Во Србија системот „Пронајди ме“ досега не е активиран ниту еднаш


Откако почна да работи системот „Пронајди ме“ за итно известување до јавноста во Србија во случај на исчезнување малолетник, тој не е активиран ниту еднаш. Претставничката на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Олгица Чекиќ, за ТВ Н1 објасни дека не се огласил бидејќи не биле исполнети критериумите за негово покренување. Таа потсети дека системот […]

Утре, вонредни парламентарни избори во Србија


 Во Србија утре се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат 250 пратеници во српскиот парламент. Покрај парламентарните, граѓаните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград, јави Бета. Републичката изборна комисија синоќа соопшти дека вкупниот број на гласачи […]

Софија сега најде нова цел – Србија


  Македонија малку е оставена на мира, на ред дојде Србија. Бугарија го засилува притисокот врз Белград околу положбата на бугарското малцинство во Србија вовлекувајќи ја и Европската унија во овој случај. И тоа во времето кога преговорите меѓу Белград и Приштина се во најкомплицираната фаза. Мнозинството бугарски европратеници испратија писмо до европските институции, во […]

Србија обвини маж за шпионажа во корист на Бугарија


Во српскиот град Босилеград е уапсено лице поради сомнение дека сторил кривично дело шпионажа, соопшти Вишото јавно обвинителство Врање. „Тој е обвинет за соопштување тајни воени информации на членови на странска организација на Република Бугарија, што може да предизвика штетни последици за безбедноста, одбраната и воените интереси на земјата“, соопшти Обвинителството. Осомничениот Љ.Г. (61) е […]

Пензионерите во Србија ќе добијат 10.000 динари еднократна помош


Пензионерите во Србија денеска на своите банкарски сметки ќе добијат  еднократна државна помош од 10.000 динари (едно евро = 116,73 динари). – Државата одвои повеќе од 33 милијарди динари дополнителна помош за нашите најстари сограѓани, што е во согласност со актуелната државна политика за грижа за заедницата и поединецот во годините на криза, изјави вицепремиерот […]

Во пет општини во Србија е прогласена вонредна состојба – има премногу снег


Во Србија е прогласена вонредна состојба во пет општини, поради големите снежни врнежи и снежни наноси, јавува РТС. Од вчера вонредна состојба има во Ивањица, Бабушница, Нова Вароша, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава каде сите населби се под снег. Патиштата се проодни во поголем дел од државата, но во некои […]

Во Србија просечна плата во септември 735 евра, половина од вработените зеле помалку од 560 евра


Просечната нето плата во септември 2023 година во Србија изнесува 85.066 динари (735 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Половина од вработените во Србија работеле за помалку од 65.727 динари (560 евра), колку што е просечната плата, јави дописникот на МИА од Белград. Просечната бруто плата во септември изнесува 117.472 динари, соопшти РЗС. -Растот […]

Централната банка на Србија го врати целото монетарно злато од странство


Народната банка на Србија (НБС) брзо го врати златото што се чуваше во странство и со негово купување на домашниот и на странскиот пазар значително ги зголеми златните резерви, па со вредност од околу 2,3 милијарди евра, златните резерви на Србија пораснаа за 2,5  пати во споредба со 2012 година, објави НБС. Слични трендови има […]

Протести на српските земјоделци – владата не го исполни ветеното


 Здруженијата на земјоделци во Србија почнаа денеска со протести низ државата поради лошата состојба во која се наоѓаат, а Министерството за земјоделство ги повика на „отворени и конструктивни разговори“. Свое учество на протестите најавија четири земјоделски здруженија – Иницијативата за опстанок на земјоделците од Србија, Здружението на земјоделци од Суботица, Банатскиот Сојуз на земјоделски здруженија […]

Во Србија пронајдени околу 4.780 мигранти кои се криеле во пограничните области


Во акцијата за сузбивање на нерегуларната миграција, која се спроведува во Србија од 27 октомври по наредба на министерот за внатрешни работи, припадниците на МВР пронајдоа околу 4.780 нелегални мигранти кои се криеле во граничните зони во областа Сомбор, Суботица, Кикинда и Пирот. Во соработка со Комесаријатот за бегалци и миграции, досега во прифатните центри […]

Во Чачак маж се разнесе со бомба на железничка станица


Во утринските часови на железничката станица во Чачак маж се разнесе со бомба. Тој починал на лице место. Според неофицијални информации, мажот седел на клупа по што активирал експлозивна направа и се разнел. На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид. Нема други повредени лица.

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти


– Соединетите Американски Држави ги повикаа Косово и Србија итно и сериозно да се заложат за исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот што го водат, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград. -Ги поздравуваме средбите што се одржаа за да се унапреди процесот на нормализација, се наведува во […]

Лидерите на Франција, Германија и Италија ја повикаа Србија неофицијално да го признае Косово


Лидерите на Франција, Германија и Италија синоќа ја повикаа Србија „де факто“ да го признае Косово, кое прогласи независност во 2008 година, но што Белград сè уште го смета за своја покраина. Во изјавата објавена еден ден по разговорите со двете страни, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџија Мелони […]

Србија од 2024 година ќе наплаќа патарини на магистралните патишта за камиони над 7,5 тони


 Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека идната година, 2024, во Србија ќе почнат да се наплатуваат патарини на државните патишта од прва Б класа (магистрални патишта) за камиони со тежина над 7,5 тони, јави дописникот на МИА од Белград. -Ќе вршиме наплата на фреквентни патишта само за тешки товарни возила […]

Србија потпиша три договори со Кина за изградба на нови патишта и купување брзи возови


Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска во Пекинг потпиша три комерцијални договори со кинески компании за изградба на речиси 300 километри нови патишта во Србија и купување пет кинески брзи возови, чија вкупна вредност е близу четири милијарди евра. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека првиот договор се […]

Косовска министерка бара ЕУ да воведе санкции за Србија: Ако не – може да избие војна!


Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, во разговор за германските медиуми предупреди на можноста од нова војна на Балканот. „Доколку меѓународната заедница продолжи да ги толерира акциите на Србија, ќе има нова војна“, изјави Доника Гервала-Шварц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk и побара од меѓународната заедница да преземе мерки против Србија. „Вучиќ […]

Србија оди на избори на 17 декември


  Сосем веројатно дека во Србија ќе се одржат паерламентарни, покраински и избори во Белград на 17 декември. Премиерката Ана Брнабиќ на седницата на Владата одржана вчера побарала од министрите и државните секретари до средината на октомври да се донесат сите уредби и прописи кои се во процедура, бидејќи парламентарните избори ќе се одржат на […]

Струјата во Србија од 1 ноември поскапува за 8 отсто


Советот на Агенцијата за енергетика на Србија го одобри поскапувањето на струјата од 1 ноември за осум отсто, се наведува на веб-страницата на агенцијата. Киловат час струја за домаќинствата и малите корисници ќе биде 10,26 динари, а со данок на додадена вредност (ДДВ) и такси 14,29 динари. Струјата претходно поскапе на 1 мај годинава, исто […]

Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација


 Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги повика властите во Косово да ги следат препораките дадени од САД за процесот на дијалог со Србија. -Не ни треба самоизолација, ни требаат пријатели и поддршка, изјавил Бегај во интервју за Гласот на Америка, додавајќи дека Албанија го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија и поддржан од САД. Нагласил […]

Во полициската акција во Србија уапсена поголема група педофили


Во Србија е уапсена поголема група педофили, сексуални предатори кои злоупотребувале интернет и вршеле криминални дејствија врз девојчиња и момчиња, јавија белградските медиуми. Меѓу жртвите има и деца на возраст од три до 14 години. Акцијата ја спроведоа припадници на МВР, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал.