Средношколци од Куманово се едуцираа за препознавање булинг и промоција на толеранција


Средношколци од Куманово, денеска на трибина во Занаетчискиот дом се едуцираа за начините за препознавање на булингот, различните форми на насилство помеѓу младите, како да се превенира и стопира насилството. Настанот го организира Црвениот крст Куманово во рамки на обележувањето на неделата за промоција на хумани вредности која годинава е под мотото промоција на мир, […]

„Комунална хигиена“ им одржа екопредавање на средношколците од „Здравко Цветковски“


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна со екопредавањата и работилниците што во учебната 2023/2024 година ќе се реализираат во средните и основните училишта, како и во градинките на територијата на градот Скопје. Екопредавањата се одржаа во СУГС „Здравко Цветковски“, со учество на сто ученици од првите години што наставата ја следат на македонски и на албански […]

МОН: Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно со 30 септември


Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година. Учениците кои нема да постапат […]

Учениците и средношколците најмногу го посетуваат Собранието


Учениците од основните и средните училишта се најчести посетители на зградата на Собранието во рамки на организираните посети што ги организира Парламентарниот институт.   Во текот на наставната 2022/2023 гподина односно од 1 септември до 14 јуни за време на организираните обиколки, Собранието го посетиле 9.882 лица, од кои најголемиот дел ученици од основните и […]

Ќе се полага приемен за средното медицинско училиште во Скопје, има повеќе пријавени


Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни 2023 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни 2023 година.  Согласно Конкурсот за запишување […]

Град Скопје стипендира средношколци – спортисти


Град Скопје, денеска објави јавен повик со кој го поддржува развојот и унапредувањето на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци жители на Скопје, кои учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје, со цел да се зголеми нивната мотивација, како и да се делува на зголемување на бројот на ученици […]

Онлајн-аплицирањето за упис во средно образование завршува утре во 15 часот


Првото пријавување на учениците за упис во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023-2024 година ќе заврши утре во 15 часот. Дотогаш ученците може да ги пополнуваат своите пријави (апликации). Потоа системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, кое се спроведува преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование […]

Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни


Наставата од учебната 2022/2023 година утре (9 јуни) ќе заврши за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни. Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење […]

Преку Уставен суд Сојузот бара сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз


Сојузот на средношколци денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членот 41 а од Законот за средното образование. Претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција посочи дека тие предлагаат законски измени кои се однесуваат на правото на бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци. -Јавноста […]

Сојузот на средношколци бара пратениците да им овозможат бесплатен јавен превоз за сите ученици


По еден месец откако до Собранието достави предлог за изменување и дополнување на Законот за средното образование, со цел да се овозможи бесплатниот јавен превоз да важи и за учениците во приватните средни училишта, Сојузот на средношколци денеска ги повика сите пратеници да го стават на дневен ред и да го изгласаат. – Денеска изминува […]

Сојузот на средношколци со конкретни предлози за овогодинешната матура


Денешното Генерално собрание на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија ги усвои следниве четири барања по однос на државната матура. Преку ова соопштение, истите детално ќе ги образложиме пред јавноста.   Барање 1: Коефициенти за екстерните испити при упис Моменталниот модел на упис на универзитетите во земјава предвидува оценките од свидетелствата да носат најмногу […]

Сојуз на средношколци: Барањето за укинување на еден интерен испит не е во интерес на средношколците


Сојузот на средношколци денеска ќе одржи вонредна седница на Генералното собрание чија единствена точка на дневниот ред ќе биде државната матура. Пред да ги претстави своите барања, Сојузот чувствува обврска да објасни зошто барањето да се укине еден интерен испит е спротивно на интересите на средношколците. Накратко, интерните испити се полесни од екстерните, а нивното […]

Средношколците и студентите со своите барања пред МОН – полесна државна матура и подобар студентски стандард


Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска пред Министерството за образование и наука организира предупредувачки протест за да го актуализира нивното барање за олеснување на полагањето државна матура. На протестот ќе се придружи и движењето „Студентски отпор“ од каде што соопштија дека ќе го искажат нивниот револт зашто институциите, како што […]

Студентите се приклучуваат на средношколскиот протест


Во петок од 12.30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците. „Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите. Ништо од она што беше ветувано […]

Средношколците ги повикаа студентите да им се приклучат на протести во петок пред МОН


Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците со покана до студентите да им се придружат на протестот во петок со цел заеднички да дојдат до подобрување на условите во образовниот систем. „Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на […]

Средношколците бараат јавен превоз без дискриминација


Денеска, Сојузот на средношколци (ССРСМ) достави предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование до Собранието. Средношколците законот го доставија до претседателот на Собранието, координаторите на сите пратенички групи (ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата; Коалицијата „МОЖЕМЕ“; ДУИ; Алијанса за Албанците), Клубот на млади пратеници и Комисијата за образование, наука и спорт. Сојузот бара […]

Шаќири: Резултатите за новите стипендии се објавуваат денеска согласно огласот


Нема да има застој во трансакциите на стипендиите, исплатата е поврзана со програмите за  ученички и за студентски стандард кои поминаа на седница на Владата пред две недели и почна процесот на обработка на податоците. Од петок, вчера, денеска, утре, секој ден има реализација на стипендии на корисници од претходната година, рече министерот за образование […]

Средношколци од „Васил Антевски – Дрен“ вршеа едукација во јавниот превоз


Под мотото „Патуваме заедно, учиме одговорност, сигурна безбедност“, триесетина ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во текот на вчерашниот ден се возеа на повеќе линии од јавниот превоз и им помагаа на старите и изнемоштени лица и на мајките со мали деца при користење на превозот. Ова беше само дел од акцијата по иницијатива […]

Утврдена висината за стипендии за средношколците, конкурсите до крајот на месецов


 Владата на денешната 93-та седница донесе Одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во земјава за учебната 2022/2023 година, со којашто се утврдени бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средното образование. – Стипендии во износ од 3.500 денари месечно се […]

Видеонадзор и повеќе полицајци во автобусите кон Стајковци


Зголемено присуство на полициски службеници во критичните автобуси на ЈСП кои одат до Стајковци, како и на постојките и во маалата, но видеонадзор во автобусите, побараа денеска членовите на Советот за превенција на Гази Баба, а во врска со немилите настани во автобусите на ЈСП Скопје изминатата недела во кои беа повредени ученици од општина Гази […]