Мали Сочеат, изјави дека војниците биле префрлени на граничен контролен пункт денеска во 10 часот по локално време, по 155 дена […]

Тајланд ja нападна Камбоџа!


Тајланд започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа по меѓусебни обвинувања за кршење на примирјето. Еден тајландски војник загина, а илјадници цивили се евакуираат по новите судири Тајланд изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, соопшти тајландската војска, откако двете земји се меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот за прекин на огнот […]

Во поплавите во Тајланд животот го загубија 162 лица


Портпаролот на тајландската Влада, Сирипонг Ангкасакулкиат денеска изјави дека 162 лица го загубиле животот во поплавите во јужен Тајланд, пренесуваат агенциите. Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе се погодени во поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд предизвикани од обилните дождови во последните неколку дена. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи […]

Анутин Чарнвиракул е новиот премиер на Тајланд


Кралот на Тајланд, Маха Ваџиралонгкорн денеска именуваше нов владин кабинет со премиер Анутин Чарнвиракул, откако неговиот претходник беше сменет по судската пресуда за прекршување на етичките правила и јавно негодување поради воениот судир со Камбоџа. Предвидено е новата влада да стапи на должност идната недела, откако ќе положи заклетва пред кралот. Анутин, лидер на партијата […]

Тајланд и Камбоџа се согласија за итен прекин на огнот!


Тајланд и Камбоџа се согласија за итен прекин на огнот по мировните разговори во Путраџаја, изјави премиерот Датук Сери Анвар Ибрахим, според странските медиуми. Средбата се одржа денес за да се смири ситуацијата околу граничниот спор. Лидерите на Камбоџа и Тајланд денес пристигнаа во Малезија на разговори со цел обезбедување прекин на огнот во нивниот […]

Тајланд предупреди дека судирите со Камбоџа би можеле да прераснат во отворена војна


 Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денеска изјави дека вооружените борби меѓу неговата земја и Камбоџа, во кои досега загинаа најмалку 16 луѓе, а стотици илјади се раселени, би можеле „да прераснат во отворена војна“, јави Би-Би-Си. Предупредувањето на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените борби на спорната граница влегуваат во втор ден, […]

Тајланд ја затвори границата со Камбоџа


Тајландската војска ги затвори граничните премини со Камбоџа за речиси сите патници, вклучувајќи туристи и трговци, наведувајќи безбедносни причини, бидејќи тензиите меѓу двата соседа од Југоисточна Азија продолжуваат да растат поради тлеечкиот граничен спор. Влошувањето на односите беше предизвикано од краток вооружен конфликт во граничната област во кој беше убиен камбоџански војник на крајот на […]

Тајланд распоредува војници на границата со Камбоџа


Тајланд го зголеми своето воено присуство на спорна граница со Камбоџа како одговор на зголемувањето на бројот на војници од другата страна, изјави денеска министерот за одбрана на Тајланд. Тајланд и Камбоџа го зголемуваат присуството на силите на спорната граница по судирите во мај, изјави тајландскиот министер. Тензиите меѓу двете земји од Југоисточна Азија се […]

Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот


Тајланд регитрира над 50.000 нови случаи на Ковид19 за само една недела, при што здравствените власти предупредуваат дека порастот, поттикнат од видот Омикрон XEC, кој бргу се шири, сè уште не го достигнал својот врв. Според Џурај Вонгсават, портпаролка на Одделот за контрола на болести, меѓу 11 и 17 мај биле забележани 49.065 случаи, а […]

Моменти на ужас: Камерите го снимија базенот на врвот на облакодер кога се случи земјотресот


Силниот земјотрес што го погоди Мјанмар беше почувствуван и во Тајланд, а како изгледаше кога удар со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала покажува снимка од камерите кај базените на врвот на облакодерот. Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди центарот на Мјанмар во петокот, беше почувствуван дури […]

Триесет и седум годишна ќерка на милијардер е новиот тајландски премиер


Парламентот на Тајланд ја избра Паетонгтарн Шинаватра, ќерка на милијардер, за премиер. Таа со 37 години ќе биде најмладиот премиер во историјата на земјата и втора жена на таа позиција, по нејзината тетка Јинглук. Одлуката дојде само два дена откако Уставниот суд го разреши премиерот Сретта Тависин поради назначувањето на поранешен адвокат кој поминал време […]

Тајланѓанка обвинета за убиство на 12 пријатели


Тајландската полиција уапси жена осомничена дека убила 12 нејзини пријатели и познаници со труење со цијанид. Сарарат Рангсивутапорн беше уапсена во вторникот во Бангкок по истрага за смртта на 12 лица. Таа прво беше осомничена од семејството на една од жртвите која почина за време на патувањето со Рангсивутапорн претходно овој месец. По истрагата, полицијата […]

Опасен радиоактивен материјал украден во Тајланд


Властите во Тајланд се во потрага на метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезнал од електрана неделава. Надлежните ја предупредија јавноста на сериозни здравствени опасности што можат да настанат во случај на контакт со тој материјал. Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутински проверки на […]

Трагичен продолжеток на една од најсреќните приказни во светот


Едно од 12-те момчиња спасени од тајландска пештера во 2018 година почина во Велика Британија, каде што беше дел од фудбалска академија. Момчето Дуангпех Промтеп (17) било пронајдено во несвест во студентски дом во Лестершир и било пренесено во болница, каде што починало, јави Би-Би-Си. Причината за смртта е непозната, но локалната полиција соопшти дека […]

Приказната зад фустанот од отворачи на лименки на мис Тајланд


Тајланѓанката Ана Суангам-ијам ја освои наградата „Придонес во лидерство“ (Impact Wave Leadership Award) на овогодишниот натпревар „Мис универзум“, а потоа на својот Инстаграм-профил сподели како и зошто е создаден нејзиниот „рециклиран“ фустан. Според Мис Тајланд, имено, фустанот е потсетник на нејзиното детство. Нејзините родители работеле како собирачи на ѓубре, па затоа одлучила да направи фустан […]