Поради дефект без вода дел од село Сопиште


Поради уличен водоводен дефект од ф5/4“ на ул. „7“ бб Сопиште, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од горниот дел од село Сопиште. Прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 11:40 часот до завршување на интервенцијата. 

Половина од село Сопиште без вода поради дефект


Половина од село Сопиште е без вода поради уличен дефект на водоводна цевка, информираат попладнево од Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето било прекинато од 14 часот. Како што додаваат од претпријатието, корисниците ќе останат без вода за пиење до завршување на работните активности. 

Општина Сопиште бара итно решавање на проблемот со нередовниот јавен превоз


Од Општина Сопиште денеска до медиумите испратија допис во кој информираат за нередовен јавен превоз во општината. Бараат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) да обезбеди контиуниран и навреме јавен превоз особено на линијата 58.  – Веќе неколку месеци, залудно го известуваме ЈСП Скопје за сериозните проблеми со оваа линија, а недостапен за директна комуникација е […]

Автобус на ЈСП се запали во Сопиште


 Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште. Според очевидци, автобусот е во близина на приватни куќи и дрва и постои опасност да се прошири. На терен се излезени екипи од противпожарната бригада. 

Сопиште утре без вода


Поради технички зафат во резервоарот во Сопиште, утре прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населено место Сопиште. -Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до 18 часот. Во наведениот временски интервал можни се прекини на водоснабдувањето во населените места Ракотинци и Добри дол, информираат од Од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

За што служи надвиснатиот кран над Сопиште?


Огромен градежен кран може да се забележи на сртот на Водно, над Сопиште, ако се гледа од Аеродром.  Од Општина Сопиште веќе десетина дена не одговараат зошто служи оваа градежна машина. Дали таа е останата од некој претходен проект, на пример од изградбата на Сончев Град или се гради нешто ново.  Ако се знае дека […]

Утре без струја делови од општините Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај


Неколку улици во скопските општини Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај, утре ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи во периодот од 08:05 до 12:35 часот, без електирчна енергија ќе бидат корисниците од улица „1“ лоцирани на потегот од основното училиште во Петровец кон село Ржаничино, како […]

На само неколку километри од Скопје, а без вода и канализација


Лоцирани на само неколку километри од центарот на Скопје, селата Сопиште, Горно и Долно Соње, Ракотинци и Добри Дол во летниот период често пати се случува да останат без вода или да бидат со намален притисок на водата. За време на продолжениот викенд (2,3 и 4 август 2019 година) делови од Сопиште беа без вода […]

Грешката на советникот од Алијансата за Албанците го сели Ќосето во Сопиште?


Советникот од Алијанса за Албанците, Орхан Гафури бара ново гласање за тоа дали општина Сопиште да го вдоми споменикот на Ќосето, објави Телма. Орхан Гафури тврди дека гласал против споменикот да биде преселен во нивната општина со што се доведува во прашање резултатот од денешното гласање со 6 наспроти 4, за прифаќање на споменикот. Советникот […]