СОНК нема да учествува на работничкиот протест на 1 Мај, го одбрале патот на преговори


Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1 Мај – Денот на трудот. Вели дека протестот го организира друг сојуз и дека го одбрале патот на социјален дијалог и преговори и дека резултатите ги постигнуваат на маса. […]

СОНК повика да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата, бара средба со министерот Љутков


Зголемување на коефициентите на сложеност по работно место за 10 проценти, а дополнително и за 0,7 проценти, преку заеднички анекс на Колективниот договор како системско решение за исплата на платите на вработените во културата за кои доцни исплатата на мартовската плата, предлага Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Претседателот на СОНК  Јаким Неделков […]

СОНК до денеска сакал да ги потпише колективните договори, но ќе се доцни 2-3 недели


Новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта, беше тема на разговор на денешната работна средба во просториите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) меѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК Јаким Неделков. За голем број од точките за кои се преговара, како што истакна […]

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани


Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека вчерашниот демант од Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина – Скопје е креиран од вработените во Зоолошката кои, иако постапиле согласно сите протоколи, биле изложени на јавен линч. Како што изјави денеска Неделков, одговорајќи на новинарски прашања, овие вработени се сомневаат дека објавата на која реагирале е […]

Платите на наставниците и професорите ќе се покачат за пет проценти


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, поточно од овој месец, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти. Тоа значи дека од овој месец, односно од октомвриската плата, вработените во […]

СОНК најави протест доколку не се зголемат платите во образованието


Синдикатот на образованието, науката и културата најавува дека ќе ги активира најрадикалните синдикални мерки доколку веднаш не дојде до зголемување на платите на образовниот кадар. „Советот на СОНК го прифати барањето на Кабинетот на претседателот на Владата за дополнителен период за преговори од една недела односно до крајот на месец септември. Доколку и по овој […]

Неделков: Изјавата на министерката за платите не значи дека СОНК се откажал од своето барање


Изјавата на министерката за образование и наука за зголемување на платите во образованието од 10 до 12 проценти од март 2025 година не е усогласена со ставовите на СОНК, соопшти Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Неделков вели дека го информира членството на СОНК […]

МОН-СОНК: Зголемување на платите и подобрување на условите во училиштата


Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура ќе продолжат да се заложуваат за унапредување на правата и подигнување на општествениот и материјалниот статус на наставниците, стручните соработници и другите вработени во училиштата и тоа денеска на работна средба го потврдија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска […]

Советот на СОНК одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура


Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК)  на денешната вонредна седница едногласно донел одлука в понеделник, 22 април, во 11 часот да организира протест пред Министерството за култура поради неисплата на плата за март за околу три илјади вработени во културата. Одлуката на Фејсбук ја соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков кој […]

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе има вонредна седница на Советот на која ќе одлучи за натамошни чекори поради доцнењето на мартовската плата за околу три илјади вработени во дејноста култура. Претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес-конференција рече дека веројатно ќе донесат одлука за протест, иако е период на избори, […]

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост


Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска […]

СОНК: Нацрт-законот за плати е дискриминирачки, па Владата може сама да носи проценки и одлуки


Нацрт-законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки и противуставен. Не само што го ограничува учеството на синдикатите во носењето на одлуките на Владата, воедно, ја елиминира можноста за уредување на платите и надоместоците со колективните договори, реагираат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Бараат повлекување на нацрт-верзијата и средба со предлагачот – […]

Со поддршка од СОНК, МОН ќе продолжи да го модернизира образовниот систем


Промените во образованието треба да продолжат, а СОНК ќе даде активен придонес во креирањето и имплементацијата на политиките со кои МОН и другите надлежни институции ќе го унапредуваат квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат […]

СОНК и МТСП го потпишаа Колективниот договор – 15 отсто повеќе со секое зголемување на минималната плата


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, го потпишаа новиот Колeктивен договор. -Зголемување на платите на давателите на услуги во јавните установи за деца за 15 отсто и нивен континуиран раст со секое зголемување на минималната плата е една од најактуелните […]

СОНК: Владата и ЗЕЛС да најдат решение за надминување на енергетската криза во училиштата


  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата.   -Наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, наведува СОНК. […]

МТСП и СОНК се договорија: Вработените во градинките за два дена ќе земат плата


Претставниците на министерството за труд и социјална политика и претставниците на СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк, а платата ќе биде исплатена за два дена. Пред неколку дена беше договорено со Министерството за образование платите на вработените во детските […]

(Во живо) Прес на Неделков со Тренчевска


 Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево се оддржа нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК. Проследете ја во живо прес-конференцијата:

Тренчевска и Неделков на нова средба за платите на вработените во градинките кои штрајкуваа


 Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево ќе се оддржи нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска […]

Наставниците и вработените во градинките ќе земаат 15 отсто повисока плата


  За 15 отсто да се зголеми платата во образованието со септемвриската плата, се договорија претставниците на СОНК и МОН, со помош на медијатор, по прекин на штрајкот во образованието кој траеше 12 дена.  – И двете страни се согласивме да ги прифатиме предлозите на медијаторот кој се вклучени во преговарачкиот процес, во однос на […]

(Видео) Изјави по средбата МОН и СОНК


Попладнево имаше средба меѓу претставниците на СОНК во МОН. Погледнете ги изјавите на претседателот на СОНК Јаким Неделков и министерот за образование Јетон Шаќири: