Делегација на талибанците по првпат од 2021 година на разговори со ЕУ во Брисел


 Делегација на талибанските власти во Авганистан се сретна со претставници на Европската комисија во Брисел, каде што започнаа разговори за конзуларни прашања, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи. Меѓу темите на разговорите биле можноста за обновување на конзуларните услуги за авганистанските државјани во Европската Унија, конзуларното присуство, како и „потребата од мерки за […]

Талибанците си ги поправија хеликоптерите што ги оставија Американците по повлекувањето


Механичарите на воздухопловните сили на Авганистанската армија поправија три хеликоптери што ги оставија американските воени и владини сили по повлекувањето на САД во 2021 година. Два повеќенаменски хеликоптери Ми-17 и еден лесен напаѓачки хеликоптер МД-530 беа поправени. Според Министерството за одбрана на Авганистан, сите три авиони ги поминале потребните технички тестови и веќе ги извршиле […]

„Волстрит Џурнал“: САД и талибанците преговараат за размена на затвореници


Американската администрација преговара со Авганистан за размена на приведени Американци во таа земја за најмалку еден затвореник од Гвантанамо, кој наводно имал поврзаност со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави денеска „Волстрит џурнал“. Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори, наведува дека американската администрација бара ослободување на тројца Американци кои беа уапсени […]

Русија ги брише талибанците од листата на терористи


Русија наскоро ќе ги отстрани талибанците од својата листа на терористи, соопшти талибанската влада на Авганистан, цитирајќи ги зборовите на вчерашниот гостин во Кабул, Сергеј Шојгу, поранешен министер за одбрана на Русија, сега секретар на Советот за безбедност. Шојгу разговарал за „зајакнување на политичките односи и економската соработка и начините за зголемување на трговијата и […]

Кина е прва земја што именуваше амбасадор во Авганистан под власта на талибанците


 Кина стана првата земја што официјално именуваше амбасадор во Авганистан по враќањето на талибанците на власт, откако кинескиот претставник денеска ги предаде акредитивните писма на церемонија во Кабул.  Талибанските власти не се официјално признати од ниту една странска влада, а Пекинг не стави до знаење дали денешното назначување е знак за позначајни чекори кон официјалното […]

Пакистански премиер: Оружјето што го оставија САД во Авганистан падна во рацете на пакистанските талибанци


Вршителот на должноста премиер на Пакистан Анвар-у-Хак Какар денеска изјави дека американската воена опрема, која САД ја оставија во Авганистан при повлекувањето од таа земја, паднала во рацете на паравоените формации и на крајот стигнала до пакистанските талибанци. Опремата, која вклучува широк опсег на воени средства, од очила за ноќно гледање до огнено оружје, сега […]

Две години под талибанците: „Како да живееш во кошмар“


  „Да бидам искрена, се чувствувам како да живеам во кошмар. Тешко е да се разбере низ што минавме во последните две години“, вели 29-годишната Марјам Мароф Арвин. Таа живее во Кабул и е основач на добротворна организација за помош на жените и децата. Таа телефонски разговараше за ДВ. По повлекувањето на меѓународните трупи од […]

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога од земјата замина последниот американски војник


Талибанската Влада денеска го прогласи 31 август за национален празник. На 31 август 2021 година последниот американски војник го напушти Авганистан. Генерал-мајор Крис Донахју беше последниот американски војник што го напушти аеродромот во главниот град Кабул на полноќ на 30 август 2021 година. САД и нивните сојузници се повлекоа од Авганистан по 20-годишно воено присуство. […]

Талибанците до принцот Хари: Окупаторските сили во Авганистан убиваа невини луѓе без никаква одговорност


Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“. – Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа […]

Принцот Хари: Убив 25 Талибанци во Авганистан


Принцот Хари во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе додека бил на воена должност во Авганистан, за време на неговата втора турнеја како пилот на хеликоптер Апачи. Војводата од Сасекс ова тврдење го изнел во своите мемоари, кои се уште не се официјално објавени, но протекоа и случајно се пуштени во продажба во Шпанија. […]

Авганистан: Талибанците ги забранија универзитетите за жените


  Талибанците најавија затворање на универзитетите за жените во Авганистан, се наведува во писмото на министерот за високо образование. Министерот вели дека овој потег е за понатамошно известување. Се очекува да стапи на сила веднаш. Тоа дополнително го ограничува пристапот на жените до формално образование, бидејќи тие веќе биле исклучени од повеќето средни училишта. Една […]

Талибанците заработиле милиони од Светското првенство


Талибанците заработиле милиони од организацијата на Светското првенство така што обезбедиле градежна опрема за изградба на стадионите во Катар, пишува англискиот „Телеграф“. Високи талибански функционери користеле пари кои ги добиле за мировните преговори за купување, со изнајмување тешки машини за изградба на стадионите во изминатата деценија, открива извор од талибанската канцеларија во Доха. Значителен контингент […]

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови


Талибанските власти им наредија на сопствениците на сите забавни паркови во Авганистан да не им дозволат на жените да влегуваат, што е уште една забрана со која соочуваат Авганистанките. Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал, позната како Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороците, ја потврди веста за ДПА, но одби […]

ОН ги предупредија талибанците да не го вознемируваат нивниот женски персонал


 Мисијата на Обединетите нации во Авганистан ги обвини талибанските власти за малтретирање на нивните вработени во Авганистан, соопштија денеска претставници на мисијата на ОН. Тие ги повикаа локалните власти да го почитуваат персоналот на мисијата на ОН. – Се појави шема на малтретирање на авганистанските жени од персоналот на ОН од страна на талибанските власти, се вели […]

Талибанците постигнале договор со Русија, Авганистан добива гас и нафта


  Претставниците на Авганистан и Руската Федерација се договорија за договори за купување нафта и гас, а договорот наскоро треба да биде парафиран, соопшти Министерството за трговија и индустрија на Авганистан, пренесе индиски . Според министерот за трговија Нурудин Азизи, страните постигнале договор за трансфер на нафта од Русија во Авганистан, а целиот процес бил […]

Талибанците од своите редови избркале речиси 3.000 свои припадници, осомничени за злоупотреби


Откако лани се вратија на власт во Авганистан, талибанците од своите редови протерале 3.000 членови, затоа што биле обвинети за незаконско однесување, што е бил дел од обемниот „процес на филтрирање“, пренесоа француските медиуми. Талибанците во август го зазедоа Кабул, по 20-годишен бунт против авганистанската Влада, што беше  поддржана од САД. Новите талибански власти ветија […]

Талибанците забранија музика во автомобилите


 Талибанците забранија да се слуша музика во автомобилите, како и жените да не можат да се возат без хиџаб. Авганистанското Министерство за исламска ориентација издаде пишана препорака до возачите да не вклучуваат музика и да не примаат во возилата жени без хиџаб. Талибанците го зазедоа Кабул на 15 септември и ја презедоа власта во Авганистан, […]

Талибанците бараат нивниот кандидат да биде амбасадор на Авганистан во ОН


Меѓународно непризнаената талибанска влада во Кабул повторно ги повика Обединетите нации да го признаат нивниот кандидат за претставник на Авганистан во таа меѓународна организација. Талибанскиот кандидат Сухаил Шахин синоќа на Твитер објави дека местото авганистански амбасадор во ОН треба да му биде доделено на претставник на талибанската влада. „ОН се големо светско тело и нивниот […]

Талибанците уништија мостови, три провинции отсечени од Кабул


Кабул – Талибанците во Авганистан уништија мостови на главните патишта југозападно од Кабул, за време на масовна офанзива против безбедносните сили. Со тоа е прекината врската на главниот град со три провинции. Портпаролот на полицијата Нагиб Даниш изјави дека авганистанските безбедносни сили реагирале на нападот, но борбите сѐ уште траат, а најмалку шест полицајци загинале. […]

САД ги бомбардираше Талибанците со „невидлив авион“


Американската војска вчера првпат во борба го употреби својот нов „недвидлив“ авион Ф-35. Најмалку еден од тие нови летала што се сметаат за драгоценост на технологијата, полета од амфибискиот број УСС Есекс и ги бомбардираше талибанските цели во авганистанската покраина Кандахар, соопшти неименуван американски функционер. „Нападот успеа“, додаде тој. Станува збор за авион Ф-35Б на […]