Тачи: Симболот на орелот не убива луѓе


Претседателот на Косово Хашим Тачи го оцени како емоционален, а не политички гестот со кој двајца швајцарски фудбалери од албанско потекло – ги наместија рацете во форма на двоглав орел, прославувајќи ги головите во натпреварот на Светското првенство против Србија, јави Танјуг. – Тој симбол не е симбол што убива луѓе. Тоа не е симбол […]

Тачи: Мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен


Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен и дека целта на помирувањето е „постигнување дефинитивен договор кој ќе биде од корист за двете страни”. Во интервју за францускиот весник „Фигаро”, тачи додава дека не постои „волшебна формула“ за решението. – Не станува збор за изнаоѓање волшебна формула, туку промовирање […]

Курти: Со Тачи, Косово губи во преговорите со Србија


Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти смета дека косовскиот претседател Хашим Тачи не е компетентен да ги предводи преговорите со Србија и дека работи единствено за сопствени интереси. – Тачи е лажго, тој не е компетентен да ги води овие преговори. Првично треба да направиме евалуација на 6-годишниот дијалог и да ги определиме нашите […]

Тачи и Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за договорот


Косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за постигнатиот договор за името на Македонија, јави Танјуг. – Им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и нивните граѓани, напиша Тачи на Твитер, со порака дека „обновената можност за влез (на Македонија) во ЕУ и НАТО му […]

Тачи верува дека дијалогот со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање


Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска, по средбата со канцеларот на Австрија, Себастијан Курц рече дека верува оти дијалогот за нормализирање на односите со Србија ќе заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косово во сите меѓународни организации. Според него,  двете страни од дијалогот ќе излезат како победници. – Со канцеларот Курц […]

Тачи: Косово е подготвено за нормализација на односите со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи се сретнал денеска во Будва, каде што учествува на меѓунардониот форум за безбедност на Југоисточна Европа, насловен „To be secure“, односно „2BS“, со директорот за Централна и Јужна Европа во американскиот Стејт департмент Метју Палмер, кому му ја изразил подготвеноста на Косово за „нормализација на односите со Србија“, јавува дописникот на […]

Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор


Централното собрание на ДПА  денеска во зградата на локалната самоуправа во Тетово одржува состанок околу понудата од премиерот Заев за влез во Владата. Пред почетокот на состанокот, претседтелот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека имаа конкретна и коректна понуда од премиерот, ДПА политички и кадровски да стане дел од Владата. – Мислам дека нема да […]

Тачи: Приштина сака да го затвори поглавјето на конфликти со Белград


Приштина е подготвена да го затвори поглавјето на конфликти со Србија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи во телефонски разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. – Во тој контекст за Косово и за Србија и натаму е важно да постигнат правно обврзувачки договор за нормализација на односите и за […]

Ќе се сретнат ли Тачи и Вучиќ на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија?


Косовскиот претседател Хашим Тачи доби покана од Европска унија и од Бугарија да учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија, што ќе се одржи на 17 мај, објави приштинскиот весник „Експрес“. Весникот посочува дека на поканата до Тачи потпишани се претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и […]

Тачи го одобри Договорот за границата меѓу Косово и Црна Гора


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска го потпиша Указот за стапување во сила на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, чие усвојување беше еден од условите за укинување на визниот режим за патување на косовските граѓани во ЕУ. Тачи го потпиша Указот отакако Специјалното обвинителство ја отфрли кривичната пријава […]

Тачи: На заканите од Србија ќе одговориме со пушки


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“. – На тие закани ќе одговориме исто како што одговоривме пред 19 години – со пушки, истакна Тачи. Тој тоа го изјави во својот говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот […]

Тачи: Косово ги исполни условите за добивање визна либерализација


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави за време на неговиот последен престој во Брисел му било речено дека Косово веќе ги исполнило сите 95 критериуми, што му беа поставени како услов за добивање визна либерализација. Тачи нагласи дека Косово направило конкретни чекори за зајакнување на владеењето на правото и оти бележи напредок во борбата против корупцијата, но […]

Тачи во ненајавена посета на Тирана за тензиите кои владеат меѓу Косово и Турција


Тензиите кои владеат меѓу Косово и Турција, по депортацијата на шесмината турски државјани, е причина за косовскиот претседател Хашим Тачи да допатува во ненајавена посета на Тирана. Тачи во Тирана се задржал само еден час и се сретна единствено со  премиерот Еди Рама, кој има исклучитечно добри односи со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Косовскиот […]

Петиција за смена на косовскиот претседател поради апсењето на „ѓуленисти“


Во Приштина е покрената петиција за смена на косовскиот претседател Хашим Тачи поради вчерашното апсење и депортација на шестте турски државјани, кои за официјална Анкара се припадници на движењето ФАТО, чиј лидер е Фетулах Ѓулен. Пратеничката Мимоза Кусари-Љиља на Фејсбук побара смена на Тачи, бидејќи според неа, тој ја наредил акцијата. – Треба да се […]

Могерини: Им се јавив на Вучиќ и Тачи, потребно е смирување на ситуацијата


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, вечерва соопшти дека разговарала телефонски со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи, и дека го осудува тоа што се случи во Косово. – Им се јавив на Вучиќ и Тачи. Го осудувам тоа што денеска се случи на Косово. […]

Тачи нареди почеток на работата за формирање на ЗСО


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска наложи да почне работата на формирање на Заедница српски општини (ЗСО), соопшти портпаролот на претседателот. Весникот „Коха“ наведува дека одлуката на Тачи доаѓа по неговата петочна средба во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. Весникот наведува дека според […]

Вучиќ и Тачи во Брисел ќе разговараат за нормализација на односите


Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи утре би требало да се сретнат во Брисел за да ја разгледаат вкупната состојба во односите меѓу Белград и Приштина, примената на постоечките договори и за да разменат ставови за новата фаза од дијалогот за сеопфатната нормализација на односите. Состанокот во Брисел го организира високата претставничка […]

Тачи: Иванов не може да го запре официјализирањето на албанскиот јазик


Kосовскиот претседател Хашим Тачи ја критикува одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише законот за јазиците. „Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење“, вели Тачи во […]

Тачи: Формирањето на Специјалниот суд за Косово е историска неправда


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека на иницијативата на група пратеници од владејачката коалиција за расформирање на Специјалниот суд за воени злосторства за Косово треба да се гледа како на алтернатива на правдата, а не како на бегање од правдата. Косово формираше Суд кој треба да води процеси против командантите на Ослободителната војска на Косово, […]