Се продаваат запленетите станови на поранешниот премиер Никола Груевски


Агенцијата за управување со одземен имот повторно објави датум за лицитација за продажба на трите запленети станови на поранешниот премиер Никола Груевски. Становите, кои беа конфискувани во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ ќе се продаваат на лицитации закажани за 29 јули, во 9, 11 и во 13 часот. Според огласот, сите станови се на иста […]

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности


Во првиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, кој се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За квадратен метар се платени 2.888 евра. Тоа го покажуваат податоците од денеска објавениот извештај од регистарот на цени и закупнини на […]

Становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво


Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 проценти на квартално – покажува индексот на цени на недвижности, што го објавува Народната банка врз основа на податоци што се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година во првиот квартал становите […]

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен: Во Аеродром продаден стан за 166.500 евра


Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови – покажува годишниот извештај од регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижностите на Агенцијата за катастар на недвижностите. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33 % во […]

Останува повластената стапка на ДДВ од 5 отсто на новоизградени станови до крајот на 2028.


Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ). -Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти […]

Зголемен број на одобренија за градба, дури 727- каде ќе се гради најмногу?


Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика. Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. […]

Продолжува градежната експанзија – во август 280 одобренија за градење, предвидени 646 станови


Во  август годинава издададени се 280 одобренија за градење,  за 1.8 проценти повеќе во однос на август лани. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба. Југоисточниот е регионот со најмногу одобренија за градење во август, 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46. За изградба се предвидени 646 станови, покажуваат денеска […]

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1.037 станови


Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има […]

Деловните субјекти лани завршиле 5.405 станови, а индивидуалните сопственици 2.512


Минатата година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од  39.827.830 илјади денари. Градени се вкупно  2.641 објект и завршени се вкупно 5.405 станови со вкупна површина од  348.720 метри квадратни, од кои  5.255 се во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.  Просечната корисна површина на завршените 5.405 станови е  64.5 метри квадратни.  […]

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво, на квартално за 7,2 проценти


Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за  7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на годишно ниво, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.  Во првиот квартал од минатата година цените на становите забележаа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти на квартално […]

Стотици илјади луѓе на улиците на Шпанија поради зголемените цени на киријата


Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во 40 шпански градови за да протестираат против зголемените кирии и недостигот на прифатливи домови во земјата која ужива во најбрзиот економски раст во Европа, и каде што проблем е големиот недостиг на станбени единици поради туризмот. Шпанската левичарска влада се бори да постигне рамнотежа помеѓу привлекување туристи и […]

Индијците сега поседуваат повеќе станови во Лондон отколку Англичаните


Индијците сега се најголемите сопственици на имот во Лондон, кои инвестираат многу во станови од една до три спални соби, по цена од 290.000 до 450.000 фунти. Во последниве години, индиските инвеститори станаа доминантна сила на пазарот за недвижнини во Лондон, надминувајќи го дури и локалното население во сопственост на имот. Овој тренд е резултат […]

Само во три месеци се купиле станови во вредност од 128 милиони евра, за гаражи потрошени 2 милиони евра


Во периодот јули – септември годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот. Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот во третиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани е незначително намален, додека бројот на закупи е намален […]

Љубљана гради 2.000 станови. Целта е цената на метар квадратен да се спушти на 3.000 евра


Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да почне изградбата на дополнителни 2.000 станови за пазарот, па понудата на станови во иднина би требало да предизвика пад на цените, на 3.000 евра за метар квадратен. без данок, пренесува Anadolu. Според неговата проценка, само на вертикалата помеѓу улицата „Руски Цар“ […]

Прескапите станови и високите кирии ја уриваат вербата на младите во демократијата


Од Калифорнија до Краков, младите гласачи кои ја губат вербата во демократијата беа делумно поттикнати од изненадувачка причина: високите кирии и зголемените цени на имотите. Недостигот од достапни станови предизвика протести низ европските градови, од Лондон до Лисабон, и на двата брега на САД каде што цените на куќите се зголемија за 54 отсто од […]

Зголемени цените на становите во вториот квартал од годинава


Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава поскапеле за 11,5 проценти на годишно ниво, а поскапување од 8,2 проценти се бележи и во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цени на станови на Народната банка.  Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад […]

Катарина Николов: Интересот за изградба на згради за живеење бил, е и ќе биде голем


Интересот за изградба на згради за живеење бил, е и ќе биде голем, не само во Скопје, туку и во другите градови. Ова го потврди денеска во изјава за МИА, Катарина Николов извршен директор на „Фортонмка“, за време на конференцијата за комерцијални недвижности што се одржува во главниот град на државава. – Сведоци сме на […]

Во март 321 одобрение за градење, од 1.013 предвидени станови, 607 се во Скопје


Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните  321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7  проценти помалку во однос на истиот […]

Битолчани ги затворија парите во скапи станови, за квадрат плаќаат и по 1.350 евра


  БИТОЛА – Неверојатно високи цени за метар квадратен достигнаа новите станбени згради во Битола кои се градат во населбата Златен рид и на локации низ централното градско подрачје. Цените за метар квадратен нова станбена површина се движат од 1.300 до 1.600 евра, исто како во одредени градски населби во Скопје. Новите градби „од земја“, […]

Русите повторно „навалија“ по станови во Србија, а по нив и Македонците, но по куќи


Се повеќе странци се одлучуваат да купат недвижен имот во Србија, пред сè во Белград и Нови Сад, се вели во анализата на специјализираниот портал 4зида. Податоците на Републичкиот геодетски институт (РГЗ) покажуваат дека за една година речиси двојно се зголемил уделот на странски државјани кои купуваат недвижен имот во Србија. Уделот на странски државјани […]