Турција ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години


  Турскиот парламент во среда вечерта донесе закон со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на лица под 15 години, објави турската новинска агенција Анадолу. Лицата под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните медиуми, а дигиталните платформи ќе мора да имплементираат системи за проверка на возраста, објави турскиот […]

Европската Унија наскоро ќе објави апликација за проверка на возраста


Апликацијата на ЕУ за проверка на возраста за онлајн платформи е подготвена и наскоро ќе биде достапна за употреба, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда, додека земјите-членки продолжуваат со плановите за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи. Откако Австралија воведе револуционерна забрана за користење на социјалните медиуми од […]

Франција ги ограничува социјалните мрежи за децата помлади од 15 години


Францускиот Сенат вчера го поддржа планот за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, но сè уште не е дефинирано како ќе се спроведува. Двата дома на францускиот парламент имаат различни ставови за законот. Националното собрание, кое го усвои предлогот во јануари, бара од платформите да ги избришат сите постоечки […]

Британските пратеници гласаа против забрана на социјалните мрежи за лица под 16 години


Забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години е одбиена од пратениците во Парламентот на Обединетото Кралство. Пратениците гласаа 307 наспроти 173, против предложената измена на Законот за благосостојба на децата и училиштата. Предлог-законот за старосна граница претходно годинава беше поддржан во Горниот дом на собранието, по зголемените повици од активисти, меѓу […]

Грција подготви модел за забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години


Грција подготви технички модел за целосна или делумна забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години. Европа внимателно го следи потегот. Европа внимателно го следи потегот на Грција, која се подготвува да стане предводник на построга европска политика за заштита на децата на интернет, со најави за ефективна забрана на користење социјални мрежи за […]

Предизвик за февруари без социјални мрежи


Неколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF). Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми […]

Гостиварец дал 2.000 евра за банка да му овозможи кредит – го измамил некој на социјална мрежа


Вчера., во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал […]

Во Турција приведени 27 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу


 Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој на платформата Икс објави дека осомничените „објавувале провокативни коментари за апсењето на Имамоглу кои поттикнуваат на злосторства и омраза“. Јерликаја наведе и дека […]

Шведска е подготвена за радикални мерки: Сакаат да стават крај на бандите кои регрутираат деца преку социјалните мрежи


Според шведската полиција, првиот контакт на криминалците со шведските деца е често на социјалните мрежи како TikTok, Instagram или Snapchat. Шведска не исклучува воведување старосна граница за користење на социјалните мрежи, слично на неодамнешните мерки усвоени во Австралија. Целта е да се потисне регрутирањето млади луѓе во банди на овие платформи. Според шведската полиција, првиот […]

Нов закон: На ​​децата им се забранува пристап до социјални мрежи


Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска најави воведување закон со кој на малолетниците помлади од 16 години ќе им се забрани користење на социјалните мрежи. Законот ќе биде претставен во австралискиот парламент во текот на последните две недели од овогодинешната сесија, почнувајќи од 18 ноември, пренесува Sky News. Албанец рече дека старосната граница ќе стапи на […]

Анкета: Една четвртина од младите се загрижувачки пречесто на социјалните медиуми и не се слуша нивниот „политички глас“


Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не […]

Од следната година на децата помлади од 14 години во Флорида нема да им биде дозволено да користат социјални мрежи


Во Флорида, на децата помлади од 14 години ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи од следната година. Станува збор за закон потпишан од гувернерот Рон ДеСантис, а законот бара компаниите кои поседуваат социјални мрежи да ги бришат сметките на лица помлади од 14 години. На децата на возраст од 14 и […]

Флорида ќе ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години


На децата и младите во Флорида помлади од 16 години ќе им биде забрането да ги користат социјалните мрежи без оглед на одобрението од родителите, според нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом на Флорида. Според американските медиуми, нацрт-законот не кажува кои платформи ќе бидат забранети, но ги таргетира сите социјални медиуми кои ја следат активноста на […]

МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат


Средствата и каналите за комуникација како социјални мрежи и останати форми треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. За тоа е потребен интегриран концепт и стратегија со вклучување на сите инволвирани страни, започнувајќи од родителите, училиштата, стручните служби, институциите и целокупното општество, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски […]

Граѓаните се жалат на измами при купување на социјалните мрежи, ОПМ апелира да се внимава од каде се купува


Ковид пандемијата ги смени навиките за купување кај граѓаните. Сè почесто се купува онлајн преку социјалните мрежи кои се преплавени со евтини понуди за облека, апарати за домаќинство и мебел, но чести се и поплаките дека купениот производ не одговара со оној што се нуди, а нема можност ниту да се замени. Во групите на […]

Ердоган: Социјалните мрежи се меѓу главните закани за демократијата


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги опиша социјалните мрежи како една од главните закани за демократијата. Неговата влада планира да воведе закони со кои се криминализира ширењето лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи, но критичарите оценуваат дека предложените измени ќе ги заострат ограничувањата на слободата на говорот. – Социјалните мрежи, опишани како симбол […]

Фејсбук избриша дури 2,2 милијарди лажни профили


Фејсбук во првите три месеци од 2019 година затвори 2,2 милијарди лажни профили, што претставува нов рекорд на компанијата. Тој број е само малку помал од 2,38 милијарди вистински активни корисници на Фејсбук. За споредба, Фејсбук затвори 1,2 милијарди лажни профили во претходниот квартал и 694 милиони лажни профили помеѓу октомври и ноември 2017 година. […]

Фејсбук забрани четири „опасни“ вооружени групи од Мјанмар


Фејсбук денеска им забрани на четири вооружени групи од Мјанмар, да ја користат платформата за социјални медиуми, нарекувајќи ги „опасни организации“. Четирите групи – Араканската армија, Армијата на Националната демократска алијанса на Мјанмар, Армијата за независност на Качин и Националната ослободителна армија на Таанг – се дел од воената коалиција позната како Северна алијанса, која […]

Промени на Фејсбук, Твитер и Гугл Плус за заштита на корисниците


Социјалните мрежи треба да вложат повеќе напори за да ги исполнат барањата што во март минатата година ги поставија Европската комисија и телата за заштита на потрошувачите на државите членки на ЕУ, за почитување на правилата на Унијата за заштита на корисниците, соопшти Еврокомисијата. Промените што ги направија Фејсбук, Твитер и Гугл Плус, за да […]

Фејсбук во конечна битка против лажните вести


Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисници на борба против дезинформациите и да ги препознаваат веродостојните извори. – Премногу сензационализам, дезинформации и поделеност во денешниот свет, оцени извршниот директор на Фејсбиук – Марк Цукерберг додавајќи оти социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да пласираат информации побрзо од кога било. Фејсбук, кој има повеќе од две […]