Утре посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓа Албин Курти


Утре, среда, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата, од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. ,,СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници […]

Привремен сообраќаен режим утре од 6 до 12 часот во Претор крај Преспанското Езеро


 Општина Ресен известува дека, утре, во терминот од 6 часот наутро до 12 часот напладне, во Претор на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање спортски настан, рекреативна трка. Од секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возила за итни […]

Затворени улици и делови од булевари околу црквите утре за Велигден


По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информираат од МВР. Од таму посочуваат дека утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето […]

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи


 Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4, од 2 […]

Повеќе улици од Скопје во понеделник ќе бидат затворени за сообраќај


Повеќе улици од Скопје во понеделник ќе бидат затворени за сообраќај. Во понеделник, 19. јануари, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце […]

Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓаат Пелегрини и Урсула фон дер Лајен


На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини. На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот […]

Изменет сообраќаен режим на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од денеска па во наредните две седмици, на патниот правец […]

Поради одржување на атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим


  На 25.05.2025 (недела) во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до […]

Од попладне посебен сообраќаен режим во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром поради верскиот празник Велигден


По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” […]

Поради трка посебен сообраќаен режим во Скопје во недела


СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право по должина на бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на хрватскиот Сабор


СВР Скопје информира дека во Скопје денеска и утре поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат […]

Ограничен сообраќаен режим на автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино поради симулациска вежба на МВР


На автопатот Петровец – Скопје, клучка Кадино денеска во 10 часот во организација на Министерството за внатрешни работи се изведува симулациска вежба, поради што на овој дел од од автопатот има ограничен режим на сообраќај. МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот. 

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации


 Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник  ќе се одржат повеќе манифестации. Свечен собир на Кумовите бадникари ќе се одржи на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадниковите поворки од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар […]

Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм


Изменет сообраќаен режим ќе биде воведен на булеварот „Србија“ вечер од 18 часот до утре во 5 часот, поради снимање на сцени за играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ, информираат од продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“.  – Една од сцените е предвидено да се снима на потегот помеѓу булеварите „Трета Македонска Бригада“ и […]

Посебен сообраќаен режим утре поради одржување трки


Поради беспрекорно одржување на 4. Stopanska Triogy Triathlon 2024, утре (19 мај) сообраќајот ќе биде ограничен на бул. „Илинден“. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 8.15 до 12.30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосницата со […]

Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром


Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Централната прослава ќе биде во паркот кај авиончето во општина Аеродром каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.   На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат […]

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим поради Денот на полицијата


Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата […]

Митинг на „Скендербег“ – улиците во центарот на Скопје повторно затворени


Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на митинг, денеска во 20.30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците […]

Почнуваат митинзите – се затвораат улиците! Градовите блокирани


Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул.„Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до бул.„Климент […]