Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите


 Краткото невреме проследено со силен дожд и ветер, кое го зафати Струмичко попладнево, предизвика неколку пожари во кои интервенираа тимови на ТППЕ Струмица во селата Моноспитово, Куклиш и Градско Балдовци каде имало запалено електричен столб и кабли, а на улица „Климент Охридски“ е интервенирано на запалено електрично броило, информираа струмичките пожарникари. Во населеното место Банско, […]

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот за Скопје не се пристигнати пријави за штети предизвикани од врнежите дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи. Во Струмички регион состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава […]

Извлечено 16-годишно девојче паднато во увала во Струмичко


  Центарот за управување со кризи вечерва информира за успешна акција за извлекување 16-годишно девојче кое паднало во увала во Струмичко во близина на манастирот „Свети Илија“, кое имало повреди на главата. Девојчето е пронајдено и зивлечено и во моментот е на лекување во струмичката болница. Како што сооптија од ЦУК, вечерва околу 20.30 часот […]

Пронајдени двете девојчиња од струмичко кои беа пријавени дека се изгубиле на екскурзија во Скопје


Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР. -Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, наведуваат од МВР. Девојчињата на возраст […]

Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари


Во земјава активни се два пожара, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и […]

Трговците од Струмичко стравуваат од недостиг на домати и краставици и изгор цени на пазарите на мало


 Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата  состојба е […]

Пораст на откупните цени на градинарските култури во Струмичко


Откупните цени на градинарските култури во Струмичко денеска бележат раст. Доматите се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, пиперките од 40 до 50 денари, краставиците од 10 до 30, а лутите пиперки за 20 денари за килограм. Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и велат дека во споредба со изминатите неколку […]

Локализиран пожарот кај селата Радичево и Дукатино во Струмичко


Локализиран е пожарот кој избувна вчера претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума. Пожарникарите и екипите на ЦУК и ЈП „Национални шуми“ -Струмица не дозволија да се прошири кон селото Дукатино. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, на местото на пожарот од утрово има […]

Пожар во Струмичко, горат 20 хектари нискостеблеста шума


Пожарот кој избувна претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума, се уште не е изгаснат, а пожарникарите се обидуваат да го запрат ширењето кон селото Дукатино. Според информациите од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествуваат две против пожарни возила и 10 пожарникари, а пожарот е делумно […]

Земјоделците од Струмичко реагираат на ниските откупни цени на доматите


Земјоделците од Струмичко реагираат на ниските откупни цени на доматите. Тие изминативе денови се откупуваат од 10-15 денари за килограм. Минатата недела откупната цена изнесуваше 20-25 денари за килограм. Производителите причината за падот на цената ја бараат во намалената побарувачка и зголеменото производство. – Иако полека навлегуваме во шпицот на производството на доматите, сепак овие […]

Тракторист во Струмичко се превртел и починал


А.С. (41) од село Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел по што, од здобиените повреди починал на самото место. Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера попладне околу 17:15 часот на локалниот пат од село Турново – село Бориево, Струмичко. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки […]