Се запали и споменикот на жртвите од пожарот во швајцарскиот бар


Споменик подигнат во спомен на жртвите од смртоносниот пожар на новогодишната забава во Швајцарија се запали утрово, а полицијата соопшти дека пожарот најверојатно е предизвикан од свеќи што биле оставени да горат. Станува збор за импровизиран споменик на 41 лице кое загина и 115 повредени во пожарот што избувна во раните утрински часови на 1 […]

Ахмети презентираше споменик на Скендербег во кичевско


Во селото Гаране, кичевско, вчера беше откриен споменик на Скендербег, на денот кој граѓаните Албанци го слават како ден на албанското знаме. По тој повод, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека споменикот ќе биде вечен симбол на слободата, отпорот и националната гордост. „Овој важен момент доаѓа токму на ден кога нашите срца чукаат посилно […]

На 120 години од смртта на војводата Александар Турунџев ќе биде поставен споменикот во Битола


БИТОЛА – Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за поставување на споменикот на војводата Александар Турунџев. Локацијата е во непосредна близина на Ат-Пазар, местото каде е погубен Турунџев пред 120 години. На новоизградениот кружен тек, деновиве е поставен постаментот, а на 30 август свечено ќе биде откриен и споменикот на војводата Турунџев. Споменикот […]

На Ким Џонг-ун му беше трн во око: Во Пјонгјанг урнат познатиот споменик симбол на врската со Јужна Кореја


По наредба на лидерот Ким Џонг-ун, Северна Кореја урна споменик во главниот град што ја симболизира целта за помирување со Јужна Кореја. Минатата недела Ким Џонг-ун ја нарече Јужна Кореја „главен непријател“ и изјави дека обединувањето повеќе не е можно. Сателитските фотографии од Пјонгјанг во вторникот покажаа дека споменикот (неофицијално Арката на славата – повторно […]

Синот на Слободан Милошевиќ по 20 г. се појави во јавност, во Москва откриен споменик на неговиот татко


  Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, за прв пат се појави во јавноста по повеќе од 20 години. Милошевиќ е снимен во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко, во друштво на Александар Залдастанов познат како Хирургот, близок соработник и пријател на Владимир Путин и […]

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче?


Вчера на Советот на Општина Аеродром, нашата советничка група достави Иницијатива за поставување на споменикот на револуционерот Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром поточно во паркот во Горно Лисиче по барање и инсистирање на претседателот на советот, соопштија од Левица. Општина Аеродром ќе поднесе иницијатива до Собранието на РСМ за поставување […]

Споменикот на војводата Александар Турунџев конечно ќе биде поставен на Ат-Пазар во Битола


  БИТОЛА – Споменикот на македонскиот револуционер Александар Турунџев конечно ќе биде поставен на Ат-Пазар во Битола. По точно пет години, откако споменикот беше излеан и донесен зад дворот на Општина Битола, сега со новата локална власт се создаваат услови тој да стои на локацијата која првично ја предвиде екс-градоначалникот Владимир Талески. Споменикот на војводата […]

(Видео) Вандализиран холограмот на Прличев во Охрид


Паметниот споменик на Григор Прличев, кој пред неколку дена беше поставен во Охрид, а со кој граѓаните можеа да комуницираат, синоќа бил вандализиран. Се обиделе да му го извадат главниот компјутер, а пресечени биле и жиците за довод на струја.    „Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен […]

Латвија ќе руши 300 споменици кои глорифицираат тоталитарни режими


Латвија донесе закон според кој сите споменици и други објекти кои глорифицираат тоталитарни режими треба да се отстраната до 15 ноември. Во уредбата советскиот Споменик на победата во Рига се наведува меѓу оние кои мора да се срушат, што е одобрено и до градското собрание. Во законот се наведени поколу 300 споменици, спомен-плочи и споменични […]

Мештани во Србија исчистија партизански споменик, сега им се заканува казна


  Мештаните на селото Баваниште во Србија може да добијат драстични казни затоа што на сопствена иницијатива одлучиле да го исчистат споменикот на жртвите од Втората светска војна. Но, во нивната намера ги спречила комуналната инспекција која им се заканила дека ќе ги уапси, пишува „Новости“. Им рекле дека тоа што го прават не е […]

Русија: Поради уринирање по портрет на воен ветеран студент осуден на 4 години затвор


Судот во Москва го осуди студентот Матвеј Јуферов на четири години затвор откако е снимен како уринира на споменик на кој имало портрет на руски ветеран од Втората светска војна. Подоцна видеото го објавил на својот Инстаграм налог. Јуферов, кој студира на Рускиот државен универзитет за хуманистички науки, прогласен е за виновен за „рехабилитација на […]

Споменикот на Фрањо Туѓман гаѓан со јајца


Непознато лице го гаѓало со јајца споменикот на Фрањо Туѓман во Загреб во четврток навечер, соопшти хрватската полиција. Фрлените јајца на споменикот ги забележале полицајци. Ова е трет инцидент со споменикот, откако пред два месеци беше свечено откриен. Активистот Зоран Ерцег во средата во загрепскиот суд условно беше осуден на 15 дена затвот поради нарушување […]

По две години од смртта: Владата ѝ подигна споменик на Есма


Вечното почивалиште на Есма доби спомен-обележје. На бел мермер е поставена нејзина слика, испишан е животниот век, а е уредена и околината на гробното место. Според напишаното, споменикот на Реџепова-Теодосиевска го подига Владата на република Македонија. Подигнувањето на спомен-обележје на кралицата на ромската музика на нејзиното вечно почивалиште доаѓа по две години од нејзината смрт. […]

Споменик на Диего Марадона подигнат во Буенос Аирес


Аргентина-Eден ден по роденденот на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, односно вчера, во Буенос Аирес беше откриена негова статуа висока 2,8 метри. Марадона завчера наполни 58 години. – Скулптурите обично се подигаат во чест на починати, а Диего е жив. Тој ја заслужува почитта додека сѐ уште е жив, и луѓето би требало да знаат […]

Обезбедени се средства за споменик на гробот на Есма Реџепова


Формирана е работна група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на пратеничко прашање, Заев информира дека согласност од семејството е добиена. – За жал, имаме проблем околу домот на Есма Реџепова, кој е отворен и го аби времето, а е понуден за […]

Александар Македонски нема веќе да „свири“


  Од Александар Македонски на скопскиот плоштад веќе нема да се слуша музика, а светлосните ефекти и натаму ќе ги осветлуваат споменикот и фонтаната. Така одлучил градоначалникот Петре Шилегов, како што велат од неговиот кабинет, по барање на жителите од околните згради. Група граѓани се жалеле дека музиката која „излегувала“ од споменикот им пречела, особено […]

Димитриевски: Ќе се постават спомен плочи на сите пријатели на Куманово


„Идејата на општина Куманово и на мене како Градоначалник е пред комплекосот ‘Отворен и Затворен базен‘ да направиме парк кој ќе го наречеме ‘Парк на пријатели на Куманово‘. Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во паркот ќе има фонтана, […]

Алаѓозовски: Шпекулација е дека се отстранува Воинот на коњ


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје. – Немаме активна постапка за отстранување друг споменик освен оној по кој беше постапено (Андон Јанев – Ќосето). Така што, шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме […]

Дванаесет години по смртта, Србите поделени за подигањето споменик на Слободан Милошевиќ


Денеска се навршуваат 12 години од смрта на поранешниот претседател на СР Југославија и на обвинетиот во Хаг Слободан Милошевиќ, објавуваат дел од српските медиуми. Во кратката најава, повеќето од нив се повикуваат на агенцијата Бета во која се наведуваат кратки хронолошки податоци за „десетгодишното автократско владеење на Милошевиќ, кое завршува во 2000 година со […]

(ФОТО) Легендарниот актер Чак Норис доби споменик во Загреб


Американски актер Чак Норис доби споменик во Загреб, кој беше откриен синоќа на полноќ, по огномет и организирано славење на неговиот 78-ми роденден. Споменикот се наоѓа во загребската населба „Слобоштина“, а неговиот автор побара да остане анонимен, како што истакна „на барање на Чак Норис со кого сака да одржува добри односи“. – Ова е […]