Вучиќ повторно ќе се сретне со Меркел


Српскиот претседател Александар Вучиќ следниот петок на 13 април ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, на нејзина покана, вторпат во рок од месец и пол, потврдија од кабинетот на Вучиќ. Веста за состанокот е потврдена и од Берлин. „Во рамки на заедничкиот ручек ќе бидат разгледани билатералните односи на двете земји, регионалните прашања, […]

Средбата Димитров – Коѕијас следната недела во Охрид


Новата средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција – Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржи следниот четврток – на 12 април во Охрид, дознава „Независен весник“. Се очекува Коѕијас да допатува вечерта на 11 април од Белград во Охрид, а во рамки на неговата мини-балканска турнеја. Потоа, тој заминува за […]

Теодоракис: На 12 април средба Коѕијас-Димитров, потоа случајот го преземаат премиерите


Информациите во грчките медиуми за нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април, ги потврдува лидерот на партијата Река кој вчера одржа средба со шефот на грчката дипломатија. Ставрос Теодоракис во интервју за државната ТВ ЕРТ, повикувајќи се на она што го слушнал од […]

Карпошани ќе имаат попуст во кафулиња и на забар во својата општина


Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев размислува да воведе картичка за попусти и бенефиции за карпошани во кафулиња, берберници, стоматолошки ординации и на други слични места, кои се наоѓаат на подрачјето на Карпош. Интерес би имале и двете страни, жителите, но и субјектите, односно би се раздивижила локалната економија. Оваа идеја на Богоев, веќе е применлива […]

Утре средба Ципрас- Каменос


Мислам дека не постои опасност Каменос да ја напушти Владата, вели владиниот портпарол на Грција, Димитрис Ѕанакопулос во однос на последните шпекулации во грчките медиуми за зголемено несогласување меѓу двајцата коалициски партнери, особено во однос на прашањето со двајцата грчки војници, притворени во Турција. Ѕанакопулос, говорејќи за грчката телевизија „Скај“, рече дека двајцата коалициски партнери […]

Македонија ќе ја интензивира соработката со ЕБОР


„Реформската агенда и поголема реализација на капитални инвестиции се врвни приоритети на Владата на Република Македонија за оваа 2018 година. Ќе ги разгледаме сите можни аспекти и ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР во насока на реализација на овие цели“, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставниците на ЕБОР. На средбата присуствувале Анка […]

Мицкоски се сретна со Борисов: Потребни се клучни реформи за ЕУ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол. Средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа на покана на бугарскиот премиер и е дел од активностите и засилената поширока агенда на Бугарија во рамките на претседавањето со Европската унија. „На средбата се разговараше […]

Средба на групата „Пријатели на Македонија“, прва по промената на власта


Во Брисел денеска се одржи средба на возобновената група „Пријатели на Македонија“, прва под претседателство на холандскиот либерален пратеник Ханс Ван Бален, и прва по промената на власта во Македонија. Министерот за надворешни работи Никола Димитров и европратеникот Ханс Ван Бален, по повод возобновувањето на „Пријатели на Македонија“, кусо им се обратија на гостите, поздравувајќи […]

Заев по средбата со Мицкоски : Има приближување, но главните разлики остануваат


Враќањето на опозицијата во Парламентот беше една од темите на кои лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ разговараа на вечерашната средба во Владата. – Во делот на враќањето во Парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ  ни ги соопштија ставовите околу притворите и јас имам апсолутно разбирање за […]

ВМРО-ДПМНЕ на чело на ДИК. Се отвора пат за враќање во парламент


ВМРО-ДПМНЕ, како најголема опозициска партија, ќе го преземе претседателското место во Државната изборна комисија, како што е договорено на средбата на новиот партиски лидер Христијан Мицкоски со премиерот Зоран Заев, вечерва во владата. Тоа значи врачање на стариот концепт на состав на ДИК, кој функционираше до постигнувањето на договорот во Пржино, односно до парламентарните избори […]

Невладините организации биле неоправдано осомничени


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со претставници на дваесетина невладини организации кои во текот на минатата година беа предмет на истрага покрената на барање на Државната комисија за спречување на корупцијата. На средбата, на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски,  директорот на Управата за финансиско разузнавање […]

Средба на Заев со компании-членки на Германската стопанска комора во Албанија


Искористете ги нашите економски потенцијали, сега кога атмосферата е позитивна, кога Македонија е свртена кон ЕУ и НАТО, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со делегација на Германската стопанска комора во Албанија, предводена од претседателката Стефани Сиг, на која присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши и советниците за економски прашања. На […]

Словенија со грантови ќе го помага локалниот развој во Македонија


Република Словенија ќе го помага домашниот локален развој преку грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, што ќе бидат значајни за општините и жителите во внатрешноста во Македонија. Ова е договорено на денешната средба на премиерот Зоран Заев со словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец. На средбата, како што информира, владината прес-служба, […]

Општина Центар и еснафите заеднички ќе го промовираат занаетчиството


Општина Центар и Еснафот на старата скопска чаршија потпишаа меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството. Општина Центар,  претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од Еснафот Мухамед Љамалари на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството […]

Димитров и Коѕијас вечерва на средба во Виена, утре со Нимиц


Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас се среќаваат вечерва во Виена, на нова преговарачка рунда за спорот за името. Како што соопштија од македонското МНР, двајцата утре ќе седнат на заедничка маса и со медијаторот на ОН Метју Нимиц. Средбата на двајцата шефови на дипломатии се очекуваше […]

Вучиќ во посета на Хрватска


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Република Хрватска, на покана на неговата колешка Колинда Грабар Китаровиќ. Главни теми на средбите меѓу двете делегации ќе биде проблемот со исчезнатите, правосудната соработка, границите и враќањето на имотот. Двајцата претседатели ќе разговараат за судбината на 1.900 исчезнати лица и за […]

Средба на Заев со делегација на организацијата „Лајонс Македонија“


Премиерот Зоран Заев денеска на средба со делегација на интернационалната асоцијација на Лајонс клубовите (ЛЦИ) „Лајонс дистрикт 132-Македонија“ ја поздравил нивната хуманитарна мисија и придонесот за претставување на Македонија, нејзините туристичките потенцијали и можностите за инвестирање на меѓународен план. Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознале премиерот со најновите активности, како што […]

Шилегов и Каминис ќе го зацврстуваат пријателството меѓу Атина и Скопје (Видео)


Скопје и Атина ќе го зацврстуваат пријателството и соработката меѓу градовите и земјите. Ова генерално било договорено на денешната прва заедничка и официјална средба меѓу градоначалниците Петре Шилегов и Јоргос Каминис на која домаќин беше градоначалникот на главниот град на јужниот сосед. Средбата која се одржала во пријателска атмосфера, како што информираат од Град Скопје, […]

Поддршка за Македонија: Средба на Заев со Боштинару, Фајон и Пицула


Безрезервна поддршка за интеграциите на Македонија изнеле на денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев европратениците од групата на прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент: Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула. – Европратениците од групата на СД во ЕП соопштија дека се тука да дадат безрезервна поддршка на евро-интеграциските процеси во […]

Нимиц: Од историско значење средбата Заев -Ципрас, постои динамика за договор


Позитивна, важна и од историско значење е средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас според медијаторот Метју Нимиц. Во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името, коментира дека постои динамика за решение, вели дека е оптимист дека во соработка со меѓународната заедница, во координација на ОН, со Вашингтон, Брисел […]