Судењето за нападот врз Села ќе продолжи на 16 април


Судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија ќе продолжи на 16 април. На денешното рочиште, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот […]

Џафери препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во судницата препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот на 27 април минатата година. Тој ги препозна Стојан Павлевски, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошаковски. Џафери посочи дека тие меѓу првите влегле во прес-центарот на Собранието на Република Македонија и ги нападнале пратениците. Претходно, Џафери […]

И ВМРО-ДПМНЕ знае дека не паѓа Владата


В среда пред полноќ, кога во Собранието би требало да се гласа за доверба на Владата, речиси никој не верува дека опозицијата ќе успее да собере 61 рака што ќе гласа против работата на премиерот Зоран Заев и на неговиот тим. Поднесената интерпелација од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше со цел да се најде причина за […]

Следува недела на гласање за реформските закони


По велигденското празнување, во деновите што претстојат пратениците со финални чекори пред објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата на ЕК на 17 април. Веќе од утре се интензивира агендата како на внатрешен, така и на надворешен план за добивање на што е можно попозитивен извештај којшто би содржел препорака за почеток на преговори за […]

ВМРО-ДПМНЕ достави интерпелација до Собрание за Владата на Заев


ВМРО-ДПМНЕ достави до Собрание интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев. Ова за ТВ21 го потврди координаторот на партијата, Драган Данев. Интерпелацијата ја достави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ без да даде изјава за медиуми поради празникот Велигден. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски очекува во среда да се свика седница за да се дискутира околу гласањето на […]

Седум решенија за притвор за настаните од 27 април потврдени од Апелација


Седум решенија за притвор на лица поврзани со настаните во Собранието од 27 април минатата година беа потврдени денеска од Апелацискиот суд Скопје. Меѓу одбиените жалби е таа на режисерот Борис Дамовски. Жалбата на Дамовски се однесуваше на мерката куќен притвор. Другите шест одбиени жалби се однесуваа на решенија за притвор, а меѓу нив се Душко Лазаров […]

ВМРО-ДПМНЕ очекува и други партии да гласаат против Владата


ВМРО-ДПМНЕ очекува и други партии кои се надвор од опозициската коалиција да гласаат против Владата на СДСМ и на ДУИ, на седницата за интерпелацијата што се очекува да се одржи веднаш по Велигденските празници. Доколку ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во сабота барањето за гласање недоверба на владата, парламентот би требало да се изјасни по ова прашање […]

Собранието продолжи со работа без опозиција


Собранието на Република Македонија ја почна денешната работа со 38. седница и Предлог-законот за изменување и дополнување на семенскиот и саден материјал, во прво читање. На седницата не се присутни пратениците од опозицијата. Во Собранието за денеска се закажани уште три седници, на чиј дневен ред се точки од различни сфери. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека […]

Изборниот законик ќе се менува поради ДИК


Откако во Собранието ќе се гласа за доверба на Владата, власта и опозицијата ќе го спроведат договореното меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нов состав на Државната изборна комисија. Тоа ќе биде прв тест за реформскиот пакет, кој ги враќа пратениците на опозицијата во парламентот, иако промената на изборот на […]

На 10 или 11 април собраниска седница за недоверба на Владата


Седницата на Собранието на која ќе се најдат реформските закони треба да се одржи на 10 или 11 април. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствуваше претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Враќањето на опозицијата во работата на Парламентот беше најавено […]

(ФОТО): Автомобил влета во заштитната оградата на Собрание


Верижен судир на четири автомобили се случи вечерва на булеварот пред Собранието на Република Македонија. Како резултат на судирот едно од возилата влета и удри во оградата од Собранието. Во инцидентот што се случи пред 20 часот, нема повредени и причинета е само материјална штета. Увидот на полицијата е во тек. (ФОТО: Република)

Обезглавени институции: Од понеделник – и без Антикорупциска и без ДИК


Собранието во понеделник се очекува да ги констатира оставките на пет члена на Антикорупциската комисија, затоа што за тогаш е закажана нова пленарна седница. Со тоа во Антикорупциската комисија ќе останат само уште двајцата членови Сузана Таскова Аџикотарова и Најдо Спасевски, кои не можат сами да одлучуваат. Во понеделник за Државната комисија за спречување корупција( […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го погази Собранието, одговорност мора да има


СДСМ ги погази демократијата, Уставот и законите, само за да изгласа закон со кој се надеваат дека ќе обезбедат поддршка за одржување на неспособната влада. Не ги загрижува тоа што цената од неуставниот, неприменлив и штетен закон ја плаќаат граѓаните и државата. Одговорност мора да има и ќе има. Ова што го направија СДСМ и […]

Груевски: Не сакав да предизвикам инцидент со Џафери


Експремиерот и пратеник Никола Груевски изјави дека не сакал да предизвика инцидент во Собранието кога се носеше законот за употреба на јазиците. -Воопшто не ми беше целта да предизвикам инцидент, туку јасно и гласно да покажам дека не се согласувам со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците – рече Груевски. Тој […]

Тимоние: Вчерашните инциденти во Собранието не се глетка од парламент на европска држава


Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека вчерашните инциденти во македонското Собрание не се глетка од парламент на европска држава. – Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија […]

Министерот Османи оценува дека Собранието не ја прекршило процедурата


При носењето на Законот за употреба на јазиците во ниту еден дел не е прекршена процедурата. Согласно Уставот, амандмани не може да се поднесуваат на еднаш изгласан закон, тој може да се измени само со предлог-закон за измени. Согласно Уставот, претседателот на РМ Ѓорге Иванов е должен да го потпише, смета вицепремиерот задолжен за европски […]

Приведен учесник во протестот пред Собрание, носел пендрек и камења


Дваесет и седумгодишниот Д.Г. од Скопје е приведен синоќа околу 20:45 пред Собранието на Република Македонија. МВР информира дека од страна на полициски службеници при преглед на Д.Г.(27) од Скопје се пронајдени пендрак и камења. По ова тој е приведен во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

(Видео) Усвоен Законот за јазици – со 64 гласа и без амандмани


Во напната атмосфера, додека пред собраниската говорница се случуваше вистински метеж, парламентот го донесе предмалку Закон за јазици. За регулативата која е дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ гласаа дури 64 пратеници. Никој не гласаше „против“ или „воздржано“. Законот, во трето читање, е усвон со истатата содржина како и на 11 јануари годинава, […]

(ВИДЕО) Груевски физички го нападна Џафери


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  го нападна пред малку претседателот на парламентот Талат Џафери, додека тој се обидуваше да излезе од собраниската сала, откако околу неговата маса се собраа опозициските пратеници пред почетокот на расправата за Законот за јазици. Груевски ги предводеше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се собраа околу  говорницата. Тој истури чаша со […]

(Видео) На пауза од судница, Груевски на седница


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се појви денеска, по подолго време, во парламентот, за да присуствува на расправата за Законот за употреба на јазиците. Груевски, кој сега е само пратеник, во последно време најчесто е присутен во јавноста кога треба да се јави на судско рочиште за некој од предметите што  ги […]