Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“


Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот. Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива […]

Земјотрес од 5,6 степени на Тајван, нема податоци за штети


Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во близина на бреговите на североисточниот округ на Тајван – Илан, соопшти локалната сеизмолошка служба. Засега нема информации за штети. Потресот накратко ги затресол и зградите во главниот град Тајпеј, јавија локалните медиуми. Земјотресот се случил на длабочина од 66 километри, соопшти тајванската сеизмолошка служба.

Кина почна нови воени вежби околу Тајван


Пекинг почна воена вежба од големи размери околу островот Тајван, јави денеска државната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на кинеската војска. Под кодното име „Мисија Правда 2025“ (Justice Mission 2025), вежбите се спроведуваат во морските зони и воздушниот простор околу Тајван. Ова се првите големи кинески воени вежби во близина на Тајван од април минатата […]

Тајван се враќа во Македонија. Ѝ врти ли власта грб на Кина?


  Тајван се враќа во Македонија. Ова накратко е пораката од денешниот настан на Бизнис конфедерацијата на Македонија, која денес организираше настан со учество на преставници од официјалното дипломатско претставништво на Тајван во Италија, а на кој требаше да се пренесат искуствата на оваа земја околу „паметните градови“, како една од водечките земји во развој […]

Бизнис форум за идните перспективи за соработка меѓу Северна Македонија и Тајван


Во Скопје денеска ќе се одржи бизнис форум „Идни перспективи за соработка меѓу Тајван и Северна Македонија – Заедно за успех, кон светот“ што го организираат Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија (БКСМ) и Претставништвото на Тајпеј во Италија. Целта на форумот е да се поттикне и продлабочи економската, технолошката и институционалната соработка меѓу Северна Македонија […]

Пекинг ги ескалира тензиите со Токио: Кинески воени бродови навлегоа во јапонските води


Формација бродови на кинеската крајбрежна стража поминаа низ водите на островите Сенкаку во неделата на „патрола за спроведување на законот“, соопшти кинеската крајбрежна стража, додека Пекинг ги ескалира тензиите со Јапонија поради забелешките на нејзиниот премиер за Тајван. Дипломатскиот спор меѓу Кина и Јапонија ескалираше откако јапонската премиерка Санае Такаичи му рече на парламентот на […]

Тајван планира да купи над 600 лесни системи против дронови


Министерството за одбрана на Тајван планира да купи најмалку 635 лесни системи против дронови во текот на следните три години, објави весникот „Тајпеј тајмс“, додавајќи дека проектот се проценува дека ќе чини 9,67 милијарди тајландски долари (над 312 милиони американски долари). Проектот сè уште треба да биде одобрен од законодавното тело на островот. Производителите кои […]

Трамп во интервју за Си-Би-Ес: Си Џинпинг ги разбира последиците од евентуална кинеска инвазија на Тајван


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ги разбира „последиците“ од потенцијална кинеска инвазија на Тајван, но одби да прецизира дали САД ќе ја бранат островската нација во случај на напад. Трамп ова го соопшти во интервју што денес го емитуваше американската телевизија Си-Би-Ес (CBS). -Ќе знаете доколку тоа се случи, а […]

Вашингтон бара од Тајван половина од производството на чипови да го пресели во Америка


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Тајпеј да ги префрли инвестициите и производството на чипови во Соединетите Американски Држави. Целта е да се задоволат половина од потребите на САД за чипови на домашен терен, потег што би можел да има значителни последици за националната одбрана на Тајван, пишува CNBC. Вашингтон веќе разговараше […]

Лаи: Тајван сака мир со Кина


Тајван сака мир и дијалог со Кина, бидејќи во војна нема да има победник, но властите во Тајпеј мора да продолжат да ја зајакнуваат одбраната на островот, изјави денеска претседателот на Тајван, Вилијам Лаи, по повод една година од неговото стапување на функцијата. Кина го нарекува Лаи „сепаратист“ и ги отфрла неговите предлози за преговори. […]

DeepSeek работи добро, додека не го прашате за Тјенанмен и за Тајван


  Апликацијата за вештачка интелигенција се искачи на топ листите на „Епл“ и ги потресе акциите во САД, но кинескиот чет-бот не сакаше да разговара за чувствителни прашања за Кина и нејзината влада Лансирањето на нов чет-бот од кинеската фирма за вештачка интелигенција DeepSeek предизвика пад на американските технолошки акции бидејќи се чинеше дека функционира […]

Силен земјотрес регистриран на Тајван


 Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужниот дел на Тајван, при што полесно се повредени 27 луѓе и оштетени се повеќе објекти. Помеѓу повредените се и шест лица, меѓу кои едно бебе, кои беа спасени од под урнатините на една куќа во округот Нанкси. Епицентарот на земјотресот бил […]

Бела куќа: Бајден одобри воена помош од 567 милиони долари за Тајван


Американскиот претседател Џо Бајден вчера одобри воена помош за Тајван во вредност од 567 милиони долари, соопшти Белата куќа. Ова е уште еден потег со кој Вашингтон има за цел да ги зајакне одбранбените капацитети на островот во услови на зголемени тензии со Кина, додава агенцијата. Соединетите држави се највлијателниот меѓународен поддржувач и снабдувач на […]

На каква конференција се Милошоски и Битиќи во Тајван


  Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те денеска ја поздрави, како што рече, „најголемата досега“ делегација на странски пратеници во Тајван и рече дека тоа ја покажува важноста на обединувањето на демократијата, иако Пекинг вршеше притисок врз повеќе членови на делегацијата да не го посетат островот. „Ова ја покажува поддршката и вредноста што разни други земји му […]

Тајван: 23 кинески авиони забележани околу островот за помалку од три часа


Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека 23 кинески авиони биле забележани околу островот за помалку од три часа. Како што се додава, меѓу авионите имало борбени авиони, транспортни авиони и дронови. Кина изврши слични упади повеќе пати од инаугурацијата на новиот претседател на Тајван на 20 мај. Кина тврди дека островот Тајван е […]

Кина започна обемни воени вежби, го опколи Тајван


Кина започна дводневни воени вежби околу Тајван во, како што ја нарече како „казна“ за „сепаратистички акти“, неколку дена откако на островот новиот демократски избран лидер даде заклетва. Кинеската владејачка Комунистичка партија вели дека Тајван е дел од нејзината територија, иако никогаш не го контролирала и вети дека ќе го заземе островот, доколку е потребно […]

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Тајван


Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди кинескиот регион Тајван. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Тој беше почувствуван и во главниот град Тајпеј и на источниот брег на Тајван.

Земјотрес од 7,4 степени во Тајван – урнати згради, мртви и заробени (видео)


Тајван го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот во последните 25 години. Неколку згради беа урнати. Најмалку четворица се мртви, а има и затрупани. Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот. 🔴[ 🇹🇼 TAÏWAN ] URGENT Une […]

Тајван ги интензивира воените вежби – тестирана противвоздушната одбрана


Тајван денеска ја тестираше својата противвоздушна одбрана и најави дека ќе ги интензивира воените вежби поради честите воени активности на Кина во близина на островот Командата на воздухопловните сили на Тајван во кусото соопштение наведе дека меѓу 5 и 7 часот утринава, по локално време, спровела „сеопфатни вежби за противвоздушна одбрана“ користејќи ракети земја-воздух од […]

Кинески авиони забележани во воздушниот простор над Тајван


Дваесет кинески воени авиони синоќа биле забележани во воздушниот простор над Тајван, соопшти тајванското Министерство за одбрана. „Денеска до 19:30 часот (23:30 часот по Гринич) се откриени вкупно 20 авиони“, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека ја следи ситуацијата. Островот, кој има демократски избрана влада и кој Кина го смета за своја територија, веќе четири […]