Нов инцидент во станот кајшто беа најдени пелените – бабата заборавила тенџере на оган


Нов инцидент се случи вчеравечерта во станот во трговскиот центар „Скопјанка“ каде со месеци беа чувани валкани пелени кои ширеа непријатна миризба поради која пред извесно време беа евакуирани сите станари од првиот влез. Противпожарната екипа вчера интервенирала во станот откако соседите пријавиле дека од станот излегува чад. Пожарникарите морале насилно да влезат во станот, […]

Таткото на децата од станот во „Скопјанка“ немал поднесено барање за децата


Таткото на двете деца кои живеат во станот во ТЦ „Скопјанка“ каде беа пронајдени искористените пелени, кои беа причина за евакуација на целата зграда, досега нема поднесено барање за предоверување на децата. – По направениот увид во предметот констатирано е дека тој досега нема поднесено барање за предоверување на децата, односно за да биде старател на […]

(ВИДЕО)МВР: Исчистен е станот во „Скопјанка“


Станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба, е исчистен од екипа на  Комунална хигиена, информираа утрово за МИА од МВР. Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство […]

Седумдесет и шест годишна кавадарчанка пронајдена почината во нејзиниот стан


Седумдесет и шестгодишната Ц.Т. (76) вчера е пронајдена почината во нејзиниот стан во Кавадарци. Како што соопшти МВР, вчера во 10 часот во Полициската станица Кавадарци, од страна на Итната медицинска помош при Јавната здравствена установа „Здравствен Дом“-Кавадарци било пријавено дека биле повикани на улицата „Едвард Кардељ“, каде во нејзиниот стан ја пронашле почината жена. […]

Починат маж најден во стан во Тетово


Починато машко лице било пронајдено вчера во стан во Тетово, откако комшиите во полиција пријавиле дека од станот се ширела непријатна миризба. Како што информираат од МВР, вчера во 10:20 часот во СВР Тетово, С.О. (45) од Тетово пријавил дека во стан на ул. „121“, каде живеел Б.П. (75), во последните неколку дена се чувствувала […]

Пожарот во станот во скопски Центар подметнат од сопственикот


Полицијата денеска сопшти дека В.М. (39) вчера го опожарил својот стан во центарот на Скопје и оти нападнал и повредил полициски службеник, по што бил однесен во Душевната болница „Бардовци“. Пожарот на ул. Даме Груев во зграда на вториот кат бил пријавен вчера во 10:27 часот. Како што се наведува во соопштението од МВР, полициски […]

Изгаснат пожар во стан во центарот на Скопје


Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во стан во центарот на Скопје, на ул. Даме Груев, во близина на македонското Собрание. Според инфорамциите од пожарникарите, оштетени се уште два стана, но нема повредени лица. Засега нема официјални информации за причината за пожарот. Според изјави на станарите во зградата пожарот најверојатно е подметнат од […]