Штипскиот Совет утре на вонредна седница ќе го спасува од финансиски колапс ЈП „Исар“


Советот на Општина Штип за утре ја закажа вонредната седница, на која ќе има само две точки на дневниот ред, а тоа се ребаланс на буџетот и одобрување на 18 милиони денари за ЈП „Исар“, кое е во тешка финансиска состојба и е постојано со блокирана сметка. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов пред два […]

Уште една драма во Советот на Битола


  БИТОЛА – Наместо коректна политичка битка, несогласувањата и нападите меѓу претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска и битолскиот градоначалник Тони Коњановски продолжуваат со „тешка артилерија“ од клевети, навреди, вистини и полувистини. Така на денешната седница на Советот на дневен ред за препукувањеа стаса и платата на градоначалникот Коњановски, па претседателката Илиевска рече […]

Седница на Советот на Град Скопје: Каде се градските пари?


Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот, соопштија утрово од СДСМ. Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот. -Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје […]

Советниците повторно не ги изгласаа 10 милиони евра што Арсовска ги бара за еко-автобуси


Со 14 гласа „за“, 4 „воздржани“ и ни еден против, советниците од Советот на град Скопје, денеска повторно не ѝ дадоа поддршка на градоначалничката Данела Арсовска за земање кредит од 10 милиони евра, за набавка на нови еко-автобуси.  Речиси истите аргументи, кои Арсовска ги изнесуваше и во минатите обиди да ги убеди советниците да дозволат […]

Арсовска предлага субвенции за купување еко-возила за сите – поддршка од 200.000 денари


Набавка на нови еко-автобуси, субвенционирање за купување нови еко-такси возила и возила за граѓани, соработка со општини, за реконструкција на неколку улици, се дел од барањата односно одлуките, кои денеска на предлог на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе се најдат пре советниците во Советот на град Скопје. – Градот Скопје мора да биде модерен […]

Нефи Усеини поднесе оставка од советничкото место во Охрид


Советот на Општина Охрид на денешната дваесет и втора седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини. Претседателот на Советот Сашо Донев посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини. – Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев, јавувва Охрид њус. Советот чека официјален допис од Општинската […]

Советот на Општина Аеродром донесе одлука за издавање зелена обврзница


Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за издавање на „Зелена обврзница“ во чии рамки ќе бидат финансирани капитални инвестиции, зелени и енергетски ефикасни објекти кои ќе треба да го подобрат и унапредат живеењето во Аеродром. Зелената обврзница преставува инвестиција во нови проекти во делот на урбанизмот, образованието и социјалната заштита. Инвестициите во […]

Буџетот на Скопје за 2023 година е 114 милиони евра, најмногу ќе се троши за комунални дејности


На седница на Советот на Град Скопје денеска, на само четири дена пред истекот на годината, ќе се најде предлог-буџетот за 2023 година. Според направените процени и анализи, во буџетот за идната година се предлагаат вкупни приходи и други приливи во износ од 7 милијарди денари, вклучувајќи го и делот од вишокот на приходи остварен […]

Советот на ЈО нема кворум за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, по Фетаи и Рустеми ја повлече кандидатурата


Советот на Јавни обвинители нема кворум за закажување на седница за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во изјава за МИА, вели дека најрано што очекува да се обезбедат услови е кон средината на декември, но не гарантира дали тоа ќе се случи. […]

Арсовска бара оставка од Славески


Градоначалничката на Град Скопје Далена Арсовска, денеска побара неотповиклива оставка на претседателот на Советот Трајко Славески, а воедно поднесе и итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа. „Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и […]

Пак циркус во Град Скопје, Трајко Славески бара помош да го врати копчето


  Пред да почне денешната седница за советнички прашања во Градот Скопје, претседателот на Советот, Трајко Славески (ВМРО-ДПМНЕ) побара помош од инспекторатот за локална самоуправа да му го врати копчето со кое раководи со дискусиите. Тој изјави дека само претседателот на Советот или советниците имале право да менуваат нешто во опремата во салата, а не […]

Мора да го зајакнеме мониторингот и евалуацијата на трошењето на буџетските пари


Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денес говореше на конференцијата за Националните капацитети за евалуација, која се одржува во Торино, Италија, во организација на Независната канцеларија за евалуација, Програмата за развој на Обединетите нации и Глобалната иницијатива за евалуација. На конференцијата учествуваат околу триста претставници од повеќе од 100 земји од сите пет континенти, […]

СДСМ бара посебна седница на Совет за хаосот во ЈП во Скопје


СДСМ бара посебна седница на Советот на град Скопје за хаосот, за состојбата во јавните претпријатија. – За само една година, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје предизвика целосен колапс на градот и јавните претпријатија под негова надлежност. Поради рацете во медот, поради бизнис интереси граѓаните на Скопје остануваат без основните функции. Два дена Скопје беше без јавен […]

Славески: Деветмесечниот извештај за работата на ЈСП доцни, не ја знаеме финансиската состојба


„Советите на Општините, Градот Скопје преку избрани претставници што ги назначуваат во Управните и Надзорните одбори ја вршат функцијата управување. Управниот одбор ја поставува рамката за работење на претпријатието, врши одредена контрола, стратегиски правци, планови и итн. Но, не секојдневното работење. Не може да очекувате и членовите на Управните одбори кои што не ја вршат […]

Советот на Градот изгласа распределба на пари за ЈСП најдоцна до петок


Вечерва заврши вонредната седница на Советот на град Скопје, околу проблемот со платите во ЈСП Скопје, на кој советниците изгласаа Градот да префрли пари на претпријатието, за д аможе да се исплатат платите на вработените. Беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да […]

Арсовска го нарече преседателот на Советот на градот Талат Славевски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на седница на Советот на Град Скопје, повторно го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а претседателот на Советот Трајко Славевски ѝ го исклучи микрофонот. „Бега шпицниот градоначалник од дебата, се крие Христијан Мицкоски, извинете морам да ви кажам, бега, пет дебати имаше можност но бега човекот, се […]

Швајцарија и УНДП со 6,7 милиони долари ќе ги зајакнуваат општинските совети


 Започна втората фаза на проектот „Зајакнување на општинските совети“ преку кој во наредните пет години ќе се реализираат низа активности за поттикнување на развојот на општините и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во локалните заедници. За остварување на овие цели ќе се работи на унапредување на капацитетите на општинските советници, директно вклучување на […]

Од денеска почнува рокот за пријавување кандидати за советници во Општина Тетово


 Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово. Како што информираше на денешната седница членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите […]

Хоџа: Почитувани се сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово


Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се почитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието на Република Северна Македонија, по што ќе бидат распишани вонредни избори за избор на нов Совет, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа, […]