Почнува исплатата на субвенциите за тутунот


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017. По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски ќе одржат прес-конференција во село Ивањевци, општина Могила, на која ќе соопштат […]

Во четврток почнува исплатата на субвенциите за тутунот


Во четврток ќе почне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Платежната агенција во моментов ги подготвува решенијата по што ќе следува исплатата на субвенциите. Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари. МЗШВ наведува дека годинава се постигна […]

Исплатата на субвенциите за тутунот почнува идната недела


Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017 ќе почне следната недела, а зголемени субвенции ќе добијат над 23.400 тутунари, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, од денеска до крајот на оваа недела Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија по што ќе следува обработка на решенијата […]

Тутунарите ќе ги добијат субвенциите по административните проверки


Премиерот Зоран Заев попладнево соопшти дека субвенциите за тутунот се обезбедени, а производителите ќе ги добијат по целосно завршување на административните проверки, но не подоцна од десет дена. Одговорајќи на пратенички прашања, Заев нагласи дека Министерството за земјоделство пред секое исплаќање на поддршката мора да ги провери сите податоци. – Сакам да знаат и земјоделците, во […]

И Општина Карпош ќе дава до 3.000 денари субвенции за велосипед


Општина Карпош ќе доделува субвенции за купување нов велосипед, најави денеска градоначалникот Стефан Богоев. Субвенцијата ќе биде во износ од 30 отсто од сумата на велосипедот, но најмногу до 3.000 денари. Субвенциите ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен”, се до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот. За старт на оваа мерка […]

Град Скопје распиша повик за субвенции за велосипеди


Со цел да ги стимулира скопјани да користат велосипеди, Градот Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Граѓаните кои ќе купат велосипед заклучно со 31 август 2018 година, ќе им надомести 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 […]

Почнува пријавувањето за субвенции за велосипеди од Град Скопје


Од утре почнува пријавувањето за субвенции за купување велосипед што ќе ги доделува Град Скопје. Огласот за пријавување со наведените критериуми ќе биде објавен на официјалната веб страна на Град Скопје и во дневниот печат. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед по лице ќе изнесува 50 отсто од вредноста на велосипедот, но […]

Град Скопје ќе дава до 3.000 денари субвенции за купен велосипед


Градските власти и годинава ќе даваат субвенции за купување велосипед. Советот на Град Скопје денеска одлучи максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед по лице да изнесува 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице. Ќе се субвенционира и купување на рачен велосипед и рачен велосипед со […]

Почна рокот за поднесување барања за субвенции за млекото


Од денеска тече рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2017 година. Рокот за пријавување трае до 16 мај, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на поддршката изнесува четири денари по литар за […]

Град Скопје објави оглас за субвенции за печки на пелети


Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, […]

Субвенции за поголема енергетска ефикасност во домовите


Министерството за економија и годинава ќе го субвенционира подобрувањето на енергетската ефикасност на домовите и во текот на месецов ќе ги објави огласите за надоместок на дел од средствата за купени и вградени сончеви термални колекторски системи и за надоместок на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци што ќе бидат […]

Искористени парите за субвенционирање печки на пелети


Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата за годинава, информира Министерството за економија. На оние кои купија печки на пелети, по објавување на јавниот повик на 31 јануари годинава, и аплицираа со потребните документи, им се овозможи надоместување на […]

Владата ги зголеми субвенциите за тутун


Почнувајќи од реколтата за 2017 година тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции за килограм предаден тутун, најави денеска министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тоа, како што рече, на денешната прес-конференција е овозможено со прифаќањето на уредбата за директни плаќања за 2018 година донесена на денешната седница на Владата со која е дефинирано субвенцијата […]

Над шест милјарди денари субвенции за земјоделството


Со усвојувањето на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2018 година продолжува исплатата на субвенциите за земјоделците. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека со програмата се предвидени 6.210.500.000 денари. Субвенциите се исплаќаат за две буџетски години, за 2017 и до 30 јуни годинава кога е законскиот рок. – Во Програмата за […]

Студентите ќе добиваат субвенции за оброк и други студентски потреби


До 31 мај годинава треба да бидат изготвени законските и подзаконските акти за имплементација на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“. Проектот кој денеска помина на владина седница, предвидува субвенции за оброк, автобуска карта, карта за театар, книга и други услуги по избор на студентот во текот на денот, а плаќањето ќе се […]

Се укинува условот, земјоделците да ги подмират обврските кон УЈП за да добијат субвенции


Земјоделците веќе нема да бидат обврзани прво да ги подмират обврските кон УЈП за да добијат субвенции. Ова е предвидено со најновите измени на Законот за земјоделство и рурален развој. – Се предлага за корисниците на средствата да престанат да важат условите за подмирени обврски по други основи кои не се во областа на земјоделството […]

Конкурсите за субвенции на домашна музика ќе бидат поништени


Примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција и опциите за разрешување на состојбата биле тема на состанок меѓу претставници на Министерството за култура и Македонската радио телевизија. Како што информираат во заедничкото соопштение, на вчерашниот состанок во Министерството за култура било констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува […]

Земјоделците бараат календар за субвенции 


Интервентен откуп, „зелена нафта“, изградба на објекти, основање фонд од шест милиони евра со можност за дополнитено зголемување, заштита од надворешни влијанија, стимулации за земјоделски задруги и намалување на ДДВ за лековите за сточниот фонд, се само некои од мерките од Предлог-петгодишната национална програма за субвенционирање во земјоделството што денеска се разгледуваше на јавна дебата […]

Незаконски се делеле субвенциите за пејачите


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски изјави дека по добивањето на одлуките на МРТ по објавен конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, денеска упатил инспекциски надзор којшто констатираше дека длабоко се пробиени роковите за носење на овие одлуки и согласно тоа одлуките треба да бидат поништени. – Од страна на инспекцискиот надзор, раководството […]

Министерство за култура: Одлуките на МРТ за субвенционирање на македонската музика создаваат дополнителни долгови врз буџетот


Во врска со објавените резултати и одлуки на МРТВ по објавен Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, Министерството за култура ја информира јавноста дека минатата година беа извршени јавни консултации со повеќе засегнати страни од кои произлезе заклучок дека Законот треба да се укине. Министерството за култура подготви предлог –закон за престанување […]