Дојава за бомби во неколку болници и факултети и на аеродромот во Белград


Дојави за бомби пристигнале на адреси на повеќе институции во Белград, објавија српските медиуми. Дојави стигнале на Правниот факултет и Електротехничкиот факултет (ЕТФ) во Белград, потоа Клиничко болничкиот центар Ѕвездара и Воено медицинската академија (ВМА), како и аеродромот „Никола Тесла“. Повеќе луѓе се наоѓаат пред зградите на болниците и факултетите. Проверките на полицијата се во […]

Српската Влада донесе Одлука за прогласување елементарни непогоди во 56 градови и општини


 Владата на Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за прогласување елементарна непогода во 56 градови и општини во државата. На седницата на Владата беше донесен заклучок за формирање Работна група за координација на активностите за санирање на последиците од поплавите и подготовка на државна помош и програми за обнова по поплавите што ја погодија […]

Седмиот протест Србија против насилството покрај Белград се одржува и во Ниш, Крагуевац и Нови Сад


Седмиот протест Србија против насилството, покрај Белград, денеска се прошири и се одржа и во Ниш, Крагуевац и Нови Сад, со блокада на сообраќајниците, јави дописникот на МИА од Белград. Најмасовен протестот беше во Белград, каде десетици илјади граѓани од платото пред Народното собрание се упатија во долга колона, исполнувајќи го централниот булевар Кнез Милош […]

(Видео) Србија под вода – вонредно во 35 општини, поплавен Клиничкиот центар во Крагуевац


Во Србија е прогласена вонредна состојба во 35 општини поради невремето. Обилните врнежи направија големи проблеми, излеани се реки и потоци. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ целата држава. Се евакуираат луѓе во погодените места. Поплавен Клиничкиот центар во Крагуевац Во Крагуевац од синоќа има поплави. Во текот на ноќта се излеа реката Лепеница […]

Вонредна состојба во 32 града и општини во Србија поради поплави


Во Србија, поради излевање на реки, прогласена е вонредна состојба во 32 града и општини, а додека се отстрануваат последиците од поплавите се очекува нов бран излевања поради обилни врнежи, изјави рече претставникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Милош Миленковиќ. Миленковиќ за РТС изјави дека од 26 мај до денеска биле евакуирани 76 […]

Еуроњуз Србија: Српска стока не може да влезе во Косово, ниту камиони со српски регистарски таблички


По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово.  Еуроњуз Србија утрово јави од преминот Мердаре дека е оневозможено преминување камиони со српски стоки, како и празни камиони со регистарски таблички издадени од МВР на Република Србија. Дозволен е премин само за патнички автомобили. […]

РСЕ: Приштина го забрани влезот на сите возила од Србија во Косово


Владата на Косово објави дека, „по киднапирањето на тројцата косовски полицајци од страна на српските сили“, одлучи да го забрани влезот на територијата на Косово на сите возила со таблички од Србија, јави Радио слободна Европа (РСЕ). Веста за сервисот на албански јазик на РСЕ синоќа ја потврди портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу, […]

Момировиќ: Најостро ја осудувам одлуката на Приштина да го запре слободниот проток на стоки


Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ денеска најостро ја осуди одлуката на Приштина за запирање на слободниот проток на стоки и истакна дека таквата одлука е целосно спротивна на сите европски принципи, кои вклучуваат слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, јави дописникот на МИА од Белград. – Владата на […]

Земјотрес од 4 степени во Србија, сеизмолог тврди дека се очекувало оти е познато жариште


Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска околу пладне го погоди градот Обреж кај Параќин, Србија. „Пред неколку дена имаше земјотрес во Бугарија, имаше и два во Темишвар. Разговаравме за тоа дека оваа сеизмичка активност сигурно ќе се прошири и во нашите области“, вели сеизмологот Славица Радовановиќ. Според неа, земјотресот што се […]

„Србија против насилството“ ќе блокира мостови и патишта ако Вучиќ не ги исполни нивните барања


Претседателот на Еколошкото востание и пратеник во српското собрание, Александар Јовановиќ Чута, најави блокада на патишта и мостови во Србија доколку претседателот Александар Вучиќ до петок, 16 јуни не ги исполни сите барања од протестот „Србија против насилството“, јави дописиникот на МИА од Белград. Јовановиќ во писмена изјава наведе дека ќе бидат блокирани патиштата и […]

Оддавање почит и нови апсења поврзани со масакрите во Србија


Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска ќе се одбележат 40 дена од убиството на девет ученици и чуварот, а истовремено е уапсено уште едно лице поврзано со вториот масакар кај Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е најавено, училиштето „Владислав Рибникар“ ќе биде отворено од 10.00 до 18.00 часот […]

„Време“: Во Србија отпуштена од работа нуклеарна инженерка поради твитови за Вучиќ и Ана Брнабиќ


Нуклеарна инженерка вработена во Дирекцијата за радијација и нуклеарна безбедност на Србија добила отказ поради објави на Твитер за српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, пишува денеска неделникот „Време“. Како што пренесе Бета, во отказното решение, до кое имаа увид новинарите на порталот „Време“, има цитати од два твита со кои нуклеарната инженерка […]

Дојави за подметнати бомби на неколку факултети во Белград


На адресите на неколку факултети во Белград попладнево пристигнале пријави за подметнати бомби, јавија белгрдските медиуми. Во тек се полициски проверки, а студентите и вработените се евакуирани. Според пријавите на граѓаните преку социјалните мрежи, дојави за подметнати бомби стигнале до Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот и до Правниот факултет

Ескобар: Србите мора да се вратат во косовските институции, а Приштина мора да формира ЗСО


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Белград изјави дека најголемиот предизвик за Србија е да ги убеди косовските Срби да се вратат во институциите и дека косовските Срби треба да учествуваат на локалните избори на северот на Косово без предуслови, јави дописникот на МИА од Белград. -Мораме да се погрижиме […]

Српските млекопроизводители на колена, Србија стана увозник на млеко


Во 2021 година Србија извезла 88.692 тони млеко, а увезла 60.114,5 тони. Минатата година извозот падна на 78.948 тони, додека увозот скокна на 83.656 тони. Во првите три месеци од годинава, дефицитот во трговијата со млеко речиси го достигна дефицитот за целата ланска година. Извезени се 7.109 тони млеко, а увезени се 11.190 тони. Според […]

Бјелогрлиќ на протестот во Белград: „Ако има дно, го допревме“


  Во 18 часот пред Собранието на Србија почна нов протест „Србија против насилството“, петти по ред по трагедиите во белградското основно училиште и двете села кај Младеновац. Намерата на демонстрантите е да го опколат округот каде што е седиштето на претседателот на Републиката во поворката од српскиот парламент. „Ако има дно, го допревме тој […]

Рама оптимист дека ќе бидат исполнети барањата поставени од ЕУ и од Косово и од Србија


Албанскиот  премиер Еди Рама им се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за покажаното инсистирање и посветеност да седнат  претседателката на Косово Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ да разговараат. Преку објава на Твитер, Рама нагласува дека се надева оти барањата […]

Во Србија учебната година завршува на 6 јуни, зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште


 Српската Влада денеска соопшти дека донела одлука на 6 јуни да ја заврши учебната година во сите основни и средни училишта во државата. За учениците кои сакаат да го сторат тоа, училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни. Сите ученици кои не се задоволни од своите резултати ќе имаат можност да ги подобрат […]

ЕУ до Косово и Србија: Веднаш да се најде политичко решение преку дијалог


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го осуди насилството на Косово и ги повика косовските власти и демонстрантите да ја смират ситуацијата и да се однесуваат одговорно, јави дописникот на МИА од Белград. -ЕУ силно го осудува шокантното насилство во Звечан. Насилство извршено врз припадниците на КФОР, медиумите, цивилите […]

Собирање на нелегално оружје во Србија: Во арсеналот и нагазни мини и рачни фрлачи


  Граѓаните на Белград, Нови Сад, Крагуевац и Сремска Митровица најмногу одговорија на доброволното предавање на нелегалното оружје во Србија во текот на три недели, пропорционално на бројот на жители. Според податоците на Службата за сузбивање на криминал при Управата за криминалистичка полиција, до петокот навечер биле предадени 36.265 парчиња оружје, 9.943 мини-експлозивни направи и […]