Одложено судењето за „Беса транс“ – не дојде сведок од Царина


Поради отсуство на претставник на Царинската управа како сведок предложен од страна на Јавното обвинителство, денешното рочиште на судењето за „Беса транс“ се одложи. Следното рочиште е закажано на 1 мај. Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Адвокатот на оштетените за „Ласкарци“: Не може вината да биде само на возачот


Адвокатите на оштетените во судскиот случај „Ласкраци“ реагираат на изјавите по испитувањето на вештите лица, дел од тимот што го изготвил машинското вештачење. Адвокатот, Владимир Николовски во изјава за медиумите истакна дека според него пропаднал обидот на супервештаците целата вина да се префрли само на шестообвинетиот, на возачот, а сите други кумулативни пропусти на останатите […]

Сослушани седум сведоци за пожарот во тетовската модуларна болница, ново рочиште на 16 февруари


На денешното рочиште од судењето за пожа рот во тетовската модуларната болница во кој загинаа 14 луѓе, беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговораа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти. […]

Продолжува судењето за модуларната болница во Тетово


  Во Основниот суд во Тетово за денеска е закажано продолжението на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кога загинаа 14 луѓе. На 16 јануари годинава немаше рочиште и судењето беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, економскиот директор на Клиничката болница Артан Етеми, кој имаше смртен случај. За продолжување […]

Со сведоци на Обвинителството треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница


  Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе.  На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот […]

Мухамед Зеќири не се чувствува виновен, Обвинителството тврди дека ќе го докаже товарот


Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот. Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар […]

Денеска е четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


    За денеска во Основниот суд во Тетово е закажан четвртиот обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица. Судијата Јордан Велковски на 8 ноември судењето го одложи за 7 декември […]

Судењето за терористичките напади во Брисел ќе чини над 35 милиони евра


 Судењето за терористичките напади во бриселското метро и на националниот аеродром, што се случи во 2016 година, ќе чини 35,3 милиони евра, покажуваат документите на белгиското Министерство за правда. Тоа ќе биде најскапото судење во историјата на Белгија, при што ќе бидат сослушани повеќе од 350 сведоци. Белгија одлучи судењето да се одржи во старите […]

Обвинителката Трајчевска побара осудителна пресуда за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


 Имајќи предвид дека откако оштетениот паднал на асфалтот истиот бил удиран од страна на обвинетите, додека беспомошно лежел, зборува дека обвинетите имале умисла за извршување на кривичното дело и дека биле свесни дека може да настане штетна последица, посочи обвинителката Тања Трајчевска во завршните зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој […]

Одбраната изнесува докази во судењето за убиството на Тот


Со изведување докази од одбраната, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во скопскиот Градски парк. На претходното рочиште, на предлог на одбраната сведочеа д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија, кои ја […]

Трет обид за почеток на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


  Во Основен суд – Тетово денеска во 10 часот треба да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица. По десетмесечната истрага, почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи […]

Анџело Ѓорѓиевски имал слаби мускули на раката со која го удрил Тот


Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 9 ноември, откако денеска од страна на одбраната беа изведени докази во Основниот Кривичен суд Скопје. На судењето беа повикани Д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и Д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија […]

Алиспахиќ: Треба да се направи дистинкција помеѓу сообраќајката во Бугарија и судењето за случајот „Беса Транс“


Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“. – Ние […]

Првото рочиште за случајот „Беса Транс“ одложено за 15 ноември


 Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, е одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. На судењето, обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител […]

Одложено судењето за пожарот во модуларната, обвинети не нашле адвокати


По втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница. Овој пат причина беше тоа што двајца од обвинетите Бобан Вучески и Артан Етени немаа обезбедено адвокати кои ќе ги бранат во процесот. Судијата Јордан Велковски го одложи за 8 ноември во 10 часот. До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството […]

Закажано продолжение на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


  Во Основниот суд во Тетово денеска треба со почеток во 10 часот треба да се одржи рочиште во судскиот процес за пожарот во тетовската модуларната болница. Судењето требаше да почне на 6 септември, но беше презакажано за денеска, откако судијата Јордан Велковски го одложи почетокот на процесот поради отсуство на двајца од тројцата обвинети. […]

Вешти лица: Обвинетите за убиството на Тот биле со запазено психичко здравје


Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи доказната постапка за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. На денешното рочиште сведочеа две вешти лица од Судската медицина. Вештото лице Ана Ивчева рече дека настанатите повреди се […]

Продолжува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот


 Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје. Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување докази од обвинителството, откако на минатото рочиште беа сослушани вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова […]

Одложено рочиштето за Рашковски, судијката добила внука


Судијката Ленка Давидкова добила внука, па судењето за Драги Рашковски експресно се одложи. Ова е прво рочиште по летните одмори за ексгенералниот секретар кој се гони за јавни набавки и делење хонорари од Генералниот секретаријат, пишува Макфакс. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска веднаш откако влезе во судницата, кажа дека нејзината колешка морала да замине. Дел од обвинетите […]

Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, не дојдоа обвинетите


Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово и се презакажа за 14 октомври во 10 часот. До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Ф.Б и […]