Столтенберг: Опстанокот на НАТО не е „врежан во камен“, никој не може да гарантира дека САД ќе останат


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека изјавите на Соединетите Американски Држави за Гренланд мора да се сфатат сериозно, нагласувајќи дека не треба да се шпекулира за скриените мотиви на американскиот претседател Доналд Трамп. Во контекст на растечките тензии поради американските претензии за Гренланд, Столтенберг во интервју за списанието „Дер Шпигел“ изјави дека […]

Столтенберг ќе биде нов министер за финансии на Норвешка


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, треба да биде новиот министер за финансии на Норвешка во рамки на владината реконструкција што денеска ќе ја објави премиерот Јонас Гар Сторе, информираат од јавниот сервис НРК. Столтенберг беше лидер на Лабуристичката партија и премиер на Норвешка неколку години, пред да биде генерален секретар на НАТО од […]

Столтенберг: НАТО премина многу црвени линии што ги постави Путин, но тој не направи ништо


НАТО веќе премина многу црвени линии што ги постави рускиот лидер Владимир Путин, но тој не направи ништо, изјави поранешниот генерален секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за „Фајненшл тајмс“. -Ако не нешто друго, јас се залагам за преминување на сите овие таканаречени црвени линии што Путин ги постави. И ние преминавме многу од […]

Италија го обвини шефот на НАТО за предавство. „Нè налути, ќе има последици“


Италијанскиот министер за одбрана го обвини генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека го предал Рим затоа што не назначил Италијанец за нов претставник на организацијата за координирање на операциите на јужните граници на Алијансата. Позицијата беше отворена на почетокот на овој месец на барање на италијанскиот премиер Џорџа Мелони, а нејзината влада тогаш рече дека […]

Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази надеж дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следната деценија. – Силно се надевам дека Украина ќе биде сојузник, рече тој во интервју за ДПА, одговарајќи на прашање за можно проширување на НАТО во следните 10 години. Генералниот секретар во заминување зборуваше пред самитот на лидерите […]

Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО


Како членка на НАТО мораме да бидеме одговорна земја посебно во период на навистина сложен геополитички контекст на континентот на којшто ние живееме, порача денеска од Брисел министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот. – Не е прашање дали треба, […]

Столтенберг се надева дека сите членки на НАТО ќе ги исполнат своите обврски


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази очекување дека земјите-членки на Алијансата годинава ќе ги исполнат сите планирани воени трошоци за потребите на западната воена алијанса. Бројката, која Столтенберг ја соопшти за време на разговорот во Конгресниот центар Вудро-Вилсон во Вашингтон, е речиси четири пати поголема споредено со издвојувањата во 2021 година. Членките на […]

Столтенберг во Киев: Не го исполнивме ветеното, но оружјето ќе стигне во Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на денешната ненајавена посета на Украина изјави дека земјите-членки на Алијансата не ги исполнија ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека испораките на оружје и муниција сега се зголемуваат.  -Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам […]

Столтенберг: Американската помош за Украина не е задоцнета


Воената помош за Украина во вредност од речиси 61 милијарда долари, која Претставничкиот дом на САД во саботата ја одобри по неколкумесечна расправа, не е задоцнета, но нејзиното одложување имаше реални последици, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од ДПА. -Украинците веќе четири месеци се оневозможени да дејствуваат, изјави синоќа Столтенберг во интервју […]

Столтенберг за Би-Би-Си: Сојузот на авторитарни сили сè повеќе соработува против Западот


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека „сојуз на авторитарните сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии. Тој оцени дека соработката на „сојузот“ се повеќе се координира, а како пример го наведе фактот што Русија им дала технологија на Иран и Северна Кореја […]

Столтенберг: Наместо да ѝ ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата


Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар […]

Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на Пекинг по смртта на Навални


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ја критикуваше реакцијата на кинеската Влада по смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, јави ДПА. „Денеска имаше изјава на кинескиот министер за надворешни работи дека смртта на Навални е „внатрешно руско прашање“. Е тоа не е внатрешно руско прашање, бидејќи сите знаеме дека ова е резултат на […]

Столтенберг: Сугестијата дека НАТО нема да ги брани сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите


Членот 5 од Договорот од НАТО, кој предвидува дека напад врз еден сојузник се смета за напад врз сите, е сржта на Алијансата и секоја сугестија дека нема да ги браниме сите сојузници ја поткопува безбедноста на сите нас, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на заседанието на Северноатлантскиот совет во […]

Столтенберг откри кои земји годинава ќе ги исполнат обврските кон Алијансата


 Од 31 земја на НАТО, 18 ќе ја постигнат целта за воена потрошувачка од два отсто од БДП годинава, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, неколку дена по вербалниот напад на поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз европските земји членки кои не ги исполнуваат финансиските обврски кон НАТО. „Тоа е уште еден рекорден […]

НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година


Членките на НАТО јасно потврдија дека ќе продолжат да и даваат на Украина голема воена, економска и хуманитарна помош, соопштено е денеска од седиштето на воената алијанса во Брисел. Во соопштението по видео-конференцијата НАТО-Украина, се наведува дека земјите-членки презентирале планови за обезбедување „милиони евра за понатамошна поддршка на Украина во 2024 година“. – НАТО силно […]

Столтенберг во дводневна посета на Македонија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во  Скопје во дводневна посета на Северна Македонија, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе […]

Столтенберг во Косово: НАТО ќе направи се за да не се повтори насилството од мај и од септември


НАТО размислува дали Алијансата треба да има потрајно зголемување на војниците во регионот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Приштина. Тој додаде дека НАТО го разгледува своето воено присуство на Западен Балкан. Столтенберг по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи истакна дека Алијансата ќе направи се што е неопходно […]

Формирана експертска група за изработка на извештај за пристапот на НАТО кон јужното соседство


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг именува група од независни експерти со задача да дадат своја поддршка во изработката на планот за пристап на Алијансата кон неговото јужно соседство, односно Блискиот Исток, Северна Африка и регионот на Сахел.   Како што соопшти НАТО, за претседателка на експертската група е назначена португалската професорка Ана Сантош Пинто.  […]

Столтенберг: Не треба да очекуваме брз крај на војната во Украина


 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека не треба да се очекува брз крај на војната во Украина. „Повеќето војни траат подолго од очекуваното кога започнаа“, рече Столтенберг во интервјуто објавено денеска од германската медиумска групација „Функе“. Како што изјави, „мора да се подготвиме за долга војна во Украина“. „Сите сакаме брз мир. Но, […]