СП 2018: Франција прв финалист


Франција е првиот финалист на Светското првенство во Русија, откако вечерва во Санкт Петербург со минимални 1:0 ја совлада Белгија. Во првото полувреме Белгијците имаа поголема контрола на теренот и извршија посилен притисок врз францускиот гол, но сепак и покрај шансите на двете страни на паузата се замина без голови. На почетокот на второто полувреме […]

СП 2018: Франција против Белгија во битка за финале


Франција против Белгија во битка за финале на Светското фудбалско првенство во Русија. „Триколорите“ избија на чело на листата на фаворити по елиминацијата на Бразил додека „црвените ѓаволи“ по цели три децении се најдоа во ситуација да играат мундијалско полуфинале. И немаат намера да запрат тука. Барем такви се пораките што ги емитува нивниот селектор, […]

СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018


Џунеит Чакир од Турција ќе го води полуфиналниот меч на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска. Средбата, која се игра в среда на 11 јули на стадионот „Лужники“ во Москва, ќе биде трета за Чакир на ова првенство. Тој го водеше натпреварите во групната фаза Аргентина – Нигерија и Иран – Мароко. Претходно денеска, беше […]

СП 2018: Дешамп: Подготвени сме на се против Белгија


Главната сила на тимот на Белгија е во нападот, но тоа што добро го познаваме противникот, не ни дава предност во полуфиналниот судир, изјави францускиот селектор Дидие Дешамп на денешната прес-конференција, пред утрешниот полуфинален меч меѓу Франција и Белгија, што ќе се игра од 20 часот во Санкт Петербург. – Белгијците имаат напаѓачки тим и тие […]

СП 2018:Познати 12-те кандидати за главен судија во финалето


Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави 12 кандидати за главен судија во финалето на Мундијалот во Русија. Кој ќе ја дели правдата во мечот за трофејот ќе се знае по одигрувањето на двете полуфинални средби. Претенденти за главен арбитер во финалето на Мундијалот се: Алиреза Фагани (Иран), Маланг Диед (Сенегал), Марк Гајгер (САД), Цезар Артуро […]

СП 2018: Победите на Англија носат пари за локалната економија


Силното претставување на Англија и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал се одразува исклучително поволно на локалната економија, се наведува во студијата на Центарот за истражување на малопродажбата. Според професор Џошуа Бамфилд, раководител на Институтот, досега англиските приврзаници на фудбалот потрошиле над 800 милиони фунти повеќе во однос на учеството на тимот на […]

СП 2018: Белгија ја победи Јапонија и се пласира во четвртфиналето


Белгија ја победи Јапонија со 3-2  и се пласираше во четвртфиналето од Светското првенство. Јапонија претходно водеше со 2-0. Белгијците успеаја да израмнат и со голот на Чадли во 94. минута ја победија Jапонија. Сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме. Белгија во четвртфиналето ќе игра против Бразил, кој убедливо го победи Мексико со […]

СП 2018: Белгија ја совлада Англија за првото место во групата


Белгија со минимални 1:0 ја совлада Англија во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија. Белгиската и англиската репрезентација веќе имаа обезбедено сигурен пласман во осминафиналето. Но, со оваа победа Белгија има девет бодови и е на врвот од табелата, а Англија е второпласирана со шест. Натпревар се одвиваше во релативно израмнета игра, […]

СП 2018: Јапонија во осминафинале и покрај поразот од Полска


Полска со минимални 1:0 ја совлада Јапонија во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија. За Полска ова е прва победа на Мундијалот и освен почесните три бодови немаше значење за понатамошниот пласман на полската репрезентација, која се наоѓа на дното на табелата. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јан Беднарек во […]

СП 2018: Далиќ: Не смееме да бидеме задоволни со постигнатото


Хрватскиот селектор Златко Далиќ по сигурниот пласман на неговата репрезентација во осминафиналето се осврна на досегашниот тек на Светското првенство, но и на следниот предизвик – натпреварот против Данска. Далиќ нагласи дека е задоволен од играта на хрватските фудбалери, кои остварија три победи и по 20 години обезбедија пласман во нокаут фазата. Хрватскиот селектор наведе […]

СП 2018: Шведска со силна игра против Мексико до осминафиналето


Шведска одигра многу силен меч и го победи Мексико со 3:0. Скандинавците ги постигнаа сите три гола во второто полувреме. Дефанзивецот Аугустинсон го отвори резултатот малку по паузата, капитенот Гранквист зголеми на 2:0 од пенал во 62-та минута, а резултатот беше оформен по автогол на Алварез. Тимот на Јане Андерсон покажа исклучителен карактер, откако го […]

СП 2018: Јапонија и Сенегал ремизираа


Јапонија и Сенегал одиграа нерешено 2:2 во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија. Двете репрезентации покажаа релативно израмнета игра особено во однос на поседот на топката и контролата на теренот, но сепак Сенегал беше за нијанса поквалитетен што се одрази со поголем притисок врз јапонскиот гол и бројот на шанси за погок. […]

СП 2018: Фудбалскиот сојуз на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА


Фудбалската федерација на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА заради пропустите на главниот судија на натпреварот со Швајцарија, Феликс Брих, но и заради вмешување на политички елементи во спортот. Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а според Фудбалската федерација на Србија една од причините […]

СП 2018: Ахмед Муса и донесе победа на Нигерија против Исланд


Нигерија убедливо со 2:0 го совлада Исланд во натпревар од групата Д на Светското првенство во Русија. За нигериската репрезентација ова е прва победа на Мундијалот, а стрелец на двата гола беше Ахмед Муса. Нигериските фудбалери одиграа одличен натпревар, особено во вториот дел кога притисокот на голот на Исланд беше постојан и беа постигнати двата […]

СП 2018: Сенегал ги казни грешките на Полска


 Сенегал е првиот африкански тим кој забележа победа на Светското првенство во Русија, откако ја совлада Полска со 2:1 во вториот натпревар од групата „Х“. Полскиот дефанзивец Тиаго Чонек си даде авто-гол во 37-та минута по ударот на Идриса Гај, а во 60-тата, Мбае Нијанг ја искористи големата грешка во одбраната на противникот за да […]

Роби Вилијамс објасни зошто го покажа средниот прст


Британскиот пејач Роби Вилијамс објасни што имал на ум кога тој го покажа средниот прст кон камерата на церемонијата на отворањето на Светското првенство 2018 пред почетокот на натпреварот Русија – Саудиска Арабија (5:0). – Во такви случаи, главната работа не е да се предизвика меѓународен конфликт. И јас го направив тоа. Остана уште една минута до крајот […]

СП 2018: Шведска со пенал ја совлада Јужна Кореја


Шведска со гол од пенал на натпреварот против Јужна Кореја стигна до минимална победа од 1:0 во групата Ф на Светското првенство во Русија. Натпреварот во Нижи Новогород изобилуваше со прекршоци. Јужна Кореја покажа подобра игра во почетокот, контролирајќи го поседот на топката. Меѓутоа, најсериозната шанса во првиот дел ја имаше Шведска преку Маркус Берг, […]

СП 2018: Србија со важна победа против Костарика


Репрезентацијата на Србија оствари победа на својот прв натпревар на Светското првенство 2018. Нашите северни соседи ја надиграа Костарика и запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар. „Орлите” можеа да си заминат со поголема […]

Нејмар верува дека Салах може да биде една од главните ѕвезди на СП 2018


Бразилскиот репрезентативец Нејмар смета дека Мохамед Салах од Ливерпул ќе биде главна ѕвезда на претстојното Светско фудбалско првенство во Русија. На изненадување на многумина, Бразилецот се одлучи за Салах, пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо, најдобрите играчи на светот во последната деценија. – На Светското првенство ќе има многу добри играчи, најдобрите во светот. Мислам […]

Марадона: Германија и Шпанија се фаворити на СП 2018


Легендарниот аргентински фудбалер Армандо Диего Марадона ги сподели своите размислувања за фаворити на Светското фудбалско првенство 2018 година, што ќе се одржи во Русија во текот на летото. „Франција има одлична репрезентација со добри играчи како Погба, но јас не мислам дека е фаворит за трофејот. Ќе беше подобра ако во составот беше и Рибери. […]