Во судирот во Северното Море учествувале танкер со реактивно гориво и товарен брод што пренесувал натриум цијанид


Товарниот брод „Соулонг“ (Solong), кој денеска се судри со американскиот танкер „Стена Имакјулат“ (MV Stena Immaculate) во Северното Море, недалеку од источниот брег на Велика Британија, превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, соопшти поморската информативна агенција Лојдс Лист Интелиџенс (Lloyd’s List Intelligence). Според податоците од британската крајбрежна стража, на бродот имало и неодредена количина алкохол. […]

Се судрија два трамваи во Стразбур, повредени 50 лица, петмина потешко (видео)


Околу 50 лица се повредени денеска во судир на два трамваи во тунелот на станицата во Стразбур Бас-Рин, соопштија полициски извори за локалните медиуми. Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени. 🔴 ALERTE INFO – #FaitsDivers : Deux tramways sont entrés en collision dans le tunnel de la gare à #Strasbourg. Selon un premier […]

Најмалку 15 загинати при судир на камион со возило во канадската провинција Манитоба


 Најмалку 15 лица загинаа синоќа кога камион се судрил со возило во кое се превезувале постари патници во близина на градот Карбери во централната канадска провинција Манитоба, соопшти полицијата. „Потврдена е смртта на 15 лица“, изјави на прес-конференција полицискиот претставник Роб Хил, додавајќи дека „10 лица се пренесени во болница со различни повреди“. Поголемиот дел […]

Како се судираат две мртви Сонца


Астрономите за првпат во историјата успеаја да детектираат судир меѓу две неутронски ѕвезди, односно мртви сонца со помош на нов телескоп, јавува „Би-Би-Си“. Според астрономите, неутронските ѕвезди се клучни за разбирање на вселената. Всушност тоа се големи, тешки ѕвезди од кои само делче големо колку мала лажичка за чај тежи четири билиони тони. Неутронските ѕвезди […]

Судир на косовската полиција и ветераните на ОВК во Приштина, повредено едно лице


Пред Собранието на Косово денеска дојде до судир меѓу полицијата и ветераните нас ОВК, кои ги растурија безбедносните огради и влегоа во дворот на собранието. Притоа со повреди се здобил еден полицаец, јави Економија онлајн. Претседателот на ОВК, Фатон Кљинаку изјави дека законот за минимална плата не треба да биде изгласан во Собранието. Со законот, […]

Караџовски и Дескоска не сакаат да се видат


Клучните луѓе во правосудството кои треба до јуни идната година суштински да го подобрат судството – претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски кој има централна улога во коригирањето на состојбите во однос на одговорноста на судиите и министерката за правда, Рената Дескоска, која ги води законските измени за реформите во судството – никако не можат […]

(ВИДЕО) Карамбол кај „Александар палас“ поради голомразица


Голомразица утрово предизвика застој на сообраќајот на мостот преку реката Вардар кај хотелот „Александар палас“. На видеото се гледа дека неколку возила се судриле при што некои дури излетале од патот во близина на хотелот „Александар палас“. Иако утрово температурата во Скопје изнесуваше само неколку степени под нулата, тоа беше доволно на некои места во […]

(ВИДЕО) Судирот меѓу хеликоптерот и авионот се случиле над имотот на Ротшилд


Мал патнички авион „цесна“ и хеликоптер се судриле денеска над имотот Ајлсбери на баронот Јакоб Ротшилд. Британската полиција потврди дека неколку лица загинале во инцидентот, а медиумите објавија снимки од остатоци од леталата. Авионот и хеликоптерот полетале од аеродромот Вајкомб, каде вообичаено се обучуваат пилоти почетници. Петнаесетина минути по полетувањето, околу пладне по локално време, […]

Судар меѓу комбе и автобус кај Кичево, повредени ученици


На патниот правец Демир Хисар-Кичево, утрово во 7:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир […]