Македонски уметници на АКТО фестивал во Софија


Во Софија, Бугарија, во галеријата „Структура“ денеска ќе биде отворено 18. издание на АКТО фестивалот, со групна изложба на 18 дела од 20 македонски уметници „Прекаријатот има шанса – Јавни простори во движење (кон)“. Изложбата ќе биде отворена до 29 јули оваа година, а ќе се претстават делата на уметниците Елена Чемерска, Искра Димитрова, Христина […]

Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки


Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра). Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии […]

Четиринаесетта македонска книжевна визита во Софија


Со учество на 11 македонски поетеси, поети и писатели од сите генерации, од денеска до сабота во Софија ќе се одржи 14. издание на „Македонската книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски. Организатор е книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје во соработка со Македонскиот […]

Во Софија протест на обвинители, судии и истражители


 Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата. Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери. Според бугарските медиуми протестот ќе почне во 11 […]

Во Софија повторно дојави за поставени бомби во училиштата


Десетина училишта во Софија денеска преку е-пошта добија закани за поставени бомби. Според бугарските медиуми има закани и кон други училишта во државата. Во е-пораките е упатено и барање за плаќање во биткоини, јави БТВ. Последни евакуации беа преземени во училишта низ државата на 30 март. Во изминатата недела беа регистрирани над 100 дојави за поставени бомби […]

Закана за поставена бомба на Софискиот аеродром, се евакуираат патниците


 На аеродромот во Софија се спроведува специјална полициска акција поради сигнал за поставена бомба, јавија софиските медиуми. Од патниците и посетителите на двата терминала е побарано веднаш да излезат надвор од зградите и да го чекаат крајот на полициската акција. Закана за поставена бомба на тој аеродром е добиена утрово околу 8:30 по локално време. 

Османи и Милков го посетија нападнатиот охриѓанец: Да престанат провокациите


Денеска, министерот за надворешни работи Бујар ОСмани беше во посета на нападнатиот охриѓанец, кој беше пренесен на лекување во Софија. „Мора да го прекинеме овој циклус на насилство и провокации од двете страни и да ја наметнеме нашата позитивна агенда што двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме“, порача министерот за надворешни работи Бујар […]

Демонстранти во Софија ги исвиркаа рускиот митрополит Антониј и руската амбасадорка Митрофанова


Рускиот митрополит Антониј, шеф на Одделот за меѓународни односи во Московската патријаршија, беше пречекан од демонстранти пред руската црква „Свети Никола“ во Софија, јави дописникот на МИА од Софија. Украинци, Русите и бугарските граѓани, кои се против режимот на Владимир Путин, утринава се собраа пред црквата за да го изразат своето неодобрување за посетата на […]

Радев: Третиот мандат за нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година


 Третиот мандат за формирање нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година, за да има избори во Бугарија во месец март, најави бугарскиот претседател Румен Радев на консултациите со „Демократска Бугарија “. Радев изрази надеж дека нема да дојде до ваква ситуација, коментирајќи дека има повици од различни кругови во Бугарија веднаш да се […]

Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија


  Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер со почеток од 19:00 часот, ќе одржи концерт Македонскиот брас квартет. Музичката формација во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон ќе исполни познати музички дела од: Г. Ф. Хендл, Х. Персел, Џ. Ф. […]

За една декада за 11,5 проценти намалено населението во Бугарија


Бугарскиот Национален статистички институт (НСИ) денеска ги објави резултатите од 18. попис на населението, според кои до 7 септември 2021 година во Бугарија живееле 6.519.789 луѓе. Жените се 3.383.527 (51,9 отсто), а мажите 3.136.262 (48,1 отсто), јави бугарската новинска агенција БТА. Директорката на Управата „Демографска и социјална статистика“ при НСИ Магдалена Костова изјави дека во периодот помеѓу […]

Гром усмрти три лица во Софија, уште едно лице се бори за живот


Три лица се усмртени, а четврто се бори за живот по удар на гром вчера попладне во центарот на Софија. Како што неофицијално јавува бугарската национална телевизија, загинатите се сириски државјани на возраст од 20 до 30 години. Инцидентот се случил кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гром. Кај тројца […]

Македонскиот брас квинтет ќе настапи во Софија


  Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер ќе се одржи концерт на Македонскиот дувачки квинтет, јави дописникот на МИА од Софија. На концертот ќе учествуваат Драган Младеноски – труба, Александар Златески – труба, Антонио Костевски – француски хорна, Димче Белчовски – тромбон и Александар Нинич – туба. Македонскиот дувачки квинтет е […]

Факти и информации за македонскиот јазик и култура на штандот на КИЦ на Северна Македонија во Софија


 Информации и факти за македонската култура и јазик, како и брошури и каталози за Република Северна Македонија, се достапни за посетитетлите на македонскиот штанд на плоштадот „Славеиков“ во Софија, поставен по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците. Македонското претставување на оваа манифестација го огранизира Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Како што […]

Колумбиска туристка загина во пожар во хотел во Софија


 Колумбиска туристка загина, а двајца возрасни и две деца се хоспитализирани по пожар во хотелот „Централ“ во центарот на Софија.   Инцидентот се случил околу 6:10 часот по локално време. Хоспитализираните се двајца постари мажи, како и две деца – една година и седум месеци и 12 години, кои се во добра состојба.   Заменик-директорот […]

Владиниот тим во Софија ги почна разговорите со бугарските колеги за справување со енергетската криза


Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево во Софија ги почна разговорите со претставници на бугарската Влада за справување со последиците од енергетската криза. Премиерот Ковачевски беше пречекан од претседателот на привремената бугарска Влада Галаб Донев. Во македонската делегација се и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на […]

Лажна дојава за поставена бомба привремено го затвори аеродромот во Софија


Лажна дојава за поставена експлозивна направа го затвори аеродромот во Софија околу еден час, при што беа евакуирани двата терминала, соопштија од аеродромот. Во соопштението од аеродромот се наведува дека не е пронајдена експлозивна направа или опасни материи и на патниците им  дозволено да се вратат на терминалите. Претходно два терминала на аеродромот во Софија […]

Анонимна дојава за бомба го затвори аеродромот во Софија


Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминала на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми. Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор. Поради таа причина и од двата терминала се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага.

Над 3.000 бугарски граѓани ја поддржаа владата на Петков пред патријаршската катедрала „Св. Александар Невски“


Повеќе од 3.000 луѓе учествуваа на мирниот протест за поддршка на бугарската Влада на плоштадот „Свети Александар Невски“ на јужниот влез на патријаршиската катедрала, јави дописникот на МИА од Софија. Барањата на демонстрантите беа Бугарија без корупција, како и да нема обединување меѓу ГЕРБ, ДПС, „Препород“ и „Има таков народ“. Граѓаните носеа и бугарски и […]

Изложба „Космички пејзажи 2“ на Дејан Иванов-Маргуш во Софија


  Во Културно информативен центар на Северна Македонија во Софија, во музеј-куќата на Борис Христов денеска ќе биде отворена изложбата „Космички пејзажи 2“ на македонскиот ликовен уметник Дејан Иванов – Маргуш.  Изложбата е составена од околу 20 ликовни дела и ќе биде отворена во присуство на авторот. Ликовните дела, кои беа создадени пред пандемијата од […]