Судењето за злоупотреба на спортските ваучери почна одново


По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за кое се обвинети 12 лица меѓу кои поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Сите 12 обвинети, на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни. Воедно, дел од […]

Љупчо Палевски – Палчо бара изземање на обвинителката и целото скопско обвинителство


Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на денешното судско рочиште побара изземање на обвинителката Жаклина Јосифовска, но и на целото скопско обвинителство. Судијата Ивица Стефановски го одложи судењето за 3. февруари, нагласувајќи дека ќе остави време за Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, да се произнесе по барањето […]

По презентирање на снимки, Палевски ќе бара изземање на цело обвинителство


 Со изведување на видео записи од безбедносни камери денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.  Судењето продолжува на 27 јануари.  Обвинителство […]

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница


По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е […]

Ден пред Нова Година ќе се изрече пресудата за родителите на момчето што убиваше во „Рибникар“


Вишиот суд во Белград ја закажа пресудата за случајот на родителите на ученикот КК кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Вишиот суд во Белград ја закажа пресудата за родителите на момчето, Владимир и Миљана Кецмановиќ , за 30 декември 2024 година, а познато е дека пресудата ќе биде отворена за […]

Вања е убиена во ладнокрвна егзекуција додека клечела и со еден куршум


  Во Кривичниот суд започна изведувањето на материјални докази за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски со кои се објаснуваат последните моменти пред тие да бидат ликвидирани, а и начинот на кои се убиени. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека еден куршум од 9 милиметри бил пронајден во главата на Вања Ѓорчевска при […]

За убиството на Вања и Панче сведочеа полицајци кои го вршеле претресот во домот на Палчо


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со сведочење на вишиот инспектор Елвис Ибрахими и сведокот Тодорче Ѓорѓиевски од Единицата за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, кои биле присутни при претресот на домот на обвинетиот Љупчо Палевски. Ибрахими, кој […]

Сведокот во случајот за убиствата на Вања и на Панче е во бегство, запалил и кафуле


Гоце Трајковски, лицето кое требаше да се појави како сведок на судењето за убиството на Вања и Панче е недостапен за органите на прогон. Осомничен е од 13 ноември во случај за палење на објект – кафуле во Кисела Вода и од тогаш е во бегство. Двајцата негови соучесници се фатени и против нив е […]

Кешишов ја смени писмената изјава, Палевски го натерал да ја напише


  Влатко Кешишов, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска направи нов пресврт во процесот, велејќи дека писмената изјава што ја достави на минатото рочиште била напишана под притисок на главниот осомничен Љупчо Палевски. Во таа изјава напишана рачно стоеше дека Палевски во деновите на убиствата на Вања Ѓорчевска и […]

Сведочење на вработен во „Safe city“ за двојното убиство на Вања и Панче


На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје. – Вршевме пребарување на подрачје на Град Скопје, потоа пребарувавме […]

Обвинителство: Доказите против Палевски се цврсти – денеска продолжи судењето


Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека нема да влијае изјавата на Влатко Кешишов која минатата недела ја промени на посмено во истражниот затвор Шутка. Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни […]

Палчо, во деновите на убиствата поправал котел кај еден од сведоците, а на друг му должел 15.000 евра


Во Кривичниот суд, денеска, продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, каде како сведоци се јавија Еролд Османи кој сведочеше дека во деновите на убиствата обвинетиот Љупчо Палевски бил кај него и му го поправал котелот на палети, а другиот сведок Ламбе Бучков рече дека Палчо му должел 15.000 евра. Еден ден […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.  На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија […]

Таткото на Александар Ѓорчевски: Син ми беше зависник, но се излекува пред да се ожени


Во продолжение на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска пред Кривичниот суд сведочеше Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања и татко на Александар Ѓорчевски. Зоран зборуваше за денот кога е исчезната Вања, и како се одвивала комуникацијата со семејството. -Во постојан контакт сум со семејството. Се јавив да прашам како […]

Гоце, пријателот на таткото на Вања не дојде да сведочи – имал паничен напад


Гоце Трајковски, пријател на таткото на убиената Вања кој заедно со Александар собирале и гледале снимки по нејзиното грабнување, не се појави на суд на денешното судење за убиството на Вања и Панче. Обвинителството не успеало да го обезбеди, а неговата мајка кажала дека имал паничен напад и висок крвен притисок. Пред судот сведочат родителите […]

Палевски му кажал на адвокатот дека е во Турција, додека овој бил во полиција


Во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше адвокатот Васко Стојков, кој го возел до Белград Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На прашања од обвинителката Жаклина Трајчевска на судската расправа тој изјави дека на 30 ноември 2023 година бил во Белград со обвинетиот Љупчо Палевски. Прашан за причината за посетата, […]

Сведокот Џолев: Кешишов и Манев имаа поданички однос кон Палевски


Членови и симпатизери на „Десна“ сведочеа во случајот со убиството на Вања и Панче Членови и симпатизери на политичката партија „Десна“ денеска во Основен кривичен суд Скопје сведочеа во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие споделија за нивниот ангажман во партијата, познанството со обвинетите и моментот на претрес на просториите на […]

Сведочи тетката на Вања, вели дека таткото се однесувал како да се работи за организирано грабнување


На денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче, сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица, мајката на Вања. Таа вели дека сите биле во паника, сите ја барале Вања, колешки на Зорица, инспектори… Гледале снимки, од кои констатирале дека е земена од пред врата, бидејќи на ниту една снимка не се гледало дека […]

Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче


Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.  На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, како и повеќе лица […]

Таткото на Вања во погрешна група на Вибер пратил порака: „Кажи колку пари треба“, па ја избришал


Застрашувачки и неверојатни детали се изнесуваат при сведочењата на денешното судење по убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Така, обвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Влатко Кешишев им кажал на полицајците дека работеле по насоките на Љупчо Палевски, дека „тоа било одлука на Палчо“ откако тие го прашале што знае за […]