Откриени две возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација


 Службеници од Полициската станица „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена контрола констатирале дека две возила не поседуваат соодветна документација за меѓународен превоз на патници. Како што информираат од МВР, едното патничко возило комби „Форд Транзит“, со бугарска национална ознака, било управувано од Т.Т. (35) од Струмица. Другото возило, со скопски регистарски […]

Кривична пријава против струмичанка откако на „Табановце“ приложила фалсификуван ПЦР тест


Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против О.Г. (46) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат од МВР, на 20.11.2021 на Граничен премин „Табановце“ пријавената приложила фалсификуван […]

Гевгеличанец фатен како превезува 53 мигранти


На 27.12.2021 во 22.00 часот на наплатната станица „Романовце“, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Ќ.(39) од с.Стојаково, Гевгелиско. При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица-мигранти, од кои 34 лица од Индија и […]

Нема подолги задржувања на ГП Табановце


Нема подолги задржувања за влез и излез од државава на граничниот премин Табановце. – За излез од државава нема задржувања, а за влез се чека од десет до петнаесет минути, соопштија од ГП Табановце. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.

Триесетдневен притвор за двајца цариници кои примале поткуп на „Табановце“


Основното јавно обвинителство – Куманово поведе истражна постапка против двајца цариници, кои пред два дена примале поткуп на граничниот премин „Табановце“, а на предлогот на обвинителството, Судот им определи 30-дневен притвор. – На 28.07.2019 година околу 02:50 часот на граничниот премин „Табановце-Патен“ во својство на службени лица-царински службеници вработени во Царинската Управа на Република Северна […]

Само едно застанување на граничниот премин „Табановце“


Од први август ќе почне да се спроведува заедничкото царинење меѓу Северна Македонија и Србија. Договорот е потпишан меѓу двете земји, а ќе го олесни  поминувањето на патниците, но и на транспортерите. За патниците и транспортерите што од Србија ќе се движат кон Северна Македонија српската гранична служба ќе спроведе излезна контрола на територијата на […]

Нема метеж на Граничниот премин „Табановце“


Нема метеж на Граничниот премин „Табановце“, информираа денеска надлежните. – За влез во државата се чека пет минути, а за излез четири минути, соопштија од дежурната служба од ГП „Табановце“. Сообраќајот се одвива тековно.

Средба Заев – Вучиќ: Еден граничен премин меѓу Македонија и Србија


Македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ се сретнаа на просторот меѓу граничните премини меѓу двете земји – Табановце и Прешево. Официјалниот дел од нивната средба заврши со констатација дека Македонија и Србија се пријателски земји кои и натаму ќе ги продлабочуваат меѓусебните односно, независно од можните тактички разлики по одредени прашања. -Србија […]

На Табановце зголемена фреквенција на возила


На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 30 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути


На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и чекање до 30 минути. На останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од […]

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути


На граничниот премин Табановце попладнево за излез од државата се чека половина час, а на граничниот премин Богородица околу 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото стојзот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Македонија и Србија со заеднички граничен премин на Табановце


Македонија и Србија први во регионот постигнаа договор за олеснување на сите постапки за пренос на стока и патници на граничните премини, изјавија македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ по денешната средба во Белград на која присуствуваше и министерот за транспорт […]

Министерот Димитров во име на Македонија се извини за случајот Ел Масри


Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров официјално се извини во името на Македонија за случајот со германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел-Масри, за незаконското апсење во 2004 година во Скопје, кој беше држен во изолација, а потоа и предаден на  ЦИА, во рамки на тајната програма на американската агенција  за предавање и мачење, […]

Еден приведен по инцидентот меѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата на Табановце


Едно лице е приведено во инцидент што се случил на граничниот премин Табановце за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на МВР Тони Јаневски за МИА кажа само дека во инцидентот е приведено едно лице затоа што нападнало полициски службеник. Дел од медиумите јавуваат дека дошло до буткање меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата и […]

Судир на полицијата и демонстрантите на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце


Попладнево на граничниот премин Табановце дојде до судир и буткање меѓу полицијата и демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска најавија дека ќе го блокираат граничниот премин. Сајтот Република објави видео од инцидентот, и тврди дека еден од демонстрантите е повреден, а еден уапсен.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира „Табановце“


Блокада на граничниот премин „Табановце“, кај Куманово, најави за попладнево ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија веќе неколку седмици блокира крстосници во главниот град и организира протести – како реакција на притворањата на осомничените за настаните во парламентот на 27 април.