Тортевски: Ако Катица се врати на работа, сите од СЈО треба да си отидат


Адвокатот Александар Тортевски порачува дека доколку специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, некогаш се врати на работа, нејзините колеги од СЈО треба да ја остават сама. „Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не […]

Заев: Немам врска со „Рекет“, Боки 13 кажува лаги и бесмислици


Премиерот Зоран Заев се огласи по денешното трето продолжение од снимките што ги објавува итлијанскиот „Ла Верита“, а во кои за првпат се споменува и неговото име. Неговиот статус на „Фејсбук“, го објавуваме во целост: „Случајот “Рекет” покажува дека она за што се боревме со граѓаните, сите ние заедно, стапува на сцена. Правдата е на […]

Се огласи и Јанева: Лицето О.К., требаше да стане сведок


Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева и натаму демантира поврзаност со случајот „Рекет“. На денешното трето продолжение од снимките што ги објави италијанскиот „Ла Верита“, се слушаат разговори меѓу неа и Орце Камчев, кои таа не ги спори. „Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и […]

Јовески за „Независен“: Обвинителката Стефанова повикана на распит


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“ денеска потврди дека обвинителката Лиле Стефанова е повикана на распит. Таа го водеше случајот „Империја“ со Орце Камчев. Деновиве, во јавноста протекоа неколку снимки што ја компромитираат нејзината улога. Нејзината шефица, Катица јанева и натаму не е повикана на распит. (Г.А.)

Кругот се стеснува околу Јанева: Фелата се чуди што третиот човек е на слобода


Второто продолжение од снимките што ги објави италијанските весник „Ла верита“ за случајот „Рекет“ го донесе и гласот на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева. Додека бизнисменот Орце Камчев ноншалантно разговара со Бојан Јовановски и со Зоран Милески околу начинот на кој што им ги спакувал еврата, му текнува да побара потврда и од „жената“ […]

Мицкоски до Заев: Дали уште сметаш дека Катица е добар човек со капацитет?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи по денешната нова снимка од случајот „Рекет“, во која, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева му вели на Орце Камчев да не се грижи, односно дека сѐ ќе биде во ред. „Што превземаат власта и институциите: Наместо веднаш одговорност, тие одлучија да се вадат и да ги […]

Пријателски рекет од милион евра


Милано виа Скопје. Видео и аудио-снимката од домот на бизнисменот Орце Камчев на која, наводно, се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески изнудуваат од него милион евра (а се осомничени за вкупно 1,5 милиони евра), на чуден начин си го најде патот до Италија. Утрото осамна на електронското издание на италијанскиот дневен весник „Ла […]

Катица да ја снема од Законот за обвинителство


Додека ВМРО-ДПМНЕ бара досегашната специјална обвинителка Катица Јанева да биде приведена поради поврзаност со случајот „Рекет“ и со Бојан Јовановски, власта и опозицијата се обидуваат да се договорат како таа да биде изземена од новиот Закон за обвинителство. Тоа е основниот услов без кој опозицијата нема да продолжи да преговара, иако поставени сѐ уште неколку […]

Заев го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ: Партијата што донесе неправда сега да гласа за СЈО


Сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран, порачува премиерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог-законот за […]

СЈО потврди дека Јанева е на одмор, а не на боледување


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева користи годишен одмор, потврдија од СЈО откако беше објавена вест дека таа е на летување на Халкидики, во Ханиоти. Освен информацијата дека Јанева е на одмор, од СЈО не можат ниту да ги потврдат, ниту, пак, да ги коментираат фотографијата и информациите дека таа е на плажа во Грција, бидејќи […]

Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна


Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, а нејзиниот сопруг, Методи Цилков е вработен во приемното одделение на СЈО, објави Телма. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева. Пратеникот Антонио Милошоски објави дека Јанева добила боледување во периодот од 16 јули […]

Случај „Рекет“: Во обвинителството повикани градоначалниците на Карпош и на Битола


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испитало повеќе лица за кои смета дека можат да помогнат во истрагата за случајот „Рекет“, во кој притворени се Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Кичеец). „Во текот на вчерашниот ден, по телефонски повик од јавен обвинител, во обвинителството даде изјава градоначалникот на […]

„Не“ за Русковска: Владиниот партнер Африм Гаши ја сака Фатиме Фетаи место Јанева


Алтернатива на Африм Гаши, која е коалициски партнер во владата на Зоран Заев, ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. „Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство, Aлтернатива – како партија која повеќе од сé се грижи за правна држава и […]

Русковска не може, компромис за друго име, па избор од Советот


Ниту последната изјава на американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, која побара да се зачуваат капацитетите на СЈО и да се поддржи силно и независно обвинителство, не допреа до опозицијата, од каде што сметаат дека ова обвинителство, вакво какво што е, е компромитирано и урнисано и не може да опстане во никаков облик. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Ќе оди ли Русковска курбан за законот?


Законот за обвинителство, кој во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, денеска влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените, со кои СЈО станува дел од новоформираното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за […]

Беса против Законот за обвинителство на Заев: Ваков како што е, не го гласаме


Законот за обвинителство што во петокот го предложи премиерот Зоран Заев, утре влегува во собраниска процедура. Власта ќе се обиде да стигне до двотретинско мнозинство за да ги протурка измените со кои СЈО станува дел од новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за […]

Интервју со обвинителот Јовески: Знаеме како се обезбедени парите за „Рекет“


Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден, порачува републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за „Независен весник“. Тој открива некои детали за истрагата за најновиот случај „Рекет“, за сметките на бизнисменот сведок и за проширувањето на истрагата. Освен за истрагата, Јовески зборува и за тоа како треба да се реши статусот на […]

Законот за идниот статус на СЈО неделава во Собранието


Новиот текст за законот за Јавно обвинителство, во кој Специјалното јавно обвинителство се интегрира во Јавното обвинителство за организиран криминал и копрупција, неделава, а мошне веројатно и утре ќе се најде пред пратениците во Собранието. Дебата за новото СЈО стигна до законодавниот дом, откако претходно не успеа одржувањето на лидерската средба на која меѓу другото […]

Дескоска: „Рекет“ само го зaбрза интегрирањето на СЈО и Јавното обвинителство


Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Случајот „Рекет“ само го збрза реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство, вели министерката за правда Рената Дескоска. Во интервју за Телма таа истакнува дека оваа идеја била ставена на маса од страна на Министерството во преговорите со опозицијата за […]

Холандскиот амбасадор Воутер Пломп за „Независен“: СЈО треба да остане, а тој што се огрешил да одговара


Холандскиот амбасадор Воутер Пломп си заминува од земјава бидејќи му заврши четиригодишниот мандат. Во интервју за „Независен весник“, тој нагласува оти секој што се огрешил пред законите – мора да одговара, алудирајќи на последните случувања околу СЈО, но институцијата мора да продолжи да работи. Тој смета дека предвремените избори не се решение за моменталната политичка […]