Осум компании од Австрија заинтересирани за инвестиции во патната и железничката инфраструктура во земјава


Делегација од осум австриски компании заинтересирани за соработка со градежни компании што работат во областа на инфраструктурата и со институции кои распишуваат тендери во истата област денеска се присутни на бизнис форум во Стопанската комора. -Денеска имаме микс на македонски институции и компании кои ќе стапат во разговор со австриските компании. Се надеваме дека од […]

Над 160 компании алармираат за проблеми поради кризата, најалармантно е во градежништвото


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска предупреди на состојбите во реалниот сектор, нагласувајќи дека од 160 компании добиваат се поалармантни и загрижувачки информации. Тој вели дека податоците ги обработуваат по што ќе ги проследат до јавниот сектор. За ваквите состојби станало збор и на седница на Управниот одбор на комората која […]

Во Стопанската комора почна Програмата за развој на стартап бизниси


Последните две години земјава бележи послаби резултати во стартап еко системот. Има помалку нови прозводи, претприемачи и фирми. Сепак, услугите, дигитализацијата и зелената економија, се сферите во кои постои најголем интерес за почнување стартап бизнис, а тука се сконцентирани и најголемиот дел од размислувањата за иновации. Во овие сегменти е и најголемата поддршка, техничка и […]

Почеток на Програма за развој на стартап бизниси во Стопанската комора на Северна Македонија


Во насока на континуирано спроведување и реализирање на зацртаната агенда, покрај веќе отпочнатите шестмесечни обуки за Бизнис лидери и за Развој на мали и средни бизниси, денеска Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора на Северна Македонија започнува со реализација на првата четиримесечна Програма за развој на стартап бизниси, што […]

Компаниите сами да одлучат дали ќе „одмораат“ во недела или не, бара Стопанската комора


Компаниите самостојно да одлучат дали ќе „одмораат“ во недела или не, согласно динамиката и спецификата на нивната дејност. Да се најде посоодветно законско решение од актуелното кое многу фирми става во нерамноправна положба, зашто ќе се постигне спротивен ефект од оној што сакал да го постигне законодавецот, апелира денеска Стопанската комора. Комората предупредува дека доколку […]

Азески на средба со претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, денеска ќе ја прими претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, со која ќе разговараат за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави. Како што информираат од комората, како значаен сервис на стопанството, посветени на создавањето поповолен бизнис и на промовирањето економски капацитет и потенцијал за меѓусебна […]

Стопанската комора на чело на Платформата за јавно-приватен дијалог


Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор посÑ �ојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес. Но, и во такви услови постои блокада на сфаќањата дека тоа мора да се негува и да се надградува, вели претседателот на Стопанската […]

Стопанската комора ги оспори пред Уставен суд законите за недела неработен ден


Стопанската комора на Северна Македонија ги оспори денеска пред Уставниот суд законските решенија кои овозможија неделата да биде неработен ден за повеќето вработени во земјава. Како што извести на интернет страницата Уставниот суд, денеска од Комората биле поднесени две иницијативи. Во едната, подносителот ги оспорува членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и […]

Стопанска комора: Штетни се изјавите на некои пратеници за дозволениот увоз на тутун


Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Северна Македонија ги смета за штетни изјавите во јавноста според кои увозот на тутун го загрозува откупот на домашното производство. Комората потсетува дека откупните компании во земјава пред почетокот на секоја сезона склучуваат договори со производителите на тутун и согласно Закон се обврзани […]

Стопанската комора ќе презентира анкета за странски директни инвестиции


  Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе презентира анкета за странски директни инвестиции,  како и резултати од работењето за оваа година на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Информацијата на прес-конференција ќе ги претстават претседателот и потпретседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо и Боријан Борозанов.

Бизнис секторот задоволен од Предлог-измените на Законот за царинска тарифа


Бизнис секторот е задоволен од Предлог-измените на Законот за царинска тарифа со кои трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 производи кои се увезуваат во земјава. Ова, како што велат, ќе влијае на зголемувањето на конкурентноста на домашните компании. Царинските стапки во земјава, како што посочуваат од Стопанската комора на Северна Македонија, се […]

Македонските компании покажаа жилавост во време на криза, вели Азески


Македонските компании покажаа жилавост во време на кризи и се во фаза на изнаоѓање на одбранбени решенија кои ќе ги задржат во игра до моментот кога ќе почнеме да излегуваме од кризата, вели првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој е внимателен околу прогнозите за економијата. Одговарајќи на новинарски прашања по […]

Стопанската комора кадровски го заокружува концептот „Комора на иднината“


Со назначувањето на Михајло Донев за в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаење, Стопанската комора на Северна Македонија го заокружи промовирањето на концептот „Комора на иднината“. Донев доаѓа на функцијата по пет и пол години работа во Комората на различни позиции во областа на образованието, едукацијата и работата на проекти. Според претседателот на Комората, […]

Место арбитража сè уште се претпочита судски начин за решавање на стопанските спорови


И покрај тоа што арбитражата е еден од најдобрите и најбрзи начини за решавање на стопанските спорови во нашата држава компаниите сè уште недоволно ја користат како можност, бидејќи го претпочитаат судскиот начин за решавање, велат од Постојаниот суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Оттаму посочуваат дека оваа практика полека се менува во […]

Македонски бизнисмени во Атина на средби со грчки колеги


Делегација на Стопанската комора на Македонија денеска во Атина ќе учествува на еднодневен бизнис форум и и билатерални средби со грчки стопанственици. Бизнис форумот го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со Атинската трговско-индустриска комора во насока на интензивирање на економската соработка меѓу двете држави. Во составот на делегацијата од Стопанската комора на Македонија ќе има […]

Малите економии мора да бидат конкуретни и отворени кон светот


Бизнисмените во малите држави како Македонија немаат голем избор. Мора да бидат отворени кон светот и да воведуваат нови технологии за да може да бидат конкурентни на светските пазари, сметаат претставниците од бизнис секторот кои денеска учествуваат на Самитот на мали земји што го организира Стопанската комора на Македонија. Според Мојмир Оцвирк од Словенија, најважно е […]

Заев: Да се искористи потеницијалот за соработка со Турција


Премиерот Зоран Заев на работна средба со седнаесетина компании членки на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО ги потврди заложбите на Владата на Република Македонија да ја интензивира економската соработка со Република Турција и посочи дека токму ваквиот тип на средби се во правец на остварување на тие заложби. Како што соопшти владината прес-служба Заев […]

Стопанските комори на Македонија и Србија го поддржуваат договорот за брашното


Стопанските комори на Србија и Македонија го поддржуваат договорот постигнат во Скопје од страна на ресорните министри на двете земји, со цел изнаоѓање на трајно решение за проблемот на меѓусебна трговија со брашното. Како што е објавено на официјалната веб страница на Стопанската комора на Србија, и двете комори се залагаат сите отворени прашања да […]

Стопанствениците ги кажаа забелешките за законот за финансиска поддршка на инвестициите


Вицепрмеирот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши на ден пред влегувањето на Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите во владина и собраниска процедура на работна средба со претставници на Стопанската комора на Македонија ги слушнаа мислењата на стопанствениците. Целта на денешната средба, посочи Анѓушев, е да се направат завршни консултации […]

Се основа клуб на експерти во Стопанска комора


Клуб на консултанти/експерти, кој ќе обединува експерти од повеќе различни области, вклучувајќи ги помеѓу останатото енергетиката, индустријата и инфраструктурата, ќе почне да функционира во Стопанската комора на Македонија. Активностите на новиот клуб ќе бидат презентирани денеска на работна средба во Стопанската комора, на која ќе присуствува вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Основањето на клубот […]