Без проблем ќе се пуши на тераси и во летни бавчи


Пушачите слободно ќе можат да пушат на тераси, летни бавчи и слично што се надвор од деловниот објект, предвидува предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, кој е на дневен ред на тековната собраниска седница.Со ова не се менува ништо суштинско во важечките одредби околу пушењето во јавни објекти, но се отстранува можноста […]

Опозицијата се раситнува, мнозинството се окрупнува, а кворум нема


Пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“ се раситнува во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ, додека владејачкото мнозинство се окрупнува и се консолидира по заминувањето на двајца пратеници од „Алијансата за Албанците“. Но, и покрај ваквите престројувања во законодавниот дом, крајниот резултат е немање кворум за донесување битни одлуки пред почетокот на имплементацијата на реформските закони што […]

ВМРО-ДПМНЕ надвор од Собранието, се ситни пратеничката група


Се намалува бројот на пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди Бајрам од Сојузот на Ромите, вчера и пратеникот Јусуф Хасани од Демократската партија на Турција најави дека не е дел од коалицијата и оти ќе делува како независен пратеник. Хасани со допис го известил претседателот […]

Во Собранието треба да се гласа за уставни судии и за законот за јазиците


Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 27. седница треба да се изјаснат за предлозите на претседателот Ѓорге Иванов, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски да бидат нови уставни судии. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за употреба на јазиците. Покрај 27. седница, за денеска се закажани уште пет […]

СДСМ ја чека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието по празниците


СДСМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието по новогодишните празници и заедно со парламентарното мнозинство да работи во интерес на граѓаните. – Убедени сме и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушти старите практики за деструкција и кочење на процесите и оти веднаш по Новата година ќе се врати во Собранието и заедно со […]

Собранието ги донесе измените на Законот за Судски совет


Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 22-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа ги донесе измените на Законот за Судскиот совет, по скратена постапка. Целта на измените е да се префрли надлежноста што досега ја имаше Советот за утврдување на факти при утврдувањето на одговорноста на судиите на Судскиот совет […]

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во парламентот


Христијан Мицковски, како лидер на опозицијата која е разединета по неодамнешниот конгрес со Валандово, се соочува со првата поголема дилема по преземањето на функцијата: дали да ги врати своите сопартијци во парламентот или да продолжи да дејствува вонинституционално – во ситуација кога сѐ уште не е надмината ситуацијата поради која ВМРО-ДПМНЕ прогласи „тивок бојкот“ на […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за пратенички прашања


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешната седница посветена на пратенички прашања, изјави за МИА привремениот координатор на парламентарната група Влатко Ѓорчев. Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. – […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќат во Собранието


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќат во Собранието, потврди за Телма привремениот координатор на пратеничката група Влатко Ѓорчев. Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ е донесена попладнево откако Кривичниот суд одлучи  денеска да го продолжи за уште 30 дена притворот и домашниот притвор на уапсените, меѓу кои се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, полициски функционери, полицајци и симпатизери на опозицијата, […]

Заев очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре да се вратат во Собранието


Премиерот Зоран Заев очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања. Доколку утре не дојдат, како што вели, седницата ќе биде многу кратка бидејќи немам намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство. На вчерашната средба со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан […]

ВМРО – ДПМНЕ денес ќе каже дали ќе се врати во Собранието


Час и половина траеше вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лидерот на опозицијата реќе дека било разговарано за повеќе теми, при што двајцата имале различни ставови, но оти ваквите средби се  конструктивни и очекува да ги има повеќе во наредниот период. Мицкоски рече дека партијата вечерва ќе […]

Претседателот Иванов ќе се обрати во Парламентот


Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска напладне ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во Собранието на Република Македонија. Редовното годишно обраќање на Претседателот на РМ пред законодавниот дом е предвидено со Уставот на државата. Ова ќе биде девето редовно обраќање на Иванов пред парламентот откако е избран на функцијата, а четврто во неговиот втор мандат. […]

Законот за амнестија ја помина првата фаза


Законот за амнестија ја помина денеска во парламентот првата фаза од процедурата за негово донесување. Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски образложи дека со овој закон треба да бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а на 3. 097 лица казната да биде намалена за 30 проценти. […]

Собранието ја „распушти“ ДИК


Собранието ги констатира денеска оставките што ги поднесоа осум од вкупно девет члена на Државната изборна комисија, по избувнувањето на скандалот со високите надоместоци за спроведувањето на изборите. На почетокот на собраниската седница, беа констатирани оставките на досегашниот претседател на ДИК Александар Чичаковски, на потпретседателот Реџеп Прекопуца, како и на независниот член Атанас Урумов, на […]

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред распад


По неколкумесечен опозициски стаж, пратеничкото јадро на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е пред распад. По игра на случајот, ова раслојување се интензивира токму на петгодишнината од „црниот понеделник“ во парламентот – настан што тогаш, од позиција на власт и на моќ, го предизвика ВМРО-ДПМНЕ која, пак, сега е соочена со внатрепартиски расцеп, што може да се […]

Собранието треба да гласа за нов јавен обвинител


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 22. седница на која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител, откако на 15-ти овој месец ја завршија расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција. За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот […]

Собранието го донесе Буџетот за наредната година


Собранието на Република Македонија во рамки на 26. седница попладнево со 62 гласа „за“ ниту еден против и воздржан го донесе Буџетот за 2018 година во кој вкупните приходи се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 18,2 милијарди денари или 2,7 проценти од БДП, односно […]

Почна расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2018 година


Пратениците денеска во рамки на 26. седница ја почнаа расправата по Дополнетиот предлог на Буџет за 2018 година. Дополнетиот предлог буџет за 2018 година беше на дневен ред закажан минатата недела, но поради објективни причини седницата беше презакажана за денеска. На седницата, како што најави, не учествува опозицијата. Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението […]

Констатирани оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски


Пред почетокот на денешната собраниска седница, на која треба да се разгледува Дополнетниот предлог на буџет за 2018 година, беа констатирани оставките на праетниците Стево Пендаровски и Васко Ковачески и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски. По констатирањето на оставките, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата до 13.30 часот до кога […]

Тевдовски ја повика опозицијата да учествува во дебатата за буџетот


Дополнетиот предлог буџет за 2018 година утре е на пленарна седница. Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека треба да има конструктивна дебата и оти би требало во неа да учествува и опозицијата. – Би сакал да има конструктивна дебата бидејќи буџетот е  најсериозниот акт што се донесува во една година. Мислам дека за да […]