Најдоцна следната недела Собранието повторно ќе гласа за договорот за името


Во Собранието на Република Македонија денеска е доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување […]

Ќе се бираат нови членови на Регулаторната комисија за енергетика


Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 50. седница на чиј дневен ред како прва точка е ставен изборот на претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување. Пратениците треба да се изјаснат и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика, како и за повеќе […]

Полицијата приведе девет лица по синоќешниот протест пред Собрание


Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски –  фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон. – Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21.40 часот, повеќе лица со маски […]

Утре ќе биде блокиран сообраќајот пред Собранието поради најавениот протест


Сообраќајот утре од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните […]

Договорот e ратификуван, Грција e на потег


Договорот за решавање на спорот со Грција за името е ратификуван во македонското Собрание, а македонското Министерство за надворешни работи веќе го извести грчкото МНР за ратификацијата, по што Грција треба да го извести Европскиот совет дека се остранети препреките за намошната интеграција на земјава во Европската унија. Собранието вчера го усвои законот за ратификација […]

Димитров: Успеавме да го зачуваме идентитетот и сите атрибути на македонскиот народ


Договорот за името со Грција е компромис, со кој и ние и нашите грчки пријатели настојувавме низ сите овие месеци да го зачуваме тоа што ни е најбитно. Ние од наша страна се обидувавме и успеавме да го зачуваме идентитетот и сите атрибути на македонскиот народ, а Грција се обидуваше да добие дистинкција меѓу Македонија […]

Договорот за името на ратификација пред пратениците


Собранието денеска треба да ја започне седницата на која на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, по скратена постапка. Очекувањата се дека ратификацијата на договорот во Собранието ќе се случи до крајот на неделата. Пратениците на денешната седница ќе се изјаснат за потребата за донесување на законот […]

(Видео) Продолжија протестите пред Собранието


Граѓани и вечерва се собираа пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата. Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот. Учесниците на протестот го извикуваат името […]

Утре договорот за името во собраниска процедура


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и […]

Обвинителството ги расветлува насилствата пред Собранието


Министерството за внатрешни работи за време на вчерашните протсети пред Собранието лишило од слобода 26 лица, од кои пет малолетници. По утврдување на идентитетот и возраста на лицата, малолетниците согласно Законот за правда на децата се пуштени на слобода. Ова им било соопштение на претставници од Основното јавно обвинителство Скопје утринава на работниот состанок со […]

Пред Собранието утринава е мирно, сообраќајот е нормализиран


Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести во кои беа повредени седум полицајци и беа приведени 25 демонстранти. Барикадите се остранети, а сообраќајот по улиците околу собраниската зграда се одвива нормално. Забележливо е помало полициско присуство. МВР по синоќешните настани соопшти дека дел од демонстрантите на вчерашниот јавен протест во Скопје, употребија распрскувачки […]

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието


Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија. Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани. Медицинскиот тим интервенирал по […]

Вечерва протести во Скопје, утре во Битола


Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на […]

Во Собранието ќе се основа група за поддршка за правата на Ромите


Во Собранието на Република Македонија утре ќе биде основана и промовирана Интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од од различни политички партии. Иницијатори на оваа идеја се пратениците Самка Ибраимоски, Диме Велковски, Ирена Стефоска, Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Енес Ибрахим, Агим Муртезанов, Мирсада Емини-Асани, Ивана Туфегџиќ, […]

Заев во Собранието побара од опозицијата да не шпекулира за разговорите за името


Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи. Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Никола Димитров секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Секој документ што е создаден на формален состанок стои во архивите, на МНР, во Влада, кај претседателот на државата, истакна премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница предупредувајќи ги пратениците од опозицијата […]

Етичкиот кодекс усогласен на Жан Моне на 11 јуни на собраниска седница


Предлог-Етичкиот кодекс на Собранието, кој беше усогласен од страна на пратеничките групи на првата средба во рамки на Жан Моне процесот во Охрид, ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 11 јуни, јави МИА. Во тек е потпишување од страна на претседателот, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи на Предлог- Етичкиот кодекс […]

Собранието разгледа повеќе годишни извештаи, гласањето дополнително


Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 46-тата седница ги разгледа Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година и Извештајот за активностите на СЈО за периодот од 15.09.2017 до 15.03.2018 година. Како што информира специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, во петтиот […]

Доаѓа нов функционерски бран


Одлуки за распишување огласи за пополнување најмалку петнаесетина функционерски места се најдоа вчера на дневен ред на парламентот. Станува збор за институции чии раководства ги избира парламентот и кои овој пат треба да бидат пополнети од кадри кои би добиле поддршка од новото парламентарно мнозинство, односно главно од СДСМ и од ДУИ. Според најавите, дел […]

ВМРО-ДПМНЕ го спасуваше изборот на гувернер


Со респектабилни 81 глас „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, парламентот ја избра вчера Анита Ангеловска-Бежовска за гувернерка на НБРМ, истиот ден кога истече мандатот на досегашниот носител на оваа функција Димитар Богов. Новата – петта гувернерка од независноста на Македонија не само што е прва жена на челната функција на монетарната власт, туку […]

Џафери отпатува за Белград


Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери од денеска ќе престојува во дводневна посета на Србија. Во придружба на џафери во Белград се членовите на пратеничката група за соработка со Собранието на Србија: Иван Стоиљковиќ, Илија Николовски и Мирсада Емини Асани. Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието ќе се сретне со претседателката на Народното […]