Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите


 Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по […]

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија […]

Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата


Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште на кое требаше да биде донесена пресудата против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури. кој на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола на пешачка патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Како што информираше […]

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември


  Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ „Идризово“, соопшти Кривичниот суд. Обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското […]

Одложено судењето за таткото на Васил Јованов поради отсуство на обвинителот


 Судењето против Зоран Јованов, обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, денеска беше одложено во Основниот кривичен суд во Скопје поради отсуство на обвинителот Александар Марковски. Според информациите, Марковски најавил присуство на Варшавската конвенција, поради што не присуствуваше на рочиштето. Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со […]

Продолжува судењето за Онкологија 2


 Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за случаот Онкологија 2 кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. На претходното рочиште сведочеше медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за […]

Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не


Онкологот Мери Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила […]

Се бара доживотен затвор за Палевски, Видевски, Кешишев и Манев за убиствата на Вања и Панче


  Обвинителката Ана Стоилковиќ-Димитровска имаше завршни зборови за убиствата на Вања и Панче, и побара доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев. „Ниту една казна нема да биде доволно за семејствата на жртвите“, рече обвинителката Димитровска во завршните зборови. Таа објасни зошто обвинителството бара ваква казна. „Истите лица слушаат внимателно […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на Обвинителството


Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинителството. На изминатото рочиште обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 11 јуни со завршен збор на одбраната


Обвинителството денеска започна со завршен збор за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во кој обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на товар. Завршнот збор на Обвинителство продолжува […]

Обвинителката во завршните зборови на судењето за Вања и Панче: Убиство на дете е сурово и монструозно


  „Убиство на дете не е само чин на суровост и бруталност туку директен напад врз човечноста и општеството“, рече обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска во завршните зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче, што се одржува денеска. Обвинителството смета дека нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое не им сторило ништо на […]

Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само […]

Во Кривичен прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основниот Кривичен суд Скопје со почеток во 10 часот. На изминатото рочиште заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски кој негираше насилни кривични дела и изјави дека мотивот за убиство е нелогичен и недокажан. На денешното рочиште се очекува да заврши доказната постапка и да се […]

Завршни зборови за случајот модуларна во Тетово


Се читаат завршните зборови за случајот модуларна болница Tетово во Oсновниот суд Tетово. Се очекува повторена судска одлука за обвинитете. Поранешните директори на тетовската болницва Флорим Бесими и Артан Етеми како и за  правното лица Клиничка болница Тетово.  Сите се обвините за кривично дело тешки дела против општата сигурност.  Инаку главната расправа за повторениот судски […]

Судење за Фросина: Васил призна вина – пред сообраќајката поминал и на две полни ленти


 Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото. Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од […]

Во белешките на УБК стои дека Палевски планирал атентат на Заев? Во Хрватска условно е осуден


Љупчо Палевски, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, денеска во судот обвини за политички прогон. Тој одговараше на прашања од обвинителките. Обвинителките се повикаа на податоците од казнената евиденција на Палевски и рекоа дека тој бил осудуван повеќе пати во текот на изминатите 20 години. – Осуден сте со правосилна пресуда […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски негираше […]

Таткото на момчето-убиец шокира со изјавата: „Го застрела својот најдобар пријател…“


Таткото на момчето кое уби девет свои врсници и еден од обезбедувачите на училиштето во основното училиште „Владислав Рибникар“ сведочеа во петокот во Белград. Таткото на убиецот на момчето, кој уби 10 лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година, сведочеше пред Вишиот суд во Белград во петокот. Тој рече […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април


 Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Следното рочиште треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни […]

Aдвокатот на Палевски не можел да дојде на судење


Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски се одложува за 23 април поради отсуство на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски. Нема да се одржи закажаното рочиште на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека […]