Мајка и бебе загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики


Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа […]

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Куманово


Мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што денеска околу 12:46 часот се случи на улицата „Доне Божинов“ во Куманово. Како што соопшти СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко моторно возило „сеат“, управувано од А.А. (64) од Куманово, и мотоцикл управуван од Д.С. (49). Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смртта […]

Николовски: Камионот што ја предизвика тешката сообраќајка на скопската обиколница влегол на ГП „Блаце“, бил празен и без нерегуларности во царинската постапка


Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. -Сето она […]

Битолчанец и две лица од Гостивар жртви во вчерашната сообраќајна несреќа кај Кичево


Три лица, едно од Битола и две од Гостивар, го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Сеферов бунар“. Според соопштението од СВР – Охрид, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и тоа „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки управувано од З.Д.(64) од Битола, […]

Подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење: Обвинителството за сообраќајката во која загинаа три лица, а осум се повредени


Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени. Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена […]

Приведен 19-годишен возач поради сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар во која загина жена


Полицијата го притвори 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово – Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид.  Во 15.50 часот вчера во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило […]

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир


Женско лице денеска почина во скопски Чаир откако во неа удрило патничко возило „Сеат алтеа“ управувано од 19-годишна девојка од Скопје. Како што соопшти МВР, денеска во 18:43часот во СВР Скопје пријавено е дека на булеварот Х.Т.Карпош во Скопје патничко возило „Сеат алтеа” со скопски регистерски таблички, управувано од А.Џ. (19) од Скопје удрило во […]

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција


Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, автомобилот со кој управувал 55-годишниот директно се судрил со друг автомобил управуван […]

Во судир на автобус и камион во Србија еден загинат и 14 повредени


Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на Новиот обреновачлки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар. соопшти МВР на Србија. Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба.  Припадници на […]

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип


Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“. – На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а […]

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка


На експресниот пат Штип-Радовиш во близина на штипското село Лакавица се случила сообраќајна несреќа, во која има повредено едно лице и е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила во 18:05 часот кога товарно моторно возило „Фиат дукато“ излетало од коловозната лента. Возилото е управувано од […]

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија


Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија. Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија. Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност. Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако […]

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија


Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак. – Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Северна Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата. Сообраќајната несреќа се случила […]

Трагедија во Германија: Загинаа четворица членови на фудбалски клуб


Во страшна сообраќајна несреќа, која се случи во близина на Карлсруе, загинаа пет лица, а четворица од нив се членови на локалниот нисколигаш Алеманија Еггенштајн. Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, сите на возраст меѓу 25 и 29 години. „Алеманија Еггенштајн е длабоко тажен поради загубата на своите активни фудбалери Дени Цимерер […]

Постаро лице повредено откако со возилото излетало од автопат


На 18.12.2022 околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(69) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен […]

Расим Љајиќ повреден во тешка сообраќајна несреќа, загина неговиот возач


Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, денеска околу девет часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти МВР, возилото „Шкода Суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, […]

Едно лице загина во сообраќајка во близина на клучката „Хиподром“


Едно лице загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка „Хиподром“. Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Виница и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(56) од с.Јурумлери, Скопско. На местото […]

Во Велес сообраќајка меѓу камион и автомобил, тројца полесно повредени


 На улица во населбата Шорка, на излезот од Велес попладнево во 14:54 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и камион. Три лица се полесно повредени. – Во сообраќајната несреќа имало тројца полесно повредени кои се возеле во автомобилот. Сите тројца повредени од возилото се жители на велешкото село Мелница на возраст од 29, 34 […]

Сообраќајка на Стража, се вози наизменично по една лента


Сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово. Според СВР Тетово, утрово околу 9:30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација […]

Прилепчанец загина во сообраќајка


Педесет и едногодишен маж од Прилеп вчера загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа „Лукоил“. Како што соопшти МВР во 11:20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко […]