За внесување алкохол во собите на студентските домови следува забрана за живеење таму


Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом. Со законските измени, […]

За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите


Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во учебната 2024/2025 година е 4 889, што претставува намалување за 15 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика. Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните […]

Договор за реконструкција на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје (во живо)


Денеска, во 12.30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати и ќе присуствува на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје. На настанот обраќања ќе имаат и Јетон Шаќири, министер за образование и наука , Штефен Худолин, Вршител на […]

Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024


Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година. На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ – нови бараки и трета зграда, „Томе […]

Повторен конкурс за прием на студенти во државните студентски домови


Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Конкурсот е за вкупно 1205 места во девет студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Тетово. Студентите може да конкурираат за прием само […]

Ќе има ли утре парно греење и топла вода во „Стив“?


Дел од студентите сместени студентскиот дом „Стив Наумов“ вчера имаа средба со директорот на Државниот студентски центар – Скопје, Дарио Николовски, кому му ги раскажале проблемите со кои се соочуваат изминативе десетина дена – тоа што немаат парно греење во објектите и немаат топла вода во првата зграда. Ивана Ѓорѓиева, која веќе четири години престојува […]