Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава


Македонското Собрание ги откажува сите активноти планирани за неделава поради трагедијата што се случи во Кочани. – На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани […]

Националното собрание на РС усвои предлог усвојување нов устав 


Народното собрание на Република Српска усвои предлог за одлука да се пристапи кон усвојување на нов устав на ентитетите, по што ќе следи усвојување на нацртот на тој акт. За усвојување на предложената одлука за усвојување на новиот устав на РС беше потребно општо мнозинство, кое го имаат партиите собрани околу Милорад Додик. Од присутните […]

Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет


Собранието на денешната седница со 73 гласа изгласа недоверба на членот на Судскиот Совет Тања Чачарова Илиевска. Со 75 гласа пак, Собранието изгласа недоверба и на членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа. Со ова заврши денешната собраниска седница на која претходно им беше изгласана недоверба и на Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева. Изгласувањето […]

Во Собранието дебата за подобрување на статусот на жените


Собранието денеска ќе ги одржи 38. седница на која треба да расправа за повеќе предлог одлуки и закони, како и 39. која е со единствена точка на дневен ред „30 години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“.  Во рамки на 38. седница пратениците треба да дебатираат за […]

Обвинителството во Белград бара од полицијата да ги утврди сите факти за инцидентот во српското Собрание


 Основното јавно обвинителство во Белград соопшти дека во врска со денешните инциденти во српскиот Парламент, испратило барање до полицијата да ги собере потребните информации за да се идентификуваат сторителите. Дежурниот јавен обвинител во тоа обвинителство барањето го упати и поради „постоење суштински елементи на тешки кривични дела против јавната безбедност“, соопштија од обвинителството. На полицијата […]

По инцидентите, граѓаните и студентите се собираат пред српскиот Парламент


По инцидентот во српскиот Парламент, полиција е распоредена во холот, а пред Собранието се собираат студенти и граѓани. Претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ изјави дека три пратенички се повредени. Таа истакна дека седницата ќе трае до 18 часот, во согласност со деловникот. Додека се обраќаат пратениците од владејачката СНС и СПС се слушаат вувузели и […]

Во Собранието ќе заседаваат две комисии


Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, во второ читање. Како што се посочува […]

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за вршење сметководствени работи


На денешното продолжение на 35. седница на Собранието по скратена постапка беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за вршење сметководствени работи, што ги предложија пратеници од владејачкото мнозинство, а со кои им се овозможува на сметководителите до крајот на идната година да ги исполнат законските обврски за континуирано професионално усовршување. На околу 3.300 сметководители, […]

Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во земјава ќе го посетат Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. На настанот ќе се обратат Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и доајен на Асоцијацијата на одбранбени […]

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за работни односи


Собранието денеска усвои повеќе предлози на закони за изменување и дополнување како што се измени и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка, измени и дополнувања на Законот за еднакви можности на жените и мажите и измени и дополнувања на Законот за девизното работење. Со измените на Законот за работни односи, лицата избрани […]

Собранието ги разреши директорите на Агенцијата за администрација и на Агенцијата за квалитет во високото образование


Собранието попладнево во рамки на 34. седница ја донесе Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров и на неговиот заменик Агрон Сефери. Донесена беше и Одлуката за разрешување на директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование Расим Зуфери.  Пред изгласувањето на одлуките претходеа куси расправи.   Талат Џафери и Блерим Беџети […]

Во Собранието јавна расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот


Во Собранието денеска во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржи јавна расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Иницијативата за јавната расправа следува по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишна девојка од Неготино која на 29 јануари беше прегазена на пешачки […]

Собранието по скратена постапка ги донесе измените на Законот за инспекциски надзор


Со 66 гласови „за“ и осум „против“, Собранието денеска го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор по скратена постапка. Согласно измените, инспекторатите ќе продолжат да работат како органи во состав на министерствата и нема да имаат сопствена буџетска сметка. Не ќе можат самостојно да спроведуваат постапки за јавни набавки и […]

Продолжува 31. седница на Собранието


Собранието денеска во 13 часот треба да ја продолжи 31. седница. Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за комуналните дејности, за измените и дополнувањата на Законот за финансиската полиција, за измените на Законот за градење и за измените на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка. Собранието вчера во рамки […]

Пет интерпелации во еден ден, помина само една, но и таа не била обврзувачка


Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика. На првата пленарна седница по новогодишниот одмор, беше изгласана само интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика Илире Даути, додека интерпелациите на четворицата членови на Владата поднесени од коалицијата „Европски фронт“ […]

Пратениците во петок се враќаат на работа, на дневен ред интерпелациите на Меџити, Тошковски…


 Во петок пратениците се враќаат на работа, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире […]

Изборот на Националната комисија за учебници што треба да го врши Владата отвора простор за политизација и манипулација


  Собранието попладнево во рамки на 28-та седница го донесе Законот за престанување на важењето на Законот за основање национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија. За некои точки од дневниот ред немаше претрес и произнесување зашто се уште течат комисиските расправи, а за некои, како што истакна потпретседателот на Парламентот Антонио Милошоски, дополнително […]

Собранието го донесе Законот за стручно образование и обука


Во Собранието попладнево во рамки на 28-та седница беше донесен Законот за стручно образование и обука.  Во расправата изглагање имаше само пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, кое е дел од коалицијата Европски фронт. Тој побара да биде одложено носењето на овој закон додека не помине основниот Предлог-закон […]

Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии


 Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та седница на која на дневен ред се Дополнетиот предлог на закон за стручно образование и обука, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни […]

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат. Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата… Обраќањето на шефицата на државата е во рамки на 25. собраниска седница.