Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат стратешкото партнерство и воведуваат нови картички


Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти, соопшти банката.  „Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш банката има значителен процент во вкупното портфолио на картички под овој бренд. […]

Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД – Скопје


Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината […]

Рекорден број учесници на „Вози право, вози здраво“, со порака за здрави животни навики


Долга жолта колона од насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, бебешки колички и други превозни средства кои не загадуваат, вчера попладне се слеваше низ скопските улици во центарот на градот. Зборното место беше кај Порта Македонија, а крајната дестинација Градскиот парк, каде што беше закажана големата забава на најмасовниот настан на тркала „Вози право, […]

Отворена регистрацијата за „Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици


Дојде периодот од годината познат по најмасовниот и најзабавниот настан на тркала, „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД – Скопје. И оваа година, по деветти пат, метежот на улиците низ Скопје ќе го прават велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички, скироли и други еколошки превози средства кои не ја загадуваат животната средина. […]

Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација


Македонската банкарска асоцијација информира дека на 48. Седница на Собранието го именуваше Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години. Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште […]

Стопанска банка го прослави 80-годишниот јубилеј (фото)


Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала концерт на виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески, одржан во Филхармонијата. На централната прослава, со присуство на професорот Гикас Хардувелис, претседател на одборот на директори на НБГ и други извршни директори на Групацијата НБГ, а пред истакнати […]

Стопанска банка ги избра проектите за инклузија на лицата со попреченост што ќе добијат вкупно 20.000 евра


Во рамки на петтото издание на „Сонуваме. Менуваме“, општествено одговорниот проект за поттикнување на инклузијата на лицата со попреченост во општеството, Стопанска Банка одобри грантови за проекти со вкупна вредност од 20.000 евра. Објавувањето на добитниците на финансиската поддршка се случува на денот кога Банката одбележува 79 години од своето основање. Петтото издание на „Сонуваме. […]

Македонија 2025 објави повик за обука на наставници за ефективна настава по природни науки


  Македонија2025 објавува единствена можност за обука на 20-25 наставници по природни науки во основните училишта во Македонија. Обуката се реализира како дел од соработката на Македонија2025 со компанијата „Џонсон Мети“, во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Целта на проектот е да ги обучи наставниците по природни науки во руралните/урбаните […]

Грабеж во Стопанска банка во „Беверли“ во Скопје, маскиран им ги зел парите и избегал


  Грабеж утринава се случил во Стопанска банка во трговскиот центар „Беверли“ во населбата Капиштец во Скопје. Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари, по што лицето избегало со пленот. Очевидци за А1он сведочат дека […]

Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје


  Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година, соопштија од банката. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата […]

Стопанска банка Скопје – Филијала Охрид во нов простор со автентичен охридски амбиент


  Стопанска банка АД – Скопје ја пресели филијатата Охрид во нов простор со автентичен охридски амбиент. За таа цел денеска во филијалата беше организирана свеченост во присуство на членовите на Управниот одбор и директори од централата на Банката кои беа активно вклучени во подготовката на новиот простор и неговото уредување. „Охрид е толку атрактивен […]

Стопанска банка: Привремен селективен застој на одредени картични трансакции


Стопанска банка -Скопје извести дека во текот на попладневните часови вчера (3.10) и повторно денеска од 8:15 часот се појавува привремен селективен застој на одредени картични трансакции. „Доколку одредена трансакција не поминува успешно, обидете се да ја повторите. Сепак, не станува збор за прекин, туку за загушување во одредени временски интервали“, соопштија од Стопанска банка […]

Почна со работа Стопанска лизинг – компанија на Стопанска банка АД Скопје


Компанијата „Стопанска лизинг“, во 100 процентна сопственост на „Стопанска банка“ АД Скопје, од денеска е присутна на македонскиот пазар со понуда на финансиски и оперативни лизинг производи за физички лица и компании. Свеченото отворање се одржа со присуство и целосна поддршка на претставниците од Управниот одбор на Стопанска банка и претставниците од Групацијата на НБГ […]

Познати националните претставници за глобалните Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional натпревари


Денес во просториите на I-bank store филијалата на Стопанска банка АД – Скопје, се одржа големото финале од проектот за унапредување на дигиталната писменост. Ги добивме националните шампиони кои ќе ја претставуваат нашата земја на глобалните натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (АCP). „Поминаа долги две години во кои бевме приморани овој […]

„Вози право, вози здраво“ привлече илјадници учесници со велосипеди, тротинети, ролерки…


Околу 8.000 деца и возрасни во неделата попладне ги преплавија улиците во центарот на Скопје со своите еколошки превозни средства како дел од ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“, што е најмасовната посетеност досега. Илјадници насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, мајки и татковци со бебешки колички, тргнаа од Порта Македонија и со релаксирано […]

Стопанска банка Скопје со 4 милиони евра од ЕБОР ќе ги поддржува малите и средни претпријатија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредитна линија за Стопанска банка, од која корист ќе имаат малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија. Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос, денес, во Скопје, потпишаа договор за кредитна линија во износ од 4 милиони […]

Успешна реализација на четвртото „Вози право, вози здраво“


Со над 5.400 регистрирани учесници во прекрасно сончево време помина четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво со која, бар на кратко, улиците беа ослободени од моторизирани возила и граѓаните слободно се движеа и забавуваа. Возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не загадува туку помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата […]

Вооружено лице утрово ја ограбило „Стопанска банка“ во Маџари


Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, со закана од вработените денеска одзело околу 100.000 денари и 1.500 евра во филијала на „Стопанска банка“ на улицата „Благоја Стефковски“. Како што се наведува во дневниот Билтен на МВР, случајот во полиција бил пријавен во денеска во 8.50 часот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Концертите „Сонуваме.менуваме“ испратија силни детски пораки


Петте концерти во рамките на „Сонуваме.Менуваме.“ со омилениот детски состав „5+ фамилија“ завршија и оставија зад себе сеќавања на добрата атмосфера, музиката, магијата, но и создадоа природна и ненаметлива подлога за инклузија на децата со посебни потреби. Целта на оваа општествено одговорна активност беше на најмладите да им покаже како изгледа инклузијата, прифаќањето и разбирање. […]

Второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ на Стопанска банка


Стопанска банка АД – Скопје преку организација на второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ и овој декември се насочува кон децата со посебни потреби или пречки во развојот и потребата за нивна постојана инклузија во општеството. На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна […]