Скопјанец нападнат на Средно Водно по недоразбирање во сообраќајот


Скопјанец пријавил дека бил нападнат на Средно Водно по недоразбирање во сообраќајот.  – На 21.12.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, Х.Т.(31) од Скопје пријави дека околу 12:40 часот на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, информираа од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Таксист му зел 7.800 денари на Швајцарец од Центар до Средно Водно


На 14.06.2025 година во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари. Откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил […]

Посебен режим на сообраќај утре од Средно Водно до Св.Пантелејмон


На 25.05.2025 (недела) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини Единицата за безбедност […]

Младо момче со автомобилот излетало на патот за Средно Водно


Утрово, во 1.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за Средно Водно, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(22) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од […]

Арсовска садеше дабови дрвја на Водно


Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи од скопските јавни претпријатија со засадување на дабови дрвја ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно, а која со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници ќе продолжи до крајот на месец март.     На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата […]

Од утре жичницата ќе работи еден час повеќе


Од утре,  жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, […]

Автобусот кон Средно Водно ќе вози од 7,30 часот наутро


Автобусите на линијата број 25, од Транспортен центар до Средно Водно ќе возат од 7,30 часот наутро. Терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот се менува за половина час порано, за време на викендите и државните празници. Измената во поаѓањето, според ЈСП, е по барање на планинарите и поради високите температури во летниот […]

Годинава ништо од втората фаза од жичницата


Градските власти не се откажале од изградба на втората фаза од жичницата на Водно, но годинава сигурно нема да преземат никакви активности за нејзина реализација. Всушност, неизвесно е и дали таа воопшто ќе се изгради, имајќи ги во предвид дилемите со кои се соочува Град Скопје во врска со овој проект. Според градоначалникот Петре Шилегов, […]

Шилегов се премисли: До Средно Водно ќе се оди и со автомобил


По само пет месеци откако се забрани сообраќај до Средно Водно, градоначалникот Петре Шилегов најави дека до таму сепак ќе може да се оди со автомобил. Во тој случај ќе се наплаќа паркинг 100 денари за првиот час паркирање, а секој нареден ќе биде 50 денари. Ова практично е предвидено со ценовникот во новата зона […]

Од утре е забрането до Средно Водно со автомобил


Почнувајќи од утре, секој викенд и државен празник, ќе биде забрането движење на мотрни возила на патот до Средно Водно. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека целта на оваа забрана е да се заштитат природните убавини и просторот за рекреација на Водно. Оваа мерка ќе важи за време на викендите и државните празници, […]