Заедничката борба и унифицирани решенија против илегалната миграција


Продолжува заедничката борба против илегалната миграција и потребни се унифицирани законски решенија и усогласени процедури за постапување со цел да се овозможи полесно движење за оние кои се одлучиле или биле приморани на миграција, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на традиционалниот дипломатски брифинг „Пријателите на МАРРИ“, во организација на МАРРИ Регионалниот Центар. Министерот […]

Спасовски: Најмногу до шест месеци странските возила може да престојуваат, во тој период не плаќаат давачки на државата


Најмногу до шест месеци можат странските возила да престојуваат на територијата на Република Северна Македонија и во тој временски период не плаќаат никакви давачки на државата, освен патарина заради тоа што се движат. Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарските прашања каква е законската регулатива, колкав временски период може да […]

Реновирана зградата на „Шестата управа“ во МВР


 Извршувањето на градежните работи на реновираниот објект на Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО) – познат како „Шеста управа“ во Скопје, е завршено навремено и квалитетно и со тоа го добивме овој 72-ри реконструиран објект. Издвоени се финансиски средства во висина од 9,6 милиони денари од буџетот на МВР, изјави министерот за […]

Спасовски: Безбедносната ситуација е стабилна, без никакви индикации за нарушување


Во овој момент безбедносната ситуација е стабилна и мирна, без никакви индикации за нарушување. Ние секогаш имаме предизвици во делот на тероризмот или на миграцијата, што е исто така еден од потенцијалните безбедносни ризици не се само за нас, туку и за сите земји во овој регион и пошироко, истакна денеска министерот за внатрешни работи […]

Северна Македонија и Словенија потпишаа Имплементациски договор за борба против трговија со луѓе


Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија ,Оливер Спасовски и на Словенија, Алеш Хојс денеска во Скопје потпишаа Имплементациски договор помеѓу владите на двете земји за борба против трговија со луѓе. – На заедничко задоволство со колегата денеска го потпишавме Имплементацискиот протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија за борба […]

Спасовски вели дека нема мобилен на сметка на државата, а Јакимовски дека не трошел на сметка на општината


Картичката во МВР на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е нула денари, нема мобилен телефон што му го плаќа државата, но сето она што ќе биде донесено како одлука, потенцира тој, ќе го испочитува. И градоначалникот на скопската општина Карпош Стевче Јакимовски изјави дека не користи службен мобилен телефон, а за репрезентациии, како што […]

Министерот Спасовски и директорот на БЈБ Тасевски на ручек со семејствата на загинатите припадници на полицијата 


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски денеска ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде имаа  заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што […]

Министерот Спасовски даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), во рамки на редовните крводарителски акции кои ги организира тимот на професионалци Blood Bank – Tenk од Одделот за планирање, организација и реализација на крводарителство при ИТМ.   Како што соопштија од МВР, Спасовски е редовен крводарител, а неодамна даруваше […]

Уште не се најдени пари за камери во сообраќајот, жртвите на улиците намалени, но гинат и деца


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се очекува наскоро да биде завршена финансиската конструкција за новиот систем „Безбеден град“ (Safe city), додавајќи дека постоечкиот не може да контролира сообраќај, а идејата е да се направи систем којшто покрај за јавната безбедноста, ќе се користи и за контрола на сообраќајот. – Во однос на […]

Спасовски апелира граѓаните на време да ги менуваат пасошите, пред летните турканици


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до граѓаните да ги проверат своите патни исправи и доколку имаат потреба да ги менуваат тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните турканици.   – Во 2021 година се изработени 321.216 лични карти и 346.773 пасоши. За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања […]

Спасовски: Мирна новогодишна ноќ без нарушувања на јавниот ред и мир, граѓаните одговорно прославуваа


Ова е една од најмирните новогодишни ноќи, без кривични дела и без нарушување на јавниот ред и мир, граѓаните празнуваа одговорно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оценувајќи ја новогодишната ноќ на безбедносен план. Спасовски денеска беше во посета на полициската станица во Прилеп која е последна од 70-те реновирани. – Оваа новогодишна ноќ […]

Спасовски: Да празнуваме одговорно, пиротехниката да им ја оставиме на професионалците


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на сите  граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година. За претстојните празници, потсетува Спасовски, дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските. – Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да […]

Спасовски: Нови униформи и реновирани станици, но и помалку жртви во сообраќајки во 2021 година


Нови униформи, намалување на инкриминациите, зголемување на откриена корупција, целосно реконструирани 69 полициски објекти, спречување на недозволената трговија со дрога во кои активности  се пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, во вкупен износ од околу 1.600 килограми дрога се дел од спроведените активности на Министерството за внатрешни работи за кои денеска информираше министерот […]

Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција не сакаше да коментира дали ќе биде дел од составот на новата Влада. – Ништо нема да коментирам, а за сите идни случувања во овој дел ќе донесам дополнителна одлука, изјави министерот. Собранието денеска ја констатираше оставката на Зоран Заев на премиерската функција, што повлекува и […]

Спасовски: Борбата против тероризмот сериозен предизвик, нема индикации за нарушување на безбедносната состојба


Преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Ова е сериозен предизвик и предизвик којшто не е […]

Ќе има нови возила за оперативно работење на полицијата, а не да се возат министри, заменици, директори…


Ова е прва година во која бараме поголеми финансиски средства предвидени во Буџетот за набавка на возила и на мебел, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата од страна на опозицијата за набавка на нови возила и на мебел за потребите на МВР. Последната голема набавка, […]

Спасовски во посета на Полициската станица во Пробиштип


Актуелната безбедносна состојба е мирна и стабилна без никакви индикации за нарушување на безбедноста во овој регион, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Пробиштип.  Министерот Спасовски забележа дека има подобрувања во сите параметри на работењето и во делот на намалувањето на кривичните дела и откривачката […]

МВР и ОБСЕ заедно работат на професионализација на полицијата


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која денеска, во Полицискиот центар за обука „Идризово“, ја промовираа новата компјутерска опрема вредна околу 95 илјади евра. Таа се состои од лаптоп компјутери и техничка опрема кои ќе помогнат во унапредувањето на онлајн-наставата и учењето наменета за Центарот за […]

Средба Спасовски – Палмер: Реформите најавуваат позитивна одлука на ЕУ


Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на маргините на Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, се сретна со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, соопшти владината прес-служба. На средбата уште еднаш беше потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, […]

Спасовски: Протоколите не се под директна контрола на МВР, тоа е работа на секој од кабинетите во Владата


Има протоколи и начин на кој се комуницира во однос на секој носител на државна и јавна функција во Република Северна Македонија. Треба да се следат тие протоколи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на Центарот за обука во Идризово каде што во тек е селекцијата за нови полициски службеници, […]