Во Скопје санкционирани 36 возачи што ја пречекориле дозволената брзина


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 36 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 64 останати прекршоци за кои се издадени 19 […]

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, пајакот подигнал 73 возила вчера


Во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на Град Скопје, четири лица се здобиле со лесни, а три со тешки телесни повреди. Со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак се движеле 66 возачи. Исклучени од сообраќај се шест возачи, кои биле без возачки дозволи. Пајакот подигнал 73 возила. Од СВР […]

Над 50 возачи низ Скопје синоќа фатени пијани


Присуство на алкохол во крвта е утврдено кај 55 од вкупно 133 алкотестирани возачи, а еден возач одбил да биде тестиран, во полициската акција спроведена ноќеска од 23 часот до пет часот изутрина. Преземени се и 55 мерки за прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, исклучени […]

Зголемен бројот на сообраќајки, намален бројот на загинати и тешко повредени лица во Tетовско


Ниту една жртва и едно тешко повредено лице се дел од последиците во вкупно 77 сообраќајни несреќи што во текот на мај се случиле на тетовското подрачје, информираа од СВР Тетово. Иако бројката на сообраќајки е за 10 случаи повеќе во однос на истиот период лани тогаш имало еден загинат и шест тешко повредени лица. […]

Над 10.000 сообраќајки годишно се решаваат со Европски извештај


Меѓу 10 и 16 илјади сообраќајни несреќи годишно во изминатите шест години се решени преку примена на Европски извештај. Бројот на несреќи решен на ваков начин, откако се применува Европскиот извештај во Македонија, од година во година се зголемува. Граѓаните во поголем дел го прифаќаат кај сообраќајките со мала штета, иако има и такви со […]

Десет сообраќајки во Скопје, еден загинат


Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје. Дваесет и двајца возачи биле исклучени од сообраќај, од кои пет возеле под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 возачи кои возеле пред да […]

Најмногу се гине во сабота


Шеесет и петгодишна жена од Битола и 69-годишен кумановец се најновите жртви на македонските патишта. Тие загинаа во саботата околу 11 часот во сообраќајна несреќа што се случи во близина на селото Ропотово на регионалниот пат од Прилеп до Македонски Брод. Уште три лица се повредени во судирот меѓу три возила, соопшти полицијата. Најмногу се […]

Во сообраќајни несреќи лани во Македонија загинале 155 лица


и Минатата година 155 луѓе го загубиле животот во сообраќајни незгоди по патиштата низ земјата. Од нив 150 лица загинале во 3.918 сообраќајки предизвикани од грешка на возачот. Во 101 несреќа, пак, пет лица го загубиле животот по грешка на пешак. Најмногу загинати во сообраќајки имало во јули минатата година, и тоа во саботите, во […]

Пешак е потешко повреден во сообраќајка во Скопје


Едeн пешак е потешко повреден, а три лица се здобиле со полесни повреди во четири сообраќајки што се случија изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека за пречекорување на брзината при возење санкционирани се 17 возачи. Од сообраќај исклучени се 21 […]

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа


Мотоциклист загина, велосипедист е тешко повреден, а 16 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 22 сообраќајни незгоди евидентирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција регистрирала и санкционирала 105 возачи за пречокорување на дозволената брзина. Од сообраќај се исклучени 41 возач, четворица за возење под дејство на алкохол, […]

Серија тешки сообраќајки во Скопје


Седум повредени во четири тешки сообраќајки во Скопје е саботниот биланс од улиците на главниот град на Македонија. Во три часот после полнож, на улицата „Борис Трајковски“, Д.З. (32) од Скопј,е управувајќи патничко моторно возило „фиат браво“, удрил во метална бандера за улично осветлување и во паркирано возило „тојота јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки. […]

Девет лица се повредени викендов во сообраќајки во Скопје


Девет лица биле полесно повредени во пет од вкупно 22 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 17 сообраќајни несреќи била причинета материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Сообраќајната полиција викендов открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, […]

Едно лице е потешко повредено во вчерашните сообраќајки во Скопје


Едно лице било потешко повредено во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет незгоди биле полесно повредени шест лица, а во четири била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и двајца возачи се […]

Црна среда: еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајки


Еден загинат и тројца тешко повредени е билансот од сообраќајните несреќи што во средата се случија на патиштата низ Македонија. Шеесет и седумгодишната П.Н. од Битола го загуби животот откако во неа удри автомобил „мерцедес Ц220“, управуван од 56-годишен грчки државјанин. Фаталната незгода се случи околу 19.30 часот на крстосницата од улиците „Македонски гемиџии“ и „Буримечка“ […]