Дачиќ: Не удираат по глава што ја признавме Македонија под уставно име


Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ синоќа изјави дека во Македонија владее мислење дека Србија работи против таа држава без разлика што тоа е негирано повеќепати. – Не предупредуваат од ЕУ бидејќи го користиме терминот Република Македонија. Имаме проблеми во преговорите со ЕУ…Велат – мора ПЈРМ. Не удираат по глава што ја признавме Македонија под […]

Србија: Вучиќ слави победа во пет општини, опозицијата обвинува за нерегуларности


Лидерот на СНС и претседател Србија, Александар Вучиќ, прогласи убедлива победа на вчерашните вонредни локални избори во пет општини во Србија. – Во Печинца освоивме 77,71 отсто од гласовите, а во општина Неготин 70,53 отсто. Во Мионица освоивме 65,8 проценти од гласовите, а во Костолац 62,51 отсто. Им честитам на СПС на Ивица Дачиќ. Тие […]

Ана Тодоровиќ: Јас го пронајдов безживотното тело на син ми Дејан


Сопругата на актерот Срѓан Тодоровиќ собра сили и за српките медиуми раскажа што се случувало пред два дена кога нивниот тригодишен син ненадејно почина. Ана вели дека малиот Дејан бил настинат, но ништо не наведувало кон тоа дека ќе се случи трагедија. – Неколку дена беше настинат, го однесовме и на лекар, му препишаа терапија. […]

Почина тригодишниот син на актерот Срѓан Тодоровиќ


Тригодишниот син на познатиот српски актер и музичар Срѓан тодоровиќ почина вчера под неразјаснети околности. Како што неофицијално пренесуваат српските медиуми, детенцето починало од труење. Тодоровиќ и неговата сопруга Ана во 2014 година по десет години во брак го добија нивниот син Дејан. Срѓан во јавноста е познат по многубројните улоги во српските филмови, но […]

Регионот се вооружува: Србија од Русија купува шест хеликоптери „ми-17“


Белград ќе почне интензивни разговори со Русија за купување до шест повеќенаменски хеликоптери Ми-17, изјави за РТС српскиот министер за одбрана Александар Вулин, воедно потврдувајќи дека два македонски хеликоптери се на ремонт во Белград. – Започнавме интензивни разговори за купување на хеликоптери, а што се однесува до системот С-300, за тоа се уште е рано […]

Македонец уапсен во Србија со 80 килограми марихуана


Српската полиција кај Владичин Хан заплени околу 80 килограми марихуана, скриена во камион со македонски регистарски таблички. Притоа, е уапсен 69-годишен македонски државјанин, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи. Во резервоарот и други празни места од камионот имало 131 пакет марихуана, со вкупна тежина од околу 80 килограми. Против возчаот И.И. ќе биде поднесена […]

Половина тон марихуана запленета на унгарско-српската граница


Унгарските власти запленија околу половина тон марихуана на границата со Србија, чија цена на црниот пазар изнесува околу 3,2 милиони евра. Унгарската агенција МТИ соопшти дека дрогата била скриена во камион, управуван од албански државјанин. Во понеделникот тој се обидел да влезе од Србија во Унгарија преку граничниот премин Роске. Во камионот имало скриено и […]

Вучиќ се среќава со Путин во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ, при што, меѓу останатото, ќе разговараат за развојот на економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија. Вучиќ посочи дека на состанокот ќе бидат потпишани договор за гас, како и дека […]

Србите на пациент му вградија целосно вештачко срце


Српски лекари вградија целосно вештачко срце кај пациент и тој по операцијата се чувствува одлично. Благодарејќи на зафатот на тим лекари од Институтот „Дедиње“, пациент со изразена срцева слабост, доби драгоцено време да почека соодветен орган за трансплантација. Тоа е пациент кој без вештачко срце не би можел да ја дочека трансплантацијата Српските медиуми пренесуваат […]

Република Српска ќе ја тужи НАТО-алијансата поради бомбардирање со осиромашен ураниум


Република Српска ќе се придружи на тужбата против членките на НАТО поради предизвикување хуманитарна и еколошка катастрофа за време и по бомбардирањето на РС со проектили со осиромашен ураниум. Таква тужба подготвува и Србија, објави „Глас Српске“. Од правниот тим на Српската кралска академија во Белград, кој работи на подготвување на тужбата против членки на […]

Српски доктори вградија вештачко срце


Првото вештачко срце во регионот е вградено во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Србија, објавија српските медиуми. Зафатот бил извршен во саботата од тим лекари на тој Институт врз пациент на возраст од 43 години, кој имал изразена слабост на работата на срцето и со тоа добил значајно време да почека соодветен орган и […]

Реакции од Србија по посетата на Заев на Косово


Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев во Приштина за зачленувањето на Косово во УНЕСКО, изјави дека „македонскиот премиер Зоран Заев не го одржал зборот“. -Како што претходно со месеци најавуваше претседателот Александар Вучиќ, македонскиот премиер не го одржат својот збор. Иако јавно даде ветување дека ќе биде […]

Србија отвори две нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ


Србија на Меѓувладината конференција во Брисел вечерва ги отвори шестото и 30-то поглавје од преговорите за членство во ЕУ, кои се однесуваат на трговското право и економските односи со странство. Главната преговарачка на Белград во преговорите за пристапување со Унијата, Тања Мишчевиќ наведе дека со поглавјето шест ќе се создадат принципи и систем што ќе […]

Јовановиќ: Ако Србија не го реши проблемот со Косово, други ќе го решат место неа


Србија во 2018 година мора да излезе со решение за проблемите кои постојат на Косово, а доколку тоа не го стори, ќе го направат други, но без неа, оцени лидерот на српската опозициска Либерална демократска партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ – Затоа логичен избор е во тој процес да бидеме фактор, наместо набљудувач – изјави Јовановиќ во […]

Ќерката на Зоран Ѓинѓиќ вработена во српската влада


Јована Ѓинѓиќ, ќерка на починатиот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ, била вработена во владата на Србија. Таа веќе некое време работи во тимот на српската владата во секторот за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата. Ќерката на Ѓинѓиќ работи во владините институции од почетокот на 2016 година и моментално е вработена како координатор за родова еднаквост […]

Србија и Бугарија потпишаа Меморандум за пониски цени за роамингот


Владите на Србија и Бугарија денеска во Белград потпишаа Меморандум за намалување на меѓународните цени за роамингот и за електронски комуникациски услуги. Меморандумот во името на двете влади го потпишаа српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ и бугарскиот министер за сообраќај, информатички технолгии и врски Ивајло Московски. Церемонијата на потпишувањето на Меморандумот […]

Средба на Вучиќ со Ципрас, Борисов и Тудосе во Белград


Српскиот претседателот Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со премиерите на Грција, Алексис Ципрас, на Бугарија, Бојко Борисов и на Романија, Михај Тудосе, во рамките на Високиот совет за соработка меѓу четирите држави. Се очекува на состанокот четворицата лидери да разговараат за заедничките проекти, економската соработка и европската перспектива на Србија, имајќи го […]

Србија и Бугарија ги намалуваат цените за роаминг


Србија и Бугарија ќе потпишат договор за намалување на цените за роаминг-изјавија премиерите на двете земји Ана Брнабиќ и Бојко Борисов по заедничката средба денеска во Софија на маргините на меѓународната конференција-„Јакнење на регионалните интеграции на Балканот.“ Владата на Бугарија го одобрила нацрт меморандумот за разбирање помеѓу надлежните министерства на Бугарија и Србија за намалување […]

Македонски функционери на „мета“ за перење пари во Србија


Обвинителството во Скопје покрена постапка за високи македонски функционери за кои има индиции за перење пари во соседна Србија. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како што соопштуваат оттаму, поведе по допрен глас предистражна постапка заради постоење на индиции за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело од […]

Догодина се укинува роамингот меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ


Во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија од следната година цените на услугите во роаминг ќе бидат изедначени со домашните. Агенциите за електронски комуникации на четирите земји имаат доставено нацрт договор до ресорните министерства за цените во роамингот во овие земји да се усогласат со цените во ЕУ. Регулаторите, како што пишува црнорска […]