Во парламентот координација за Груевски


Спикерот Талат Џафери ги собрал на координација потпретседателите и координаторите на пратеничките групи за да разговараат за пратеничкиот статус на Никола Груевски, по неговото бегство во Унгарија. Координацијата се одржува пред почетокот на денешното продолжение на 65.седница. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го пријавуваше досега Груевски како отсутен од седниците, што се смета како оправдано отсуство. […]

Џафери: Ќе се преиспита статусот на Груевски во парламентот


Вонредна координација со потпретседателите на парламентот и со координаторите на пратеничките групи за разгледување на статусот на Никола Груевски како пратеник најавува спикерот Талат Џафери, откако поранешниот премиер објави дека пребегал во Унгарија. -Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го пријавуваше досега Груевски како отсутен од седниците, што се смета како оправдано отсуство. Таков допис добив и […]

Почнува втората фаза од постапката за менување на Уставот


Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, која треба да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември. Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите […]

Иванов нема веќе муниција против договорот


„Апсолутното вето“ за законот за ратификација на договорот од Преспа е веројатно последната „муниција“ што претседателот Ѓорге Иванов ја искористи за опструкција на спогодбата меѓу владите на Македонија и Грција создавајќи со тоа терен и за свој политичко-правен „отстрел“ поради непочитување на Уставот. Откако се придвижи процесот на уставни измени, како втора етапа по референдумот, […]

Џафери: Уставните измени може да почнат уште на 1 октомври


Процедурата за уставни измени може да стартува уште на 1 октомври, ден по референдумот, вели претседателот на парламентот Талат Џафери, кој е и претседател на собраниската Комисија за уставни прашања. Во интервју за МИА, Џафери посочува дека постапката треба да почне што побрзо, со оглед на роковите што се предвидени за промена на Уставот. – Постапката […]

Средба на Џафери со потпретседателот на Европскиот парламент Касталдо


 Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна со потпретседателот на Европскиот парламент, Фабио Масимо Касталдо, кој учествуваше на Конференцијата на млади лидери, организирана од Собранието на Република Македонија и ЕП за политичкото учество на младите и младинските политики со пратеници од Западен Балкан. Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност до […]

Џафери на Илинден: Наш избор е дали ќе заглавиме на слепиот балкански колосек


Од пред споменикот на Ченто, кој беше претседател на АСНОМ, а од 1945-та година и прв претседател на Президиумот на Народното Собрание, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја повика опозицијата и сите граѓани да го поддржат исполнувањето на Договорот со Грција за името. – Веќе е добиена поканата за полноправно членство во НАТО и имаме […]

Талат Џафери ја мажи ќерката


Претседателот на Собранието  Талат Џафери овие денови ќе биде отсутен  од Парламентот поради приватни обврски. Тој деновиве на големо се подготвува за свадбата на неговата ќерка Бесијана. Свадбената веселба, како што ни потврди  Џафери, ќе се одржува во Гостивар, каде што живее неговото семејство, а од овој крај потекнува и идниот зет на собранискиот спикер. […]

Џафери: ДИК ќе се формира, Договорот ќе биде во Службен весник пред референдумот


Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба во недела навечер или во понеделник и оти нема да биде никаков проблем тоа што е договорено Собранието да се спроведе и до крајот на месецот. Во спротивно, вели тој, ќе продолжи процедурата […]

Џафери: Коалицијата треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник


Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник во соодветно време, повтори денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на средбата со новинарите, потенцирајќи дека тоа не е негова индивидуална задача, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата. Запрашан која е пречката законот да биде испратен до Службен весник Џафери […]

Џафери: Парламентите треба да се отворат за граѓаните


Во овие 27 години парламентарна демократија направени се квалитетни чекори со кои Собранието на Република Македонија, а со тоа и нашата држава, станува дел од современиот демократски свет. Доказ за ова е и последниот извештај на ЕК во кој безусловно се предлага добивање на датум за почнување преговори со ЕУ, истакна денеска претседателот на Парламентот, […]

Џафери-Брнабиќ: Регионалната соработка и европаскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан


Регионалната соработка и европаскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан, констатираа српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешната средба во Белград. – Србија е определена за развој на пријателските односи, базирани на заедничката историја и традиционалните блиски врски на двата народа, изјавила Брнабиќ, […]

Џафери отпатува за Белград


Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери од денеска ќе престојува во дводневна посета на Србија. Во придружба на џафери во Белград се членовите на пратеничката група за соработка со Собранието на Србија: Иван Стоиљковиќ, Илија Николовски и Мирсада Емини Асани. Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието ќе се сретне со претседателката на Народното […]

Сите калкулираат околу новиот гувернер: Џафери го игнорира предлогот на Иванов


Спикерот Талат Џафери не го ставил предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за реизбор на Димитар Богов за гувернер на дневен ред на првата наредна собраниска седница, која почнува на 21 мај – точно на датумот кога истекува мандатот на досегашниот челник на НБРМ. Ако собраниската агенда не биде дополнета на почетокот на седницата и ако […]

Џафери сè уште не го испратил Законот за јазиците до Службен весник


Претседателот на Собранието Талат Џафери сè уште не го испратил Законот за употреба на јазиците за објавување во Службен весник и не прецизира кога тоа ќе го направи. – Не сум оптоварен со времето, затоа што нема ограничување во врска со временското одлучување за објавување на законот, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето […]

Џафери за 27 април: Простувам, но не заборавам што се случи


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на една година од крвавите настани во Парламентот порача тоа никогаш да не се повтори. Тој кажа дека ќе беше погрешно да има напишан говор, бидејќи и вечерта пред година немал напишан говор туку го кажал она што извирало од него – После година дена влегувам овде и го […]

Џафери ќе го објави законот за јазиците во Службен весник, ама не кажува кога


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска кажа дека ќе го пушти Законот за јазиците за објавување во Службен весник, но не прецизираше кога. „Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам Законот во Службен весник“, рече Џафери. Уставот во однос на непотпишувањето на указот за овој закон, според него, го прекршил претседателот Ѓорге Иванов. Запрашан […]

Поранешни спикери со совет до Џафери: Не е време за инаети


Неколкудневната тишина околу Законот за јазиците ја прекрши претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој во дебатна емисија за ТВ21 рече дека веднаш штом Законот ќе стапи во сила, тој пленарните седници во законодавниот дом ќе ги одржува на албански јазик. „Ние го изгласавме Законот за јазиците и откако ќе биде објавен указот во ‘Службен весник’ […]

По инцидентите и нападите врз пратениците: Се раѓа ли политички екстремизам?


И покрај инцидентите и најавите за нонстоп протести, дуото Груевски-Иванов неутрализирано и истрошено. Според политичките набљудувачи, граѓаните се свесни дека имаат поголеми предизвици од тоа да протестираат едни против други. По немилите сцени во Собранието, кога поранешниот премиер Никола Груевски се обиде физички да се пресмета со спикерот на законодавниот дом Талат Џафери и по запалениот […]

Анализа: Кој ги прекрши процедурите и Уставот за Законот за јазиците?


Претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, парламентарните партии и дел од експертската јавност деновиве изнесоа низа меѓусебни обвинувања за тој кој го прекршил Уставот, законите и процедурите при носењето на Законот за јазиците, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик. Иако најави дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на […]