Со 3,5 милиони евра ќе се довршува стариот театар во Струмица


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамки на денешната посета на Струмица извршија увид на започнувањето на работите на доизградбата на стариот таетар, чија изградба  беше закочена цели седум години. Како што истакна Мицкоски, оттука испраќаат  јасна порака дека после 19 октомври овде во Струмица ќе има нов […]

Филипче: Младите социјалдемократи можат да ја подигнат партијата и да ја исправат државата


„Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача Венко Филипче, претседател на СДСМ, на собирот на младите социјалдемократи во Струмица.   Филипче испрати силна порака на мобилизација:  „Младите и членовите на […]

Костадинов ја одби средбата со министерката за финансии Димитриевска-Кочовска


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ја одбил средбата со министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, која ја побарала таа по јавната реакција на струмичани за недавањето согласност за вработување на негувателки и воспитувачи во градинките во Струмица, објави на неговиот фејсбук профил струмичкиот градоначалник. Во објавата тој наведува повеќе причини за одбивањето да се сретне со […]

Струмица воведува програма за велосипедска сообраќајна едукација на деца


Преку активностите во рамки на проектот „Струмица – Вело Град“, поддржан од Европската Унија, Струмица ја зајакнува свеста за безбедно и одговорно учество во сообраќајот на најмладите учесници – велосипедисти Струмица, 21 мај 2025 година – Во Струмица во тек е реализацијата на програмата „ВЕЛО БЕЗБЕДНОСТ“, прва од ваков вид во Македонија, насочена кон едукација […]

Нов Организациски одбор на Струмичкиот карневал треба да се избере до средината на јуни


Нов Организациски одбор на Струмичкиот карневал треба да се избере до средината на идниот месец откако преку јавни дебати ќе се утврдат критериумите за избор на нови членови, а одлуката треба да ја донесе Советот на Општина Струмица. Ова е заклучокот од денешната прва јавна дебата за избор на членови на ОО на Струмичкиот карневал. […]

Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко


Покачено е нивото на хидроакумулациите во струмичко во споредба од пред три месеци, посебно на поголемите, информира за МИA од АД „Водостопанство на Македонија“-Подружница „Струмичко Поле“ Струмица. Во најголемата акумулација „Турија“, од која со вода за пиење се снабдуваат општините Струмица и Василево, до вчера се собрани 20 милиони метри кубни вода од вкупно 50 […]

Струмица прв град на Балканот со поставени сензорски монитори за мерење на загадувањето на воздухот


Од денеска Струмица е првата општина во државата и на Балканот која започна да  гради хиперлокална мрежа од сензорски монитори која овозможува брзо и ефикасно во било кој временски период откривање на жаришта и извори на загадување на воздухот. На 6 локации во градот се поставени сензорски монитори, а нивниот број ќе се зголемува. На една […]

Поранешен директор на гробиштата во Струмица противзаконски издавал дел од капелата


На 29.04.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 и против Е.Н.(42), управител на правно лице од Струмица за сторено кривично дело „злоупотреба на […]

Струмица му подаде рака на Кочани – ќе му помага со искуство


-Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, денеска потпишаа Меморандум  за соработка меѓу двете општини, кој на првите наредните седници на советите ќе прерасне во Договор за меѓуопштинска соработка. Според струмичкиот градоначалник, на чија иницијатива се одржа денешната средба, сега доаѓа време кога на Кочани му е потребна институционална поддршка. […]

Место трговски, Струмица гради мега парк


Денеска започна да се гради нов мега парк во населбата Карпош во Струмица на површина од близу 40.000 метри квадратни. Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и советниците беа на увид на почетните градежни работи. Тој е горд на овој проект за кој рече дека претставува печат на неговите заложби за справување со загаденоста на амбиенталниот […]

Голем одрон на патот Струмица-Валандово, сообраќајот се одвива отежнато и забавено


 Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента. Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил од каде повика граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Ги повика и надлежните институции веднаш […]

Во Струмица почна вежбите за евакуација во училиштата


Од денеска Струмица започна со спроведување превентивни мерки за поголема безбедност на децата во општинските училишта.   Во соработка со ТППЕ Струмица беше реализирана вежба за евакуација во случај на пожар во ООУ „Кирил и Методиј“ во Дабиле.     Покрај показната вежба од страна на пожарникарите, учениците беа запознати и со основните мерки коишто […]

Во Струмица ќе се организираат вежби за евакуација во училиштата


 Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на Општина Струмица, во наредните денови ќе се организираат вежби во континуитет за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе се организираат со учество на Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Струмица, информираа струмичките пожарникари. Организирањето вежби за евакуација го […]

Пожарот во Струмичко под контрола – нема опасност по куќите


Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, информира вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој замина во Струмица. Претходно информиравме дека голем пожар на отворено беснее кај Струмица на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница. Од него беа загрозени куќи, но сега […]

(Видео) Голем пожар кај Струмица, ветрот го шири неконтролирано во повеќе правци, загрозени куќи во селото Баница


Голем пожар на отворено беснее кај Струмица на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баница, каде се загрозени куќи. Сите пожарникари на ТППЕ Струмица се на терен и се обидуваат да ја скротат огнената стихија која неконтролирано се шири во повеќе правци. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот почнал да се […]

Осмомартовски марш на СДСМ во Струмица, Филипче порача дека борбата продолжува додека рамноправноста не стане реалност


Без силни жени немаме силна иднина, тие се движечката сила на нашето општество, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на 10. Осмомартовски марш во Струмица по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот е во организација е Форумот на жени СДСМ, а годинешниот слоган е „Исправени заедно за еднаквост, […]

Градоначалникот Костадинов бара разрешување на сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска преку објава на неговиот фејсбук-профил соопшти дека на првата наредна седница на Советот ќе побара да бидат разрешени сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал. Објавата доаѓа пред одржувањето на Интернационалната карневалска поворка, најважен настан на Струмичкиот карневал, што се одржува вечерва, а како што наведува Костадинов, немал […]

Струмица е ставена на гилотина, се жали градоначалникот Костадинов


  Владата ѝ должи на Општина Струмица повеќе од еден милион евра поврат на данок на додадена вредност, а исто така со месеци добива помали дотации од она што законски ѝ следува, поради неисполнување на обврските кон локалната самоуправа проблеми има и јавното претпријатие за гас, а намалени биле и дотациите за основните и средните […]

Стариот струмички театар се гради 11 години, ново ветување дека ќе биде завршен догодина


 Годинава ќе продолжи изградбата на стариот струмички театар, кој почна да се гради кон крајот на 2014 година и треба да биде предаден во употреба до крајот на 2026 година. Ова го најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на прогласувањето на Гевгелија за град на културата за оваа година на почетокот на февруари. […]

Костадинов: Загадувањето во Струмица е намалено за 50 отсто, инспекциските надзори даваaт резултат


Од 3 до 19 февруари просечната загаденост на воздухот во Струмица е намалена за 50 отсто во просек или преку пример: ако минатата година просекот на ПМ 10 честички во воздухот се движел околу 100 ПМ 10 честички на метар кубен, во првите две недели од февруари оваа година просекот се движи околу 50 ПМ […]