Ново рочиште за нападот врз Села


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На претходното рочиште во понеделникот, за нападот врз Села и за случувањата во Собранието сведочеа пратеникот Мухамед Зекири и полицајците Абдулфетах Аљими и Игор Јанакиев. Во овој […]

Случај „Монструм“: Заев манипулира, вмешан е и Бејта


Повторното судење за случајот „Монструм“ кој се однесува на убиството на петте момчиња на Смилковско езеро е одложено за 15 мај. Причина е отсуството на обвинетиот Фејзи Азири, кој вчера бил хоспитализиран на одделението за пулмологија во скопскиот клинички центар. Неговиот адвокат Насер Рауфи донесе потврда за хоспитализација, што ја разлути специјалната обвинителка Фатиме Фетаи […]

Прво рочиште за „Монструм“ откако го презеде СЈО


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година. Предметот „Монструм“ минатиот месец го презеде Специјалното јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во фаза во која бил прекинат и […]

Продолжува судењето за нападот врз Села


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникoт на СДСМ, Мухамед Зекири. На минатото судење, што траеше шест часа, беа сослушани […]

Продолжува судењето на Зоран Заев за „Поткуп“


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, треба да продолжи слушањето на разговорите од Посебните истражни мерки (ПИМ). Слушањето на разговорите од ПИ мерките поврзани со предметот почна на минатото рочиште без присуство на јавноста во судницата. Премиерот Заев по завршувањето на минатото рочиштето рече дека […]

Адвокатите на Канческа – Милеска бараат јавноста да не ги слуша бомбите за „Тендери“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна рочиштето во предметот на СЈО „Тендери“ што се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје. Првообвинета во овој случај е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, која е присутна на денешното рочиште на кое треба да се сослушуваат аудио снимки кои […]

Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“. Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, а во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски […]

Продолжува судењето на Заев за „Поткуп“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. На претходното рочиште што траеше шест и пол часа, беше сослушан струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, како сведок во овој случај. Сачевалиев рече дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била […]

Груевски, Јанакиески, Јанкулоска на судење за изборните нерегуларности


Ново судско рочиште денеска треба да се одржи за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети 21 лице, меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Тие се […]

Груевски наместо на седница за доверба на владата, ќе биде во суд за „мерцедесот“


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. На вчерашното целодневно рочиште се слушаа прислушувани разговори кои се доказ во […]

Прекинато судењето за луксузниот „мерцедес“


Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на  поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави правосудство.мк.  Адвокатот Димитар Дангов цени дека треба да се провери кои судии се јавуваат во т.н. „бомби“, а за што говореше […]

Бомбите за луксузниот“мерцедес“ денеска ќе се слушаат во судница


Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Тенк“. На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението и да се презентираат и другите материјални докази. Во предметот „Тенк“ на СЈО обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за […]

И Заев ќе сведочи на судењето за Села


Премиерот Зоран Заев ќе биде сведок на судењето за обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, дознава „Макфакс“. Предлогот дошол од еден од адвокатите на одбраната по дел од изјавите на Заев дадени во јавноста и медиумите за овој настан кој се случи на 27 април 2017 година во законодавниот дом. Адвокатите и […]

Груевски доцнеше на судење, го опоменаа, па се извини


Со задоцнување од 15 минути, екс премиерот Никола Груевски се појави на судското  рочиште „ТНТ“, предмет кој се однесува за уривањето на објектот Космос на Фијат Цановски. Судијата Огнен Ставрев го опомена Груевски дека доцни, по што тој се извини. На денешното рочиште е предвидено да се слушаат „бомбите“ предложени од СЈО како доказен материјал. […]

Груевски и Јанакиески во судот ќе ги слушаат „бомбите“ за „Космос“


Вкупно 16 разговори од таканаречените „бомби“ и десет кои јавноста ги слушна треба да бидат пуштени во судницата на кривичниот суд за предметот на СЈО со кодно име „ТНТ“. Освен прислушуваните разговори кои траат приближно час и половина, како дел од доказите се и смс-пораки меѓу обвинетите кои ги праќале договарајќи се како да го […]

Иван Николов: „Кога бев во МВР да го пријавам Заев го сретнав случајно Чавков“


Сведокот Иван Николов (70), кој се јавува и како оштетен во случајот „Поткуп“, за само два часа, даде две сосема спротиствени видувања за конкретниот настан. Николов, по поставени прашања од застапникот на обвинението, прво тврдеше дека актуелниот премиер Зоран Заев, во својство на градоначалник на општина Струмица, му барал пари, а потоа тврдеше дека за […]

Подигнато обвинение против Саркози


Поранешниот француски претседател Никола Саркози е обвинет во рамки на истрага за либиско финансирање на неговата изборна кампања за претседателските избори во 2007 година, јавија француски медиуми повикувајќи се на судски извори. Саркози е обвинет за „пасивна корупција, илегално финансирање изборна кампања и влијание врз либиските јавни средства“, прецизирал изворот. Според него, поранешниот претседател на […]

(ФОТО) Судењето за „Траекторија“ почна со пауза


Судењето за случајот на СЈО „Траекторија“ само што почна во Кривичниот суд во Скопје и веднаш беше дадена пауза од еден час, затоа што адвокатот Димитар Дангов побара време да се појави во Врховниот суд каде што се одлучува по жалбите за притворите на дел од осомничените за настаните во парламентот на 27 април минатата […]

Судењето за „Тарифа“ продолжува на 22 март со сослушување сведоци


Во случајот на СЈО „Тарифа“ кој се однесува за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра, денеска во Кривичниот суд беше сослушан сведокот Игор Трпевски. Тој од август 2017 е член на УО и директор на Секторот за развој и инвестции во […]

Експресно распрашани сведоците за скапиот „мерцедес“


Само еден час му беше потребен на специјалниот јавен обвинител Стефчо Донев да ги распраша тројцата сведоци во случајот „Тенк“, кој се однесува на луксузниот „мерцедес“набавен за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски. Обвинителот, како што јавува правосудство.мк,  немаше многу прашања за двајцата вработени во Министерството за внатрешни работи и за претставникот на „Мак Авто-Стар“, […]